Па ти не пиша со доза несигурност, туку баш сигурна "никој не чита" упатство! До 21 ден може да даде реакција, па соодветно 21 ден дома дете треба да е, не 14 дена. Друго, по прием на другите вакцини зошто дете се носи во градинка? Зошто не седи дома? Знам ти носеше од боцкање во градинка. Им правите шубе на родителиве. Ако кажал доктор нека носат. Што одма се почнува со осуда. Може нема кој да им го чува.
Sinlab denes stigna da negativni Fala mu na Boga. Diamed utre. E toa ne mi e jasno, eve ti rabotis vo lab kazi mi, kako segde se ceka dva dea za rzultati od brisevi, tuka vo Sinlab mi rece taa vcera ako se negativni utre ako ima bak zadutre.
Кој осуди жити мене! Да чував и чувам дома по вакцина. Знаеш дека од страв почнав на 3г да вакцинирам и многу убаво знам на кој ден се јавува реакција и толку чекам и не пуштам пред тоа дете во градинка, а немам кој да ми чува и комбинирам, а мајката праша дали да почне со адаптација за 1 недела од вакцина или не. Не е за шубе, за детето е. Ако реакција се јавува на 7, 14 и 21 ден, сходно на тоа треба да се чека реакција. Јас го однесов на 29ти ден од вакцина, па за 2 недели поради намален имунитет ми спушти на плуќа, ај замисли што ќе се десеше да го однесев исти ден. Секој совет на нож го дочекувате и чекате да се скарате со некого, не ми се коментира веќе.
Во Авицена таа ми рече дека им била нова практика да не даваат негативни резултати порано, а знам сум добивала од нив негативни резултати секогаш ден порано, а секаде во останатите резултати даваат првиот ден ако е негативен брисот резултат. Под други лаборатории мислам на Фармахем, Синлаб, Биотек, кај мајка на работа... Не се сеќавам искрено на Диамед, еднаш правев ама не ми спомнаа дека носат во Авицена. Искрено и јас веќе не одам во Авицена после твоево искуство и треба да се реагира.
Ne e samo moe. Jas od tuka od forumov doznav za ova, inace stvarno ke si mislev deka ima i ke pievme antibiotik bezveze. Vazno mi e samo da e ok, kaj niv ne se vrakam veke.
Бев пак кај матичната тоа не било нејзина работа кај шо се вакцинирала од таму да барам Незнам веќе што да кажам Не се знае кој јаде кој пие
Па нели пишува доле матичен лекар заверува, бар на нашата е така, општа здравствена состојба, доле заверува матичен. Иди им на тие кажи им дека ќе си ги прими детето сите вакцини што фалат, сега ти треба за овие потврда. Не знам бре што е ова мешање баби и жаби. Ммр имате примено? За неа да не прават проблем?
Плочите обично се инкубираат 24 часа и после тоа се отчитува резултатот, ако е негативен може да ти кажат веднаш, а ако е позитивен мора да се изработи антибиограм и затоа се чека уште 1 ден. Значи секоја лабораторија може да те извести за негативен резултат наредниот ден, но обично им е пракса сите резултати заедно да ги издадат после 2 дена. Инаку да нема забуни, јас работам микробиологија на храна, не медицинска микробиологија, во интерна, несертифицирана лабораторија.
Ама ти имаш пишувано дека твоето спушта и во други прилики. Значи до имунитетот на детето е. Некои се склони побрзо да спуштаат, други не. Не е дека е од вакцината.
После течна столица треба 48 часа да е дома детето? Какало течно средата околу 10 часот и одма ми се јавија да го земам, го зедов ама весело, среќно, јаде многу, дома какаше два пати нормално. Дали може да оди утре? Дали може да зарази некое дете ама па и како кога нема никаков показател на ништо? Не ми е јасно дали со една течна столица одма заразно е, во градинка ми рекоа заразно е, а педијатарот ми рече дека со една т столица не мож термин да закажам треба да почекам.
Ако имала само една течна столица и на тоа застанало не е ништо страшно. Се случува да се јави какореакција на храна, ако и било ладно и од мал милион други причини. Ако после тоа не се повторила течна столица не е ништо. Нема потреба нит од лекар, нит од ништо. За да се констатира дијареа треба барем неколку течни столици (минимум 3-4 во текот на 24 часа). Ако е вирус или бактерија тогаш ќе има и повраќање и температура и тогаш е заразно. Вака еднаш не е ништо. Инаку стомачните вируси се особено заразни и затоа одма те повикале. Јас еднаш земав така дете од градинка порано зашто повратил, па испадна дека само бил прејаден. Го чува еден ден дома за секој случај (јас не сакав да пуштам болно дете во градинка) ама не се повтори уште еднаш и го пратив во градинка.
Да го пратиш и ќе ИНСИСТИРАШ да седи во градинка. Течна столица е само течна столица, пролив и зараза се друго. Ама раетот нивни е најбитен нели
Се јавив сега и ми рекоа дека не може да оди утре, дека тоа е правило да поминат 48 часа од течна столица. Не е фер ама ај. Е не ми текна да прашам дали може утре во 10:00 да го однесам дека до тогаш се 48 часа.
Само 1 столица и заклучиле дека е заразна? Кога јас кажувам на лекар дека дете има пролив ме прашува колку столици се, ако се работи за 1 ми вика ај не се замарај, ако се 2 и повеќе тогаш може да реагирам, тогаш најчесто се повторува, зошто може за 1ч да се искака 2 пати и толку, и тогаш не е пролив во прашање. Не може од 1 столица они да проценат дека е заразна. Или нека ти дадат документ од докторот во градинката дека е заразна.
Мене и друго ме интересира, тој долг карантин што се препорачува по социјалните мрежи, а не и од докторите, дали ќе се применува и на ревакцината, кога детето оди на училиште. 3 недели отсуство е сериозен период за сите второодделенци да го пропуштат.
и јас правев во авицена брис испадна стрептокока пиогенис а никаков симптом нема.планирам да повторам брис, исто и кај матичната да видам што ќе каже.
Може ли некој да ми прати мени од градинка за јасли околу 2 години? Сегде ли општински е истата храна? Јас пола од тоа не и давам на малата, нема уште ни 2 години, а менито им се состои од бисквити и млеко ( а она е на ад), цевитана за ужина, туна со кромид, крофна?!? И секако вода од чешма, џабе филтрирам јас по дома