Тој мисли дека и бебе оди во градинка кога го земам ја земам и малата по мене демек сега и неа сум ја зела од кај бебињата и прашува дали и таа плачела кога сум ја оставила, дали ја карале тетките, него најтешко му паѓа моментот што се дели од мене ама мора да се помири
Да ама кога оди малата не оди со него. Тоа тешко му паѓа. Плаче сабајле. Сабајле излегува сам од дома. Нема друг лек освен да издржите да се навикне. Ако ептен не бива и после месец дена не е навикнат менувајте градинка. Некогаш и тоа успева.
Kolku sto znam vo januari baraa kopija od kartonot za vakcinacija zasto so kniskata i potvrdite navodno lesno se pravele falsifikati. Pobarajte da vi go dadat kartonot i iskopirajte go. Bidejki celata hajka e za MMR se nadevam ke nemate problem vo gradinka so kopija od kartonot.Pozdrav!
Денес отидовме без плачки и ми рече да остане до 10, еден сат плус ама кога завриле со појадокот им рекол сега да си одам нели навикнат и како што минувало времето си плачел за дома па ми се јави воспитувачката во 9и40 да го земам. Ќе видиме од вторник после три дена пауза како ќе биде не сум оптимист
Мајки едново дете ми дигна температура па не беше во градинка четвртокот и петокот . На лекар не го носев пошто 37,5 беше температурата ама ноќеска дигна 38,5 без никакви други симптоми освен забче што излага. Сеа за од вторник да оди во градинка да не треба потврди од лекар дека е здраво?
Кај нас ако е отсутна над 5 дена бараат, ама ова во пракса не се применува. Јас носам, никој не ми побарал до сега. Исто и за бактерија ако има, треба чист брис, ама и ова не проверуваат
Се обидов да го избришам од едната тема, потоа во таа над 40 ми сугерираа тука да пишам. Се надевам не пречев многу тука со прашањето. Инаку, како апел до сите родители. Ве молиме, кога ќе ви кажеме да дојдете да го земете детето - дојдете. Колку што и вас ве боли, и нас исто. Особено, ко ќе вика и плаче по мама или тато. Верувате дека и ние плачеме со нив? Последен пат, таткото ја оставаше ќерката, за во престој е муабетот,таа толку болно 3 дена со ред го почувствуваше тоа. Знаете како вриштеше? Морав апче за смирување да се напијам , 1 саат цел ја смирував. Кога и се јавив на мајката, ми рече остави ја да плаче. Немам каде да ја оставам. Знаете како боли тоа? Не сака да се гушка, не сака да влезе во училница, не сака играчи, плаче не сакам да идам овде. Не може да почнеме активности . Верувам вас, како родители, многу повеќе од нас.
А ако стварно нема решение мајката?! Ако мора на работа? Како во приватна градинка ги чуваат од старт бар до 12ч и ги смируваат побрзо?
Здраво, најпрво. Зборувам за приватен престој, не држава градинка Детето беше оставено од 8 часот до 16 и тоа прв ден. Излеговме во пресрет. Но, сето тоа треба да се цени. Не мора да значи дека е приватен престој и одма знаат како да го смират детето. Секое дете е различно. И знате мајката ни рече оставете ја да плаче сама во ходник. И? После ако има последица тоа дете? Ќе се тужат воспитувачите бидејќи не знаат детето да го смират.
Тогаш мила не си за таа работа. Ако те боли и ако толку стресно го доживуваш за да пиеш апчиња за смирување си ја згрешила професијата. Не можеш да смириш дете ако пред се самата не си смирена.
Ти благодарам, мила. Привремено ми е работата. А, како ти би ја доживеала оваа професија? Значи, да се биде воспитувач треба да не се биде стресен, да се биде без емоции и детето да се гледа ко предмет
Претпоставував дека ти е првпат и дека си почетник па затоа така реагираш. Не реков дека треба да си без емоции, ама треба да знаеш и да очекуваш дека во период на адаптација нормално е децата така да се однесуваат. А со вознемирено дете неопходно е да се остане смирен бидејќи во спротивно ситуацијата само се влошува. Ама со тек на време ќе отрпнеш и јас на првиот тантрум на синко многу се вознемирив, сега веќе сум искулирана, гушкам и чекам да помине, нешто слично е и ова.
Најмногу што мразам е да зимам мислења од други теми и да ги плеткам во сосема трети, ама ти девојче не си за во градинка, ти си имаш мака и децата ти ја зголемуваат само истата. Анксиозност и одговорност не одат заедно, можеби на твојот одговорен треба да му кажеш, можеби ќе те стави во администрација. Еднаш ти сметаше што моравте надвор да одите, еднаш ти сметаше бројот на деца (6 деца ти беа многу) и сега плачењето на децата ти смета. Не сметам дека не треба да работиш, таман работа, ама подобро и за тебе и твојата состојба и за децата е да ја смениш работата, зошто вака ти си наштетуваш себеси а во иднина со лековите кои ги пиеш можеш да им наштетиш и на децата. Можеби грешам ама тоа е мое мислење, извини. Најдобронамерно беше без никакви зли намери, зошто те читав дека од најобична прошетка надвор дека ти се слошило, што значи може напад да имаш во секое време, секоја ситуација со дечињата може да е тригер, па да имате после проблем и ти и децата. Се надевам дека ќе најдеш работа која нема да ти влијае толку многу.
Се надевам и јас. За лековите не ти е соодветен коментарот, што би можело да ми се случи од лековите па да им наштетам нив? Ако некогаш не сте биле во ваква состојба, не коментирајте ве молам. Но, секако јас се трудам да барам нова работа и ќе најдам за брзо се надевам Секое добро и тебе