1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Да го споделам и нашето искуство со почеток на градинката.Имаме 1 и 9 месеци и ова ни е втора недела на градинка. Првите три дена беа со плачење при примопредавање и седеше само еден саат. Веке 4 ден воспитачката ни кажа да ја оставиме два саати и кога и ја дадо не заплача. Плаче кога ке дојдат да ја земе, кога ке го види баткото што ја зима тогаш плаче. Овие днеови кога ја осавам воопшто не плаче дури кога ке ги виде воспитачките си знае им се насмевнува и сама оди во нив. Дури ме изненади дека и чао ми кажува. Засега по 3 саати ја оставам, а од наредната недела ке пробаме и со спиење. Денес кога ја зел братучедот, почнала да плаче силно, а воспитачката се насмеала и кажала да не и верува дека плаче затоа што денес била најумна слушала, си играла и воопшто не плачела..Со јадење и онака не сме јадачи па на доручекот апнала 2-3 залака... Дома веке не носиме пелена, само на спиење но засега додека им стекне поголема доверба и ставам пеленка. Им реков на васпитачките дека носиме гакички веке, ама и тие ми рекоа дека нека помине време малко да се адаптираат едни на други.
    Е сега малко ме загрижува што надвор од градинката го смени однесувањето. почна да удара по деца кога си игра ако не е по нејзино, не дава да ја пресоблекувам плаче истерино, и веке 5 дена навечер во ист термин од 01ч30 - до 02ч30 кога спие наеднаш испискува палче се дере и неможам никако да ја смирам, неможам да ја фатм да ја гушнам како да се брани. Незнам дали сонува, дали на тој начин преку дента што е мирна ми искажува некој револт. Ја оставам да се исплаче и сама се смирува па после нема проблем до утрото.
    Имате ли вие некое такво искуство..
     
    На Coco31, kukla21, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Па реков еден дукс одозгора е сосем доволно по мене. Чорапи и патики, ноџето да не е голо.
    Јас не го наоблекувам и не сметам дека е сеушто толку студено, во зима во што ќе ги облекувате?

    Во градинка плус наоблечени, а таму топло, они играат, трчат., се потат и уште полошо.
    Сепак вие си знаете.
     
    На wannaBeMomma, kukla21, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Не се поти, досега се нема испотено, ми го враќаат секогаш без маичка, значи го соблакаат.
    Тенки нормално, има од Вајкики едни тенки тренерчиња и тенка маичка. Дуксер исто тато соблака и го зима со себе назад.
    Во зима ваљда јакничка (Една тетка Дафи му прати многу убава :l:) и дебели тренерки, што знам, мене ми е ладно насабајле.

    Искрено во 7 сабајле е ладно, мене сабајле ми беше ладно и облеков памучно како наметка едно по долги еве го соблеков сега. Ние одиме пешки некои 15мин до градинка пошто се тегнеме и мора сите бројки на куќите да ги каже па затоа го облекувам по долги, горната ја соблакам во градинка. Сите деца кои одат пешки ги гледам се по долги, оние со кола се по кратки.
     
    На Sexybaby86, Tajnaotrovna и duffi им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Накај градинка носи дуксер. Сабајле беше 17° кај нас. Кога ќе стигнат маш му го соблака и носи боди со маичка плус. Мене ме нервира тоа топлинки што им облакаат па едни многу потенки му зедов мислам имам слика ќе ставам.
    Зашто да му се поти ноџето, да се разболува ли..
     
    На Vennera.aa, Sexybaby86, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Уште сега ви бараат топлинки?
    Па пекол е бре уште.
    Јас крокски оставив место топлинки, здравје од следен месец топлинки.
    Или на чорапчиња реков да го оставаат.
    Стварно им е ептен топло внатре.


    Туку кажете ми вашите од 18м во каква групат одат?
    Кај мојот почнуваат од бебиња од 9м?Мала ли му е групата?Да барам ли да го пратат со поголеми?
    Уште не доаѓаат сите, па немам претстава која возраст ќе бидат.
    Од една страна малку деца се , затоа и таму го пративме. Од друга не знам дали да го пратам со поголеми?
    Директорот ми вели, да не па го закачуват поголеми деца, да не направиме бељја?
     
    На LiliBoz, Tajnaotrovna и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Јас имав шанса нели 2 дена да седам и можам да кажам дека додека трае адаптацијата на дечињата тешко може да се придржуваат до некој распоред. Внатре е пискање, плачење, сите сакаат кај учителката во раце, таа нормално гледа да новите да им посвети внимание, додека постарите настрана си играат. Септември велат таков месец е.

    Инаку јас вчера го оставив 1 час. Влезе без проблем но потоа плачел хистерично и сакал да излезе, буквално се борел со нив да го пуштат. Очекував вака дека ќе биде. Вечерта крена температура до 39. Други симптоми нема, од што ќе е кој знае? Денес не го однесов, беше подобар од сабајле и сега пак е топол, 38 има. :@

    Инаку @LiliBoz мојот не трпи обувки, им кажав сега додека е потопло да биде бос т.е. по чорапи. Зимата ептен ако е ладно ќе му купам топлинки.
     
    На Ava.84, Coco31, LiliBoz и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Ако е роден до декември може да го пуштат во 1ва мала. Инаку е за во јасли. Син ми лани го примија во 1ва мала со 21 месец, комшичево е родено во март, со 18м мораше во јасли. Баш сега има дете кај син ми со неполни 2 години, најмал е во група и по мое мислење не е за таму. Мало е уште, овие поголеми сите, има нели и со 3 полни и со 3 ипол нема да може со нив да си игра.
     
    На Coco31, Sexybaby86, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Значи сепак е за таму каде е.
    Не е до декември, покасно е.

    Истото ми го кажа и директорот. Дека ќе се изгуби со поголеми деца.
     
    На Coco31, kukla21 и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Да, ќе се изгуби ептен. Овие се џандари веќе, сами седнуваат на маса, сами јадат, сами одат во вц, си играат групно... тој нема да може со нив.
    Во јасли има бебиња но има и негова возраст, подобро ќе му е таму.
     
    На Coco31, Sexybaby86, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Тоа со топлинки ми е жива глупост. Прво ќе се повреди со ѓонот или некое ако го акне, ако го згазне, не е исто како босо, има сега бар толку убави чорапчиња со кочници (гумички) да не мора ич да носи топлинки, дома јас со такви го чувам. Сега го праќам со сандали ама ми кажаа дека за зима да сум зела топлинки, тоа врие од што е жешко во зима, што ќе им топлинки. Ама имале инспекција морало. И свекрва ми работи во градинка и она вика мора обувки да носи, зиме лето.

    Инаку детето ти е за јасли, не го форсирај пошто ќе треба после 2 пати да оди голема група а тоа е поголем стрес од ова со јасли групата, ќе биде плачки зошто другарчињата одат во школо а он не.

    @TheSecret од ацидосалус нормално е да му потече носот, се чисти. Ама го бришам и обавезно носам хартија со себе за да го забришам ако искива пак пред да влезе и таман ни е.
     
    На Coco31, Sexybaby86, TheSecret и 2 други им се допаѓа ова.
  11. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Подобро е со помалата група според мене зш знаат да ги закачуваат поголемите и да ги буткаат да ги удараат. Сепак ти си знаеш
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    7.955
    Пол:
    Женски
    Ne kiva, cel den mu tece, eve mu dadov antihistamin mu prekina. Sabajle koga go prskav mi vikase samo usta mama psni nos ne. Moze si oseka nesto deteto :^)
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Фала на советите. Ме утешивте .
    Немам никакво искуство и не ми беше јасно.
    Учителката ми рече дека ако сметаат дека е голем за таму сами ќе бараат преместување.
    Сепак генерациски е за таму.
     
    На Coco31, Sexybaby86 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Може му смета некоја состојка, ипак е на природна база.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    На одење е облечена со боди на прерамки и блуза со куси ракави, хеланки (долги нормално) чорапи и патики. На зима ќе е вака облечена исто, само што наместо горе со кратки ракави ќе е со долги и на одење ќе има јакна.
    Денес плачки имаше на влегување. Мислев дека ќе доживеам срцев или мозочен удар. Никогаш во животот не ми било толку жал и не знам што би правела ако и понатаму плаче на оставање.
    Учителката рече дека брзо се смирила и си играла ко и претходно, а и кога ја земав ми раскажуваше дека си играла со жабата и дека утре сака пак да дојде. Нешто што дополнително ме загрижува е тоа што не јадела вчера и денес:|
    Од утре ќе седи до спиење па ќе видиме како ќе биде.
     
    На mal.ecka, Sexybaby86, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    @duffi зависи од детето. Мојава одбиваше да оди кога беше во јасли. Мали и беа и немаше активност. Гледам ги ставаат во група по година на раѓање. Мојава е со сите од 2017. Е сега, муабетот од кај првачињата, мојава е малтене декември, има дечиња родени во јануари. Тоа се полни 11 месеци разлика! На 21+ месец тоа е голема разлика. Пола живот малтене.
    По мене твоето не е за јасли, судејќи по мојава. Ти си знаеш.

    Јас им оставав чорапчиња со гумици, ама не и ги облакаа. Ми бараат топлинки. Арно најдов вакви инаку на топлово ќе сњ вари ли?! Не ја сфаќам логикава.

    [​IMG]
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Трета недела во градинка плачките поминаа, прави тажна фаца кога го оставам ама се држи не плаче. Веќе и таму не плачел, знаел да ме побара ама заборавал. Почнал да се опушта и со децата но за јадење никако, дури ни вода не пиел што за него е чудно зошто дома е со чашата по него. Сеуште одбивал да моча и кака таму, значи трпи и само што ќе дојде дома моча обилнооо, несакал да му го гледаат турето.
    Е сега забелешки имам за тоа што децата седат таму по патики, кога доаѓа дома ноџето му е жива вода, за топлинки ми рекоа за месец дена ама нека ги оставаат по чорапи. Еднаш реков дека се жали дека го стегаат да го соблекуваат и намерно лепенките ги забележав до кај ги лепам и така секој ден како ќе ги залепам така ги наоѓам.
     
    На Coco31, Sexybaby86, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    До колку часа стигнавте? Штом не плаче најтешкото сте го поминале (fingers) , сега е ред на нас. :lol:
    Инаку кај нас јас си го соблакав на врата и го пуштав по чорапи, ништо не ми рекоа, ако ми речат нареден пат ќе им кажам дека ортопед препорачал да оди бос бидејќи има спуштени сводови на стапалата.
     
    На Coco31, Sexybaby86, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Останува до ручек до 12 оваа недела од следната ми рекоа и за ручек да го оставам ако јаде да остане и за спиење ако не јаде ќе ми јават да го земам. Јас купив топлинки слаби со мек ѓон многу лесни и од понеделник ќе им ги однесам па ќе видиме дали ќе му ги облекуваат, настрана потењето ами хигиената во занималната сите со патики
     
    На Coco31, Lolipop23 и duffi им се допаѓа ова.
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Стварно не сум паметна што да правам.
    Има и бебиња од 9м има и како него. Уште се малку, не одат сите. Едвај по 6-7 деца се. Не можам ни да проценам каква е групата.
    Он гледам си нашол друштво. Ама поголем дел од тие кои не одат се во креветчињата. Мојот сака дружба, интеракција, да игра со децата. А со малите не може секако. Иако и тие до крај на годината ќе пораснат.

    Ќе видам овие две недели како ќе биде. Ако не ќе барам да го преместат.
     
    На mal.ecka, Sexybaby86 и kukla21 им се допаѓа ова.