Се спротивно кај нас. Манџи не јаде. Само супи. Леб мачкан бог да чува. Мама ако меси само. У кујна да оди у градинка трауми..
Ќе ги гледа другите и ќе јаде. Јас така се тешам. И мојава не сака мачканици. Мајка ми ја зема и вика се јала. Ја прашав воспитачката, вика ништо не јаде за појадок.
не се Теши. Ако е карактер ко син ми.. Сама ќе си се смееш на утехава. Нема шанси, да направи нешто што него не му се допаѓа без разлика дали е јадење спиење играње. Цел е на мене
И јас секогаш го добивам истиот одговор, јадеше , супер се најаде. А го носам дома, нудам и јаде. Ај да е јадач ќе разберам, ама не е .
Кај нас снимка дадоа на мајка дека јаде дете и празни чинии мајката не веруваше дека јаде а мојата ми кажува, вика јас не јадам супа дома, ова не е градинка! Едно време жи рњче компир манџа било поубаво у градинка, дома не јадела.
Дома надоместува. Мајка ми ја зема и дава овошје со житарки. Спие, па руча нормално. Поале меле се живо и диво, па згора на се и вечера по 3 кришки.
Јас да си ја кажам сличната мака како @TheSecret. Ние веќе 4 недели одиме, од кои првите две не можевме да мрднеме од еден саат. Третата недела нагло скокнавме на 3-4 саати. Четвртава недела наместо да ни зголемат сакаа да ни намалат пола саат - саат. А децата најнормално се однесуваат. Понекогаш се тегнат при влегување, ама одма после тоа се опуштаат и нема проблем до крај. Е сега, слично како кај Сикрет, многу зависи од воспитувачките. Кај нас една е предобра, како си ја работи работата - алал да и е. Кога е она на работа децава со трчање влегуваат и не можеме да ги земеме после (со неа ги направија драстичните промени во зголемување на времето и тоа за само еден ден). И таа сама вика да ги оставиме колку тие сакаат, што подолго. Додека со другите децава прават малку проблем при влегување. Кога доаѓаме да ги земеме одма ни ги даваат, без разлика дали децата се заиграни или не. Демек време им дошло за одење дома. Не само што секој ден викаат во исто време да ги носиме и земаме, дури рекоа и да намалиме да не им дошло нагло Кога е „добрата“ на смена, атмосферата се осеќа уште на самиот влез. Толку е тивко и сите деца се занимаваат со некоја активност. Секогаш кога е она децата кажуваат што правеле, а понекогаш носат и некои цртежи дома. Со другите воспитувачки викаат само си играле со играчки и надвор во двор и секогаш кога ги носиме или враќаме децата се многу гласни и често има по некое што плаче. Денеска требаше да наголемат пола саат и да седат 4 и пол саати. Ама кога беше време за земање ми се јави маж ми да ме извести дека децата не сакале да си одат и ми рече да погодам кој е на смена. Седеле уште скоро два саати без никаков проблем. Јаделе исто така без проблем. И ние се мислиме како да постапиме, најсериозно. Јас почнав на работа, тој за две недели треба да оди надвор од земјава на подолго и децата ќе треба да бидат во градинка по 9 саати, додека јас не ги земам. Многу ми е страв како ќе се одвива адаптацијата за овие две недели и како ќе се прилагодат до крај со сите воспитувачки. Дали да реагираме некако? Инаку се работи за приватна градинка, каде ги носам и плаќам за две деца.
Синко е 2г и месец и денес го носев на вакцина. Ни остана трета доза дтп и оваа. Без проблем му ја ставија и тоа на препорака на докторката што го прегледуваше пред боцкање. Прво таа па ни закажаа дтп во ноември. Инаку да го споделам нашето искуство. Синко првиот ден само беше 45 минути. Од вториот после доручек, до спиење. Втората недела одеше со доручек до спиење. Веќе некаде третата недела беше со спиење. Имаше плачки наутро, ама на зимање беше весел. За жал сега сме дома по препорака на орл после интервенциајта на ушиња. Препорака беше бар до Септември да седи дома, ама сега фатив ред со вакцини и ќе поседи бар уште месец дена дома да се ојача. Инаку за адаптацијата многу не ги слушав негувателките. Додуша и не се мешаа многу. Го оставав колку сметав дека треба и ок беше. За јадење и мојот јадеше кога го зимевме. Исто ни викаа дека јаде таму, ама како недонајаден личеше или стварно не им стига незнам. Не дека мојов е јадач некој. Инаку гледам и за групите сте правеле муабет. Кога почнав да го носам синко во Мај беше во јасли 9-24м. Само едно бебе од 9 месеци имаше. Сите останати беа 18 и нагоре. Значи се зависи и од структурата на групата.
Исто и моево е 2 год и 4 месеци,мслку доцневме со дтп и побарав и превенар дс му ка стават. Брис имав од пред недела дена крвна слика од претходниот ден и докторката го прегледа и дозволи двете да му ги стават. Генерално добро поминавме, кажуваше бои оде -дека го боли на двете рачиња, имаше тт следните 48 часа од 37.8 до 38.8 ..сакав пред градинка да ја прими и еве од октомври здравје боже ќе почниме..негователката ја слушнав по тел..рече да го оставам да седи дури може мах..с не само по час или два..овде читам адаптација и со месеци...првото кога тргна во градинка имаше 3 ипол години и спиеше уште вториот ден..и тогаш никој не рече земи го после саат..не знам што е правилно..дали пократко прво или ,од старт подолго
Јас би реагирала, моите прв ден седеа три часа и секој ден после повеќе, втора недека со спиење и трета недела до 3.
Неможам да ја сфатам адаптацијава на децава од некои градинки шо ги пишувате. Пример 30 мин, па после 35,а дете мирно премирно,си игра. Е зошто да го земи мајката? Во градинката кај шо оди син ми, се распоредени и мене ми рекоа од 10ти септември да почни, на други од 16ти,на трети порано. Кога бев кај таа шо ги врши уписоте ми вика оваа недела има две нови, најдобро е од следната да почните. За да има време да им се посветат на новите, да ги навикнат. А ако тргнат сите на 1ви септември, кое и тоа искуство го имав, во друга градинка во друг град, синко 1г10мес беше во група од 2-3год,најмал, а имаше и деца од 2г10м во групата. И тогаш сите на 1ви.Тоа беше хаос. Тоа беше жално да се гледа и слуша. А сега кога го однесов на 10 ти, 15тина дечиња мирни со играат, син ми и уште едно на кое му беше прв ден плачеа. И супер поминаа, во 10и30 прво ми рече да го земам, кога појдов ми рече во 12 дека си игра и е супер. Втор ден плачел само внатре 2-3минути.Ми викаа немај гајле, ќе ти звониме ако треба да дојдиш. Ако не во 12 ќе си го земиш. И толку. Трет ден не плачеше сам си влезе. Денес кога го однесов имаше друго дете шо плачеше, тој веќе навикнат си влезе мирно. А тоа е затоа шо 2-3 дена му обрнаа само него и на другите две нови повеќе внимание. Неможам да се начудам на таа членка шо пиша, и зголемиле 5 мин само. Ај да плачи да вришти, да неможи да се смиро да, ама дете шо си игра шо не први проблем и адаптацијата му оди 5 мин плус само.Незнам дали е жално или смешно ццц
Леле иста сум, не дека не верувам ама ...дете дома уста не отвара освен за бисквити. На земање ми даваат ливче во него пишува се јадел. прашувам , викаат јаде. како јаде како им успева господ здравје да им даде.
Гледаат како јадат другите. Јас гледам по крвна слика. Една година у градинка има 13ка хемоглобин. За тежина качување не се грижам оти мојава не знае да седи, црв е и колку и да јаде троши.
На снаа ми исто и пратија снимка од градинка од внука ми како сама со голема лажица јаде манџа што дома не саја да ја проба. И син ми кога оди во градинка подобро јаде и дома. Кога не оди не можам да го наранам, се почнал да пребира.
Moevo deneska bese prva den so rucek vospitackata kaza deka jadel i se si izel. Zavrsi so rucekot gi presoblekoa i si go zemav na izleguvanje od gradinka am am mi pobara pak mu dadov kiflicka dodeka stignavme doma ja izede ( 5 min imame do doma). Vo 1 ipol se uspa stana vo 4 pak si pobara za jadenje jadese i posle nepoln cas pak grickase se i sesto.