Физичко ќе го запишам се одлучив, списанија баба рече она ќе ни ги давала да не лупаме пари, не е дека се којзнае колку ама од кај да знам дали ќе ги сака, вака годинава нека пројде со овие од баба па догодина ќе зимаме. За осигурување не рекле ама ќе прашам. Јас би музичко, ама за тоа ќе го праќаме приватно.
Јас имам на ЕСИ против вошки. Поскапо е од ова на фрези за некои 100 денари. Не ја мрси косата воопшто
Во Аеродром. Лани и јас кога го запишав во прва јасли беа пријавени 40 деца. Наводно се реорганизирале и поделиле. И воспитувачката и една од негувателките се нови, донесени од други градинки.
Ајде едно глупо прашање. Дали доколку алиштата од претходниот ден не им се извалкани ги облекувате пак за наредниот ден? Му одделив неколку пара тренерки само за во градинка и бидејќи не јаде таму си доаѓа скроз чист, за по дома облекуваме други и наредниот ден му ги облекувам истите. Си велам да не ме направат немајка
Ако се чисти, му ги облекувам и следниот ден. Ама ретко тоа, оти и да не се извалка во градинка, дома се валка, а дедо и баба не го пресоблекуваат кога ќе го земат.
Da i zosto ne bi i jas sum go prakala po 2 dena vo isto. Toa koga nema da mi go vratat presoblecen ako se izvalkal dodeka jadat inaku go praktikuvam i jas ke si bideme nemajki sto nie gajle.
Физичко и музичко еднаш неделно, без пари. За англиски не советуваа дека се мали и реално така е. Танци кој сака се плаќа. Месечко мислев да не земам ама воспитувачката ќе работела со децата вежби од тука, па ајде ќе земаме. Група 3-4 години. За материјали 600 денари.
3 дена го пратив со исти. Гланц чист си идеше, а по дома други му облекував. А и шо ти е гајле шо ќе помислат, тоа е исто како еден случај каде некој носи цел живот исти гаќи, а уствари ги менува секој ден, затоа шо само такви си купува Затоа не би требало никој да суди на изглед.Не се замарај, јас гледам да е чисто облечен, да не е искинат, да му е комотно. Нека измислат униформи за децава, некои тренерки, па раат да бидеме сите со тоа облекување и мислење
По колку пелени им ставате на дечињата за градинка? Јас колку и да ставам сите ќе ги потрошат. Седи до 12. Прво ставав по 5, мајка ми вика една пелена не си ми оставила. Ај намалив на 4, пак исто. Сега по 2 и ставам. Никој не ми вика малку се, ама ако ставам повеќе за не дај боже, сите ќе ги потрошат. За облеката. Јас облекувам денес и одма иде на перење. И за мене така. Сепак се валкаат по земја, лежат, одат секаде, некако не ми е пријатно да ја облекувам во истото пак.
Го праќам со исти, ако останат чисти, ама тешко пошто после градинка се кај баба во двор и се прават лом, ама тоа е. Ќе видам да извадам некоја тренерка за по дома да однесам кај баба и да имаат за преслакање, бар 2 дена да издржат бре. Инаку кога бевме на родителска увидов дека стварно им е многу жешко и сега го праќам по кратки, баш се прокоментира за тоа каква е температурата и ни рекоа дека ќе ни кажат кога да се облакаме во долго. Многу се прља, не е ич внимателен, цапа, се потура, раце не брише од него туку само од хартија, сам бара, ама претежно е таков, покапан, испрљан. 5 пелени за до 12? Па зар дома толку и мењаш? 2 се сосема доволни. Ти секако ја носиш во сува пелена, ете еднаш да се искака и да и сменат па пред да ја дадат на баба да и сменат пак. Јас се лутев многу за пелените и носев 3 потпишани, ама еднаш во 3 го земав со пелената сабајле што сум му ја облекла, непотпишана по тоа ја познав, изгледа го ставале на нокширче, кај се 3те пелени, ги нема, епа се изнервирав и почнав по 2 да ставам па набрзо нели и се одвикнавме. Они ќе земат колку ќе им дадеш, не враќаат.
Јас по две му ставав, мојот до 12 оди. Ретко ги користеа двете, почесто само една. Често и ги наоѓав во ранецот како што сум ги оставила. Ако ставаш по пет и кога ќе го вратат ранчето нема ниедна, ги земаат за другите деца. За едно дете пет се многу за 4-5 часа.