Ова е претеризам. Јас би им пишала да не претеруваат, дека не секој има пари за дополнителни трошоци.
За нашава градинка во врска со давачки.. Еднаш се проба со она: ај да собереме пари за играчки, за елка (а има една огромна заедничка) и слични работи. Се пресече од старт. Играчки исклучиво пластични (што може да се мијат) секој од дома, детето не ги игра, ама кога ке ги доесат во градинка одма стануваат интересни и за него и за останатите деца. Па така ја наполнивме занималната. Секој донесе по една кеса коцки, редалки, сложувалки, куклички. Елка за Нова година??? Па нели поентата е сите деца да се дружат и да научат што значи ЗАЕДНИЧКО, дали има потреба од елка во секоја занимална (иначе ова беше идеа на една мајка). Многу сум против со тоа постојано измислување на нови трошоци, претежно беспотребни.
Нас ни кажаа доволно играчки имаме, општината ни дава, вие немате обврски внатре во занимална, не смееме да ви бараме. Им беше расипано радиото аман заман прифатија помош да го заменат за ново, нејќеа. Многу се фер и коректни. Јас од нашата градинка сум презадоволна, особено откако тргна во 1ва мала, бев и од јаслите ама ова е дефинитивно многу попријатна атмосфера. На родителска очекував повеќе ангажираност од родителите ама тоа е тоа, сакам уште да замолам да ни направат вибер група, толку, пошто сите имаат само ние немаме. Ама не е нож до коска тоа сега.
Лотарија бе за да си влечат бебињава што ке им се падне. Као за Нова Година демек. И децава со свои 3-4 години, ќе влечат и ќе им се падне нешто. Боже ме сачувај муабет.
Од ова поголема глупост... Како бе, па зар тие воспитачки негователки немаат работа па со лотарии да се расправаат, мајкиве значи...
Кај нас се е вклучено во тие 500 денари за материјали. Систем, играчки, материјали, елка, па ако остане и за лотарија. Посебни желби никој нема. Ја гледам ќерка колку е среќна таму и тоа ми е доволно. Не се бунам. Но, за додатни трошоци за глупости не се слагам. Би било ок да носиме од дома играчки, зошто и така дома само си стојат. Место да се купуваат нови, бар овие да се искористат, ама тоа е.
Женче господ знае за што повод ќе да е лотаријава. Гледајќи како си се залауфаа, веројатно ќе да е сега една подготвителна лотарија, и потоа за Нова Година ќе има нова де.
Воспитувачките. Ги имаат броевите од родителите на формуларите за пријавување. Мене вибер групата ми е многу корисна, си праќаме покани за роденден, ни праќаат слики и видеа од децата во градинка и добиваме информации за нешто што не можат поинаку да не информираат.
Ама тешко ли е да ви кажат, или истата порака нека ја пратат на различни пораки. Вака ова групиве... секој си зема за право да пише што сака, по групи се прават паметни, на родителски ќутат. Кај нас нема вибер група, има фб група скриена, нема чатови, нема кој што сака да пише, само слики од секој ден од децата, и евентуално, има настан, дојдете или донесете купаќи, или утре иде стоматолог, носете четка и паста, и нема што да се коментира на тоа. Има само еднаш ставање слики у денот и готово. Не можам да замислам 300 нотификации за 8ми март за учителката. Како им иде идеја за лотарија, не знам. Или па телевизор купување. Нели не смеат деца да гледат тв? Не може ли учителката да каже, оваа група е за да ве известувам, не за меѓусебни разговори? Седнете на кафе, прајте дома лотарија...
Знам дека имаше некаде пишувано ама неможам да најдам.Што им купувате поклон на дечињата кај што се поканети на роденден?Девојче е. И до која сума отприлика?Гардероба нрможам зошто девојчето не го познавам
Не за од градинка туку општо гледам да е подарокот интересен Играчки и гардероба избегавам. Купувам сликовкица, едукативна друштвена игра, бар сега ги има еден куп. Сложувалки, боенки...