Оваа недела е недела на детето. Во нашата градинка има програма за цела недела и навистина ми се допадна. Секој ден различна активност. Учителките спремале претстава за децата, темата на претстават била хигиена, како треба да се одржува и што не е дозволиво. Еден ден има гостува Шеф (незнам кој) па готват заедно (големата група) и им збори што е здрава храна. Еден ден имаат посета на зоолошка и природонаучен музеј (во зависност од возраста) Во Вашите градинки се организира ваква недела ? Каква е содржината ?
Баш убаво.Мојот е мал 3 години,ги изнесуваат само во дворот.Веројатно кога ќе се поголеми ќе им организираат посети,барем се надевам.
И кај нас во градинка имаат програма за неделата на детето. Програмата за цела недела е залепена на влезните врати. Вчера имале претстава за хигиена исто. Најголемата група глумеле за другите (приказна од росицата од лани). Денес имаат некоја друга активност, па имаат прошетка ама овие маливе по двор ќе шетаат, па во Четврток ќе цртале со креди нешто во двор и така по ред. Мене ми с едопадна што на вратите има залепено и инструкции од детето до родителот (правила од типот поддржувај ме, не ме разгалувај, биди трпелив со мене и слично). Баш слатко ми се виде.
Ете ме мене и барам искуства од оние мајки чии деца биле 24/7 со нив и никогаш не биле оставени на чување на друг, па дури ни со татовци што не сакаат нит да заспиваат, јадат и пресоблекуваат и сте ги запишале во градинка. Вчера прв ден беше 30тина минути адаптација. Дете е 2ипол год. Како го зема воспитачката дете плачеше хаотично. Малку се смирил па ги гледал дечињата од страна и не мрднал ни чекор. Почнал пак да плаче хаотично и ми го донесе ( го чекав во ходник ) . Кога ме виде почна да липта и почна дома дома идам. Денес пред да го однесам дома дур се облакавме на секое : сакаш сеа во градинка да идеме со децата да си играш, таму те чекаат, ќе си играте со топки, коцки, ќе боите итн. На секое викаше ајде, сакам, одиме. Весел и радосен тргнавме. Само што стигнавме и земав да му соблакам патики настана хаос. Од вриштење, кубење, заоѓање. Воспитачката ми дозволи да влезам до преден дел и се смири дете почна да трча да ми покажува играчки. Го фати за раче и почна да плаче. Му се смешкав и му викам ќе иде мама да ти купи за ручкање и чоколадо и одма ќе дојде не плачи. Точно 17мин ( толку и остана само ) на саат гледав дете плачеше, ечеше градинка и за прв пат го чув така да плаче. Заоѓал од плачење. Го донесе цел залиптан и црвен од плачење. Како ме гушна нејќеше да ме пушти. Воспитачката ми вика дека не знае како ќе биде зашто до сега немала ваков случај со дете толку приврзано и со такви напади на плач. Стоел на врата липтал, пробувал да отвори и тропал, мама мама сакам мама, како пробувала да го фати да го смири он уште толку плачел и паѓал на земја се удирал и плачел. И сеа викам што ќе праиме? Незнам вика навистина не сум имала ваков случај. Е како викам кога знам секое плаче. Да, ама вака вика не. да нагласам дека буквално сум со него 24/7. Дали 5 пати сум го оставила на мајка ми на највеќе 1ч дур сум имала некоја обврска каде неможам да го земам со мене. Се тоа воспитачката го знаеше уште сефте кога отидовме на разговор. И се нафати и кажа дека не и е такво прво дете и ќе биде се во ред. Се понуди да пробаме на друг начин. Утре ќе дошол педагогот и да разговара со него дали ќе можело да влезам и јас внатре на кратко дир дете се заигра и опушти знаејќи дека сум тука. Па да излезам и ако дојде пак до она хаотично плачење со напади да влезам пак да го смирам и пак да излезам. Па да пробаме така ако дозволел педагогот и ако треба и цел месец па да сме виделе дали ќе е подобро. Прашањето ми е како е најпаметно да постапам за да му олеснам и на дете и на воспитачкиве? Како било со вашите дечиња и што да очекувам? Дали ќе се нормализира ситуацијава? Инаку е дружиљубив и мил. Сака деца и си игра со деца. Уште пред да биде решено за градинка му зборам за градинка колку е убаво. На ум бев преска да речам батали врати ми документи и го отпишувам. Ама па лоша услуга на дете ќе му направам сепак кога и да е мора да почне во градинка. Се извинувам на рефератов.
Да ти кажам многу тешко, барем од моето искуство. Не сакам да те разочарам ама лани моето беше исто и иста возраст и никако не се прилагоди. До душа и воспитувачките лани не му посветија доволно внимание беа 34 деца една воситувачка. И на крај се откажавме. Еве баш сега по една година точно повторно пробуваме. Веќе втора недела вчера седеше бил тажен ама не плачел. А денес влезе со плачки па се смирил. Ама по пола саат едно дете се расплаче хистерично ја бараше мајка му и почна и моето го слушав викаше сакам кај мојата мајка. Ја слушав воспитувачката му велеше и јас ја сакам мајка ми па неплачам. Баш сега ми кажа дека бил смирен ама несакал да игра со децата. Инаку моето не е ич проблематично дете. Мирен е и послушен ама еве ова тешко го прифаќа. За мене па уште поголем стрес посебно денес кај што плачеше и викаше по мене, а јас пред врата. Со лесно да ви биди, се надевам полесно ќе се адаптирате од нас.
Мојата и сега никој не ми ја чува, заспива само со мене. Ноќе кога ќе се разбуди нема шанси никој друг да ја смири дур не ме фати со рачето за образ. Во вц од неа не можам да одам. Ама за градинка немавме никаков проблем. За 4 дена се навикна. Сега е најмирна таму, со радост оди, сама влага, цело време ми ја фалат. Камо сите деца да им биле такви. Јас би ти кажала да бидеш упорна. Верувам е тешко, ама да знаеш дека има деца кои ги чувале и други, па сега и во школо плачат. Такви си се децата. Не знам... Јас зборев многу пред да појде во градинка. Како ќе оди во градинка па викав јеееј. Ќе си играш со децата јееееј. Ќе ручкаш таму јееееј. После мама ќе те земе. Па што сакаш да правиме? Да шетаме? Да цртаме? Ме правеа улава што на толку мало дете така му зборам. Тоа што го добиваат и учат таму е незаменсливо. Не можам да опишам колку е сменето детево и колку позитивно и влијае градинката. 3 песнички за 2 недели ми кажува нови. Седнува на маса за јадење па се дере ручек ручек... сама се соблака облака патики... Општо е помирна по продавници и слично. А толку бев против градинка.... сега се чудам...
Мислам дека начинов е погрешен. Детето мора да научи дека во градинката е само, со други деца и дека таму родители не влегуваат. На овој начин тоа ќе научи дека штом заплаче ти ќе дојдеш. Потребно е време додека стане свесно дека таму го оставаш и дека ќе го земеш по одредено време. Јас мислам дека треба да поченете со оставање, значи тебе да те нема, прво со 15тина минути. Ова време потоа постепено се зголемува, но поради специфичноста на вашиот случај може да потрае и повеќе денови да останете само на овие 15 мин ама ако, успех ќе е кога нема да заплаче во тие 15 мин. Прашај ги воспитувачките дали има многу деца на адаптација, па да плаче пошто другите плачат и ако да помести го одењето за две недели. Со лесно нека е мајка
Фала ви мајки. @fana начинот го споманав јас како пример во градинката во Келн каде почна на адаптација малата на другарка ми и во Финска е сличен принцип на адаптација. Па воспитувачкава предложи да и го спомне на педагогот па да најдат некое решение за на дете да му е полесно, а нормално на останатите дечиња за да не ги вознемирува ( сепак и тие се греотка не само моево ) . Таму првите денови на адаптација и мајка влага во просторијата за дете да не се осеќа одма земено од непозната тетка и стаено со непознати дечиња многу. Така сметале психолозите и педагозите таму и таква практика имаат на адаптација. Мене лично ми се допаѓа. Значи мајката е само кратко присутна за дете да ја види дека е тука и излага. На првиот хаотичен плач ( доколку неможат да го смират ) мајка се појавува и пак излага со разговор психолошки ( така им е во самите правилници дадени на родителите ) дека е тука и дека не е само и ќе дојде. Секој ден се зголемува временскито седење на адаптација и се намалуваат влагањата на мајката. Им се покажало како успешна метода и за брзо децата останувале и по подолго и на спиење. Еве малата нејзина е бетер од моево приврзана и верувај еве втора недела како иде сама влага и седи без проблем и знае дека мама ја чека надвор. Незнам може е и до самото дете. Јас го предложив и воспитачкава го прифати, но нагласи дека све зависи од педагогот како ќе прифати и какво решение би нашле ако тоа не го прифаќа. Јасно ми е дека е сето тоа нормално со плачкиве. Не сум мајка паничарка нит па бев вчера или денес во паники или па да плачам зашто дете плаче внатре. Не да не се разбереме погрешно. Сепак е нормален процес на адаптација која и јас и сите сме ја поминале. На тепање не го носам и затоа сметам дека нема назад и дека мора да се навикне пред све за негово добро е. Деца, активности, дружба, социјализација и севкупнен развој за едно дете. Многу подобро отколку да е со мене 24/7 зашто веќе не е бебе и нема потреба да е само со мене. Верувам дека ќе му е многууууу поубаво отколку што му е со мене по цел ден. Таа е реалноста. Но, незнам како да му помогнам да се адаптира да не ја доживува градинката вака стресно. Цел ден му зборам, му пуштам песнички или Кокомелон цртаните каде има дечиња во градинка. Радосен и сака демек да иде. Еве сеа му викам ајде сакаш до градинка да идеме да си играш со децата те барале? Дааа идам ајде мами. И иде патики ќе облака и зима ранец. Не му викам сега нанаат децата утре ќе си играте.Така и сабајле правеше. Па таму хаос напраил. @Цвет88 се согласувам со све што напиша. Уште пред да се решам за градинка му зборам. И не само јејјјј туку ја како кловн потскокнувам па идевме ( еве и деновиве исто ) спремаме ранец па он бира алишта, па за топлинки бевме да купуваме радосен дека за во градинка. Зборам ама џабе е све кога влагаме внатре. Се надевам ќе смени за некој ден. @Верче4 ми помина мисла преска да раскинам договор дека детево нема да се помири со градинка. Но, сепак не ми дозволува мојот принцип. Несакам да мисли дека ете плачам, се трескам и зајдувам и оппп готово нема да одам. Не практикувам така зашто во иднина за све нешто ќе ме зеза знам од искуства на деца на блиски. Он ми е чекано 12г дете, но никогаш не ми е тоа причина дека треба све да му дозволам, да попуштам или да сум блага во воспитувањето. Сум строга и тоа навистина строга за некој работи. Ако влијае на здравјето негово адаптацијава, почне со качување тт од плачењево и сл тогаш може да размислам да пролонгирам. Но, мислам дека само контра ефект ќе направам така па познавајќи го каков е ќе ми го прави истово и наредна адаптација. Не дека не ми е жал, таман работа мајка сум. Но, сепак сметам дека подобро ќе му е во градинка со деца отколку со мене дома. Нема назад веќе кога почнал. Само сакам да најдам решение да не му е волку трауматично идењето. Од вчера е бетер пијавица по мене. Буквално за нога ме држи и иде по мене како фластер. Ќе подвикнам па се повлекува. Инаку се 22дечиња во групава и чекаат да приспособат јасли за децата под 2г па групава ќе им се намали. Стаиле есенски мотиви и внатре детска музика пуштено, деца трчкаат се смејат и играат, убавина за очи. Се стопив од милост кога ги гледав. 100 пати поубаво отколку да седи со мене дома или со баба му.
@sofi2107 само упорно. Децата убаво знаат да не манипулираат, знаат и каде сме најслаби, на нивните солзи. Најверојатно ќе свикне, само му треба време дека е бил стално со тебе. Кај нас дозволуваа родител да влезе внатре. Јас немам влегувано, не сакав, ама не беше ни ситуацијата ваква. Мило ми е што си свесна од придобивките од градинката и дека нормално подобро ќе му биде таму со куп дечиња, од секое учи по нешто ново. Јас имам блиски, на возраст како вашата, со ист проблем, стално со мама и никако не размислуваат за градинка. По мое не му прават со тоа никаква услуга. Ги гледам децата кои одат на градинка и тие дома, два различни света се. Градинката си има свои придобивки. Не дека е идеално, ама дружбата од таму, комуникација и социјализација дома ја нема, па колку и детето да е мешано во народ.
И мојата почна да бара нешто повеќе од мама. Ист случај,неразделена од мене.Тек сега почна до кај тетка и со баба. Размислувам за градинка,ама незнам кој период е најдобар. Во декември полни 2,во февруари иде беба. Дали пред или потоа да тргне.Незнам што е паметно,а претешко ќе биде со навикнувањето. Сите ги знаеме придобивките на градинка,не се споредува со седење дома со мама+зимава во 4 зида. Им завидувам на мајките чии деца веднаш се адаптираат.Ако почнам да ја носам ќе терам до крај,до тогаш ќе собирам ваши искуства и начини за полесно да се прилагоди.
Или веднаш или на есен наредна. Се што ќе се разболува ќе носи на бебето дома да знаеш. Малата моја беше така и дури и полишо од брат и. 9м беше кога он тргна
@duffi во приватна или државна градинка иде твоето? Прашувам зашто спомна дека дозволуваат и родител да влага. Воспитувачката тука спомна дека не е дозволено родител да влага внатре.
@sofi2017 јас лани кога го носев моето на адаптација видов дете кое така страшно плачеше по мама. Значи ги оставаме двајцата во исто време се погодивме првиот ден и нејзиното само што се затвори вратата почна толку гласно да плаче што по 30 секунди го извадија со нагони за повраќање. Страшно беше. Наредниот ден остана 1 минута. Мислам дека неколку месеци се прилагодуваше. Јас поужасно плачење немам видено. Кога го вадеа по 30 секунди изгледаше како да плачел со години. Годинава гледам сеуште е во истата градинка. Во друга група од мојот е. Имам и случка од пријатели кои сменија градинка па малиот новата полесно ја прифати. Има многу непознати во тоа прилагодување на градинка. Веројатно и упорност треба малку.