Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    А, зар секоја државна градинка има различни принципи и “ закони “ ( ете така да ги наречам ) ? Зашто нели секоја државна градинка би требало да е со исти “ закони “. Тоа ме буни сеа. Зашто во ете вашата да се може а тука не. јасно ми е дека е нон сенс да почне секој родител вака да влага. Но, ете кај вакви посебни случаеви барем да најдат некое решение да не е толку трауматично за самото дете.
    Реалноста е дека ние возрасни па да влезеш негде и да седиш со 25 непознати ќе ти е одвратно чувство, а не па мало дете кое сеуште не ја сфаќа суштината и реалноста на ситуацијата во која се наоѓа.
    Јас сефте кога и спомнав за ова со влагање на родителот ми нагласи “ демек “ кај нас во Македонија тоа го немало во ниедна државна градинка и не се дозволува. Ми беше чудно и несвоиствено. Баш и ја доловував ситуацијата како психички за дете е трауматично да го земе за рака непозната тета и однесе и смести со уште 25деца во непозната околина и амбиент. И за родителот е викам не баш сфатливо да не знае како изгледа просторијата и амбиентот каде дете го поминува денот.Сепак е хаос тоа во нивното главче кога се почнува со адаптација. Изречита беше дека тоа е во секоја државна градинка.
    И сеа мила Дуфи ме стаи во мисла :) Ќе видам утре што ќе решат и дали ќе го прифатат предлогот или какво решение ќе смислат. Не сакам од старт да започнам со лошо иако сум со краток фитиљ и многу лоша ( ветив дека за тука ќе сум малку полабава ) , а не сакам ни да на све викам океј како мислите вие па да ми се посерат после ( се извинувам на речник ). Се надевам ќе најдат решение зашто неам намера 3мес по 15мин да го носам од кој 15мин ќе припаѓа од зајдување познавајќи си го детево.
     
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Е таква слика прилика имам вчера да го видам ама денес беше врвот. Таков плач, такво плачење јас во 2ипол год му неам чуено а не дека не плачел. На врата 17мин колку што беше внатре стоел, тропал, плачел, пробувал да отвара, паѓал на земја, молел, зајдувал, не можеле ни да го смират ниту да го потфатат негивателките нит воспитачката. Сеа навистина дали се потрудиле незнам или само така ми кажа да не грешам не видив. И покрај џагорот детски, музика пуштено во градинката он се слушаше до надвор ечеше. Кога го изнесуваше беше омалаксан и липташе. Од памет се извадив искрено. Бев со надеж дека ќе е полесно зашто сака деца и луѓе.
    Се надевам нема да биде со месеци адаптацијава и нема да е како тоа детенце. Ама се надевам ете потсвесно :) Инаку ќе нема друг избор од отпишување од градинка, а ич не сакам да дојде до тоа. Ама не сакам и да доживува вакви стресови.
     
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @sofi2107 и јас зборував скоро дека би било убаво да има денови кога се адаптираат децата да одат со родителите. Сметам тоа треба да е на почетокот на годината за да се запознаат дечињата меѓу себе, просторот, воспитачки..
    Значи на почеток. 1-2ч децата и родителите.

    Е сега замисли како би било сите да влегуваме кога сакаме. Јас во ноември, ти во декември.. Нели е стрес за дечињата? Сепак за нив сме непознати. Твоето ќе се смири, друго ќе се растревожи.

    Што знам. Мора да го смислат попаметно ова поаѓање да биде помалку стресно.
     
    На Lolipop23, mal.ecka, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.160
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 види како ќе биде неделава, ако ова се повторува, да пробате пак од пролет? Пошто ваквото плачење е стрес за детето, голем стрес, може да почне да развива симптоматологија, т.е кревање температура, повраќање, кашлање... не мора да значи дека ќе се случи, ама ете, по ова како го опишуваш, детето многу, премногу плаче. И мојов големиот плачеше кога го носевме во градинка, на почетокот, првите неколку дена не, ама после кога сфати дека секој ден треба да оди таму, почна да плаче. И плачеше секое утро цела една година, може и повеќе. Ама, внатре брзо се смируваше, не плачеше како твоево. Претходно цело време беше со мене, никој не ми го чуваше, каде јас таму и тој, и ептен беше приврзан. Затоа беше тешка првата година во смисла на адаптација. А после веќе беше полесно. За разлика од него, малово побрзо се прилагоди, ама малово е чувано од баба и дедо.
     
    На kukla21, mal.ecka и sofi2107 им се допаѓа ова.
  5. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Се согласувам.
    Но, на сето тоа треба да се мисли не од наша туку од нивна страна. Сепак еден вид образовен процес и пред све адаптација. На која треба да најдат решение и да ја осмислат стручни лица од областа на детската психологија. Ете како во поразвиените земји каде на тој процес работат стручни лица и допринесуваат да им олеснат на родителите, а пред све на децата и нивното психичко, ментално и здраствено здравје. Зашто сето тоа не на секое дете влијае исто. Ете ги има и такви кој го доживуваат тоа пре стресно, трауматично па и со покачување на телесни температури, а ете имало некој кој почнувале и да д’ткаат. Ја не сакам да детето ми е под стрес кога го зима за рака и нит 17мин да заоѓа. Има разлика од заоѓање до заоѓање, од плач до плач, сепак не дека дома не плаче или не заоѓа. Ама ова беше трауматично што го слушав. па јас на одмор сега дур бев кучево го остаив кај другарка. Ама па прво неколку пати си се друѓеа дур го остаив за да не му е стресно на самото куче. Куче! Ова е дете живо човече од 10-15кг кое допрва почнува да сфаќа и согледува ситуации. Траума е за нив.
    Незнам како и што, но мора да се реши ова со адаптација и да најдат решение. Или во текот на целодневната во одредено време на адаптација да доаѓа едно па друго дете со родител незнам.
    Непознати сме им да на сефте гледање, но во чекална се гледаме, на улица на шетање, во мало итн. Сепак нема ниеден родител да влезе и 30мин да дреме. За све нешто се има начин и решение ако се сака. Крај краја па и да почнат со практиката на градинки надвор од Мк па ем на децата полесно, ем на самите воспитачки па и на родителите ќе им е.
    Вака како у хор се кога почнува едно да плаче, па завршува последното после 1-2ч со плач и не знае воспитачка кое попрво да потфати.
    Ќе видам утре какво решение ќе понудат и изнајдат за даденава ситуација.

    Ако ти се верува цел ден се чудам пто му е со поткашлувањево. Да ти го снимам да се чудиш. Као да го предизвикува сам и онака ме гледа и кашла и се натега да кашла поеќе. Па ете го ја зема цуцлата ( која ја имаше како новороденче ) дали 1-2мес ја користеше и никад не фати цуцла и еве го од преска е со цицла во уста. Од вчера е несвоиствен.
    Сега сме на педијатар па баш ќе поразговарам и со неа за ситуацијава.
    Немам ни намера да ако вака продолжи да го оставам да оди во градинка. Ќе видам утре какво решение ќе понудат па да видиме како ќе е. Крајно ќе го отпишам зашто нит имам намера од такво плачење ни кила на пупак да добие ( како последица и таа ми ја кажаа ) . Анатах ќе видам како ќе е деновиве.
     
    Последна измена од модератор: 8 октомври 2019
    На kukla21 и Annath им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    145.293
    Не знам @sofi2107 кои закони важат, искрено.
    Само споделив дека имаше родител внатре кога јас го оставив моето првиот ден. Седеше внатре со него.
    Првиот ден само влегов со него во училница , го оставив и толку.

    Ова може да биде практика ама да бидат по 7-8 деца во група, па постепено да се адаптираат ама кај нас , со по повеќе од 20 деца, секој еден родител да седе, би било безредие.
    Ама се разбира во вакви ситуации како вашата можат да направат исклучок.
     
    На НаталиЛили, kukla21 и sofi2107 им се допаѓа ова.
  7. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Фала ви мајки на искуствата и советите.
    Се надевам ќе најдеме решение и ќе се прилагоди па после ќе плаче за да останува да не го зимам :D
     
    На duffi, kukla21 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.250
    Допаѓања:
    118.899
    Пол:
    Женски
    @sofi2107 се сложувам со @kukla21 . Мене ми дозволија првиот ден да влезам внатре. Катастрофа беше. Децата се напикаа по ќошови, стуткани дремеа и ме набљудуваа, а тие што не се напикаа ме гледаа и плачеа хистерично. Само што излегов сите се смирија глас не слушав. Ми кажаа дека плачат од мене.
    Не знам што да ти кажам, пробувајте различни методи може некоја ќе упали. Ако не бива на било кој начин, ќе пробате пак на пролет. Со лесно мајка.
     
    На Sexybaby86, JoyJoy, Cka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Редовно ја читам темава, ретко и коментирам.
    Генерално, сакам да кажам секоја чест на негувателките, учителките.
    Имајќи во предвид во какви околности работат, треба да сме им благодарни.
    Треба свесни да сме/сте дека едноставно не на секое дете имаат време да му посветат внимание при адаптација, асистенција при ручање, заспивање, пресоблакање...
    Пред се, воопшто не е битно дали детето се вратило исфлекано, со блуза наопачки облечена, спиело во тренерки и сл.
    Квалитетот на изминатото време минато во градинка, дали и што научиле е многу побитно, без оглед на тоа дали станува збор за осамостојување при јадење или нова песничка, отколку други работи.
    Ретко која група е под 30 деца, а само две учителки/негувателки.

    Кај мојов се годинава 42 на список а +- секојдневно идат 35, а две жени!
    Верувам и самите не сакаат да е така, ама реалноста е таа.
    Од порано е зачетокот на проблемите суштински кои само се таложат.

    Дајте малку да бидеме пореални.
    Дома со едно па немаме време да пр*неме, а наоѓаме замерки на жените.
    Зошто не спиеле по пижами?!
    Па 14ч ќе ги фати дури ги пресоблечат сите.

    П.С.Малку постот можеби ми е хаотичен, ама суштината мислам ми ја разбирате.
    На кој не му чини државна, нека повели во приватна градинка.
    Ама и таму не е се така розево...
     
    На mssuniquee, gjoker4e, victoria и 27 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.275
    Допаѓања:
    189.717
    @sofi2107 сум го поминала истото. Значи дете растено само со мене/ мајка и татко, немаме ни баби, ни тетки, стрини, ништо. Почнавме со јасли од година и пол. Адаптација- странска, со мое присуство внатре, со 3 воспитачки на максимум 15 деца, воспитачките максимално посветени и професионални. Таму, кога ќе ја оставев, не заоѓаше од плачење, после некое време. Ама по некое време ми стана јасно, колкав стрес и беше. 2 години одеше во тие јасли, скоро секое сабајле плачење, два пати до повраќање. Ден оди, два не оди. Маки.
    Не мислам дека детето те манипулира или ќе те манипулира на оваа тема. Едноставно не разбира што се случува и каде е мама и дали го оставила засекогаш. Не знаеме што му се врти во главчето. И секое дете различно се носи со ваква ситуација, во дадено време. Една работа е табиет, друга работа е чувствителност, почувствителните деца бурно реагираат и тука ниедно рационално средство не помага.
    Мојата нејќеше од дома да излезе само со татко, од 1 до 3 години. Па го надмина тоа.
    Пробајте што може да се направи сега ама ако не ја бива, не ја бива (како што имаш пишано во болдираното). Во некое друго време, сигурно ќе биде подобро(fingers).
     
    На mal.ecka, RainBow и sofi2107 им се допаѓа ова.
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Фала ти на искуство и совет.
    Решив утре да им го однесам покасно зашто реално во 08:30ч ( како што ми беше кажано да го носам ) почнуваат со појадок. Мојот не појадува нормално. И верувам дека не баш се посветени тие 5-10-15мин на него зашто 20+ деца спремаат да појадуваат да бидеме реални. Така да решив по разговор со родители кој носеле и нисат на адаптација дека ги носат после доручекот.
    Па ќе видам утре како ќе биде. Се надевам на соработка и од нивна страна да му помигнат при адаптацијата барем тие 15мин да најдат начин да го смират, анимираат или било што.
    Ако не ја бива и нема ни тронка надеж дека ќе се адаптира тогаш ќе пролонгирам секако. Мојата желба да иде во градинка е не битна и не значајна во однос на неговото нарушување на здравје и пдиха доколку ова го доживува трауматично.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    @sofi2107
    Иако ги сфаќам твоите мотиви,првиот и основен проблем е што детето не е одвоено воопшто од тебе.
    Неговата реакција е нормална и нормално е што оди тешко адаптацијата.
    Јас во државна градинка на времето дозволував родители,но ни тоа нема да биде решение во овој момент.
    Единствено што помогна кај деца што многу плачеа ,а посебно во еден случај со 5 год.дете првпат во градинка е кога влегуваа со татко му,веднаш се упативме во салата за физичко во градинката,со лизгалки и други реквизити, таткото влегуваше внатре ,детето ќе почнеше да ги пробува реквизитите,а бидејќи физичка активност ослободува од стрес и прекинуваше да плаче веднаш.
    Незнам дали има таква просторија во градинката,зависи од општината но тоа негово лизгање,качување од 15 мин.беше доволно да му го намали стресот и да се вратиме во занимална.
    На тој начин го решивме проблемот.
    Но ако не оди ,не инсистирај,не ќе се споболува дете за градинка.
    Ќе пробате пак,а во меѓувреме ќе почнеш да го одвојуваш малку од себе, постепено па пробајте пак догодина, ништо страшно.
     
    На mal.ecka, danichap, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    145.293
    Софи ако е толку трауматично, и не бива, не го ни мачи. Пробајте деновиве, ама ако не оди,ќе пробате пак покасно.
    Во меѓувреме и јас би го применила советот на Косми, оделувај го малку од тебе и татко му.
     
    На mal.ecka и sofi2107 им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Мое искуство и искуство на пријатели е дека при адаптација се почнува со носење дете кај 9:00 или 9:30 кога се почнати со активности. Така ќе влезсе во ситуација во која сите играат и има помалку плачки.
    Друга опција е воспитувачката да го пречека на врата со играчка/играчки или да му дозволат да внесе една играчка од дома што си ја сака за да му биде како некоја сигурност.
    Секако фактот што до сега не бил одвоен ниту на кратко од тебе не помага туку одмага. Плус поаѓа во градинка кога сеуште има страв од одвојување и разбира што му се случува. Бидејќи не е толку мал треба да му објаснуваш дека ти го чекаш надвор, дека никогаш нема да го оставиш/напуштиш и слично.
    Може да пробате и тато да го остава. Можеби нивната динамика е поинаква од таа што детето ја има со тебе па полесно од него ќе се одвои.
    Секако ако решиш да го отпишеш и да пробаш пак подоцна биди свесна дека и тогаш може со истото да се соочиш зашто памтат што им се случувало. Може и тогаш ако не сака да оди да почне да рика и по принципот на научено однесување од порано да се мисли дека минатиот пат рикањето помогна, ќе помогне и сега. Ако сепак решиш сега да не оди до наредното поаќање работете да го надминете проблемот со одвојувањето од тебе. Оставај го на чување со баби и дедовци, одете по игротеки, паркови и слично каде што ти ќе се тргнуваш од ситуацијата (во смисла седиш настрана, а не во просторот за играње).
     
    На fana и sofi2107 им се допаѓа ова.
  15. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Денес убаво и релаксирано помина со малку драма. Околу 10ч го однесов со консултација на педагогот. Договоривме периодов да влагам и јас со него. Без никаков проблем го најдовме тоа како најсоодветно решение за почетоков. Прекрасен персонал полн со разбирање од негувателка до директорка. Кога дојдовме и почнав патики да му соблакам почна хоророт, педагогот и воспитачката беа тука па му објаснивме и дека мама ќе дојде со него. Дете воздивна и насмеан ме фати за раче и отидовме. Влеговме и насмеани се претставивме и почнавме да ракоплескаме дека ќе имаат ново другарче. Ептен убава атмосфера 18дечиња од возраст најмало 18мес и најстарото сега 3г ќе правело. Па се собраа деца околу мене, па си се гушкавме, па се фалеа кое какви топлинки има, играчка, блузичка итн. Мојов си се вклучи во игрите и на моменти со поглед ќе ме лоцираше и продужуваше со игра. Една воспитачка со две негователки се во групата. Кога веќе беше заигран и вдлабочен во дружбата ( после 40мин ) им кажав дека е доста да излезам да остане сам без мене. Му кажав мама ќе иде до вц и до продавница и одма ќе дојде. Имаше после некое време плачки, но им кажав дека несакам нит да ми го донесат нит да влагам и да плаче да пробаат да го смират и анимираат. Во случај да ескалира ситуацијата ќе влезам само да ме види и да му дадеме до знаење дека сум тука. На два пати влегов на кратко и толку со муабет дека сум тука. Све на све некој 2ипол часа беше денес. Опуштено и релаксирано поминато време.
    Пред ручекот ми го донесоа воспитачката со педагогот и насмеано дете им орати бакнеж и им кажа чао и дека пак ќе сме дошле :)
    Отидовме до продавницата по сладолед и бони топ како што мама му вети сабајле. Дека ако е умен и не плаче во градинка каде е најубаво, пејат, бојат и ќе играат дека мама ќе му купи после сладолед и бомбонки :D
    Цел пат воодушевено си разговаравме колку му било и ќе му е убаво со дечињата и тетките во градинка и дека утре ќе му е уште поубаво зашто веќе се другарчиња и се знаат.
     
    На gjoker4e, Lolipop23, RainBow и 13 други им се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    145.293
    Супер @sofi2107 баш убав напредок! :clap: Мило ми е што си нашла заеднички јазик со перосналот, можеби ќе одите постепено, ама има надеж дека ќе се адаптира. :)
     
    На mal.ecka и sofi2107 им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    И мојов доаѓа дома цел исфлекан, знаеме што јадел тој ден по флеките. :D До сега сите дамки ми се извадиле, ставам од прашокот една мерилица и во барабанот безразлика дали течен или прашкаст. Плус предходно ставам на флеката фрош за дамки и ги пуштам на 40 ( секогаш толку ги пуштам шарените) и до сега дамка ми нема оставено, манџа, чоко млеко, кал, кечап... све се вадело.
     
    На mal.ecka, duffi и kukla21 им се допаѓа ова.
  18. Broken♡

    Broken♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Не знам каде да прашам ама од која најрана возраст ги примаат децата во градинките? Малата има 9 месеци и една недела. Лесно се адаптира на нова средина и луѓе.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.160
    Пол:
    Женски
    Од 9 месеци примаат.
     
  20. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    Некој да ми кажи од документиве што се за запишување од каде се вади потврда за вработени родители?