Фала ти Дафи Мојава ептен е терсене општо за нос и спрејови, едвај дозволува, па да знам дека нема да има фрка со овој
Па... турни ме да кинисам е работава Првите дена додека да сфати кај оди немаше проблем се’ додека не ја земеа на влез. Малку ќе поплачела и се смирувала. Сега веќе знае кај оди секое сабајле и уште од дома почнува да плаче кога тргнува со татко и’ накај кола. Кога влегува во градинка се кине од плачење, ама внатре се смирува, мада е на штрек цело време и само мамка, така викаат И толкав јадач ко што е, нејќе ни да проба таму од ништо, дури ни вода не пиела до пред некој ден. Викаат дека е рано и дека треба уште време, па ќе видиме. Полека се опушта, ги збори дома воспитувачките по име и некои од децата, ваљда ќе биде добро со тек на време и ќе почне да јаде и спие
Месец и пол како прајме адаптација тек сеа чат пат каснува нешто. Вчера ништо, денес само леб. Трае. Ама подобро вака неголи се ок па наеднаш да се освести што се дешава.
Фала што сподели, ми олесна. Нонстоп читам и слушам од мајки како нивното после втор ден јадело, како останало цел ден, како одма од трет ден спиело и не знам што. Реалноста е, да, го има и тоа, ама ретко се случува. 90% се како мојава, ги гледам и другите во нејзината група исти се. Си викам, па и мене да ме пуштат во просторија со непознати, ќе се кочам цел месец, не па дете од година и 9 месеци. Имам надеж и не се откажувам, полека ќе биде Ме боли срце како плаче, плачам и јас, секој е*ен ден, ама стискам заби и терам.
Денес го земав јас воспитувачката ми кажа добар бил, малце беше порасположен. Пак одите да си игра на лулашки и таму имаше други деца и му реков да оди да си игра со нив, тој бегаше на страна не сакаше да оди. Проблемот е тоа што он сеуште не збори убаво за да ми каже дали некој го закача, несака дури ни со да или не да ми одговори некогаш. Ќе видам од понеделник ќе разговарам со воспитувачката да ја прашам дали нешто приметила некое дете да го закача, дали воопшто си игра со децата или седи на страна.
А знаеш колку пати дете од прв ден идело топ и тек после 2 недели почнало да вришти бетер од тие прв пат што одат!? Сеј мирна не се нервирај се е нормално. Само полека. Ние сеуште одиме од 9 до 12. Тек понеделник ќе почнеме од 8 и така ќе тераме до 12 се дур не почне скроз да јаде таму. Не дај боже нешо да се штрекне. Отиде јабана трудот. Затоа сакам полека.
Да, и ние од 9 до 12 одиме, еве втора недела истеравме така. Веројатно и наредна исто ќе тераме, односно додека не се опушти доволно за да јаде. Дома не можам да ја најадам после градинка, прегладнета е. Доручекот од дома не ја држи до 12, а ужинка и ручек таму одбива Не се нервирам, знам дека период на адаптација е нормално сево ова, само ми е тешко кога ја гледам како се кине по мене. Они нема утре да памтат колку плачеле и се бунеле, траумата нас ќе ни остане, за жал или за среќа
Мојов кога го адаптирав на 16 месеци и на 10 месеци (ова ни е трет пат, да) беше хаос. Исто како твојата. Сеа дека поголем без фрка почна. Ќе биде срцка.
Јас имам трауми од тоа што ме оставале моите кај баба ми по цела недела Уште ми се враќа грдо ччувство секогаш кога ќе видам саат на тв. За ништо не треба форсирање
Мое лично искуство со ацидосалус. Кога излезе прв пат на пазарарот ( или јас кога дознав за него ) печеше корнеше. Баталив. После купив пак не печеше и немаше никаков мирис. Истрошивме така две шишенца. Го праскавме цела година. Минатата недела купив нов, за малиот син. Не пече, ама има мирис и арома на билки. Нешто му менуваат у составот сигурно. Лично на мене го тестирам секое купување.
Како не пече? Пече,пржи Мојот купен пред 3 недели заврши во канта. Јас неможев да издржам не па на него. Секоја вечер плачеше и ми викаше мама пече... Се каам што не го пробав прво на мене. Катастрофа а не е ефтин. Инаку од еурофарм го купив ама сигурно се исти.
Ацидосалус има неколку производи, тоа ми е објаснувањето, пошто еве трето шишенце на нас не ни пржи, мириса на билки ама не пржи.
Затоа и прашав за Ацидосалус, зошто многу спротивни мислења слушам и од тука, и од познати. Којзнае какви серии се пуштени во продажба штом кај едни пече, пржи и мириса, кај други апсолутно ништо Мојот пржеше, бебе вресна кога прснав Мирис па јас лично не осетив. Ќе земам денес бејби оригано, па ќе видам со него како ќе биде.
И јас од Еурофарм. Не пече мојот бе, сигурно. Еве сега пак го пробав. Само на чај мириса. Кој знае што ни продаваат да ти кажам. Ај види датата и серијата дали ни се исти. Мене па мана ми е се прво ја пробувам, па на нив давам. И храна и лекови.
Јас не очекував да пече. И мислев ме зеза малото оти нејќе спрејови па да не го прскам. Мислам дека го џитнав моето ама ако не ќе ја проверам серијата после. Срамота , е баш се изнервирав, 900 ден е
Како мислиш неколку производи? Нело е еден спрејот. и треба сите да се исто не едно да пече друго не и сл.
Има повеќе производи па дури и вагиналети има, сирупи, таблети, па си викам различни спрејови да не сме зимале зошто овие нашиве никако не лутат.