Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Производи да има различни, ама спрејот е еден.
    Е сега ако они прават некакви промени на составот, тоа е друго.
     
    На Sexybaby86 и kukla21 им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.276
    Пол:
    Женски
    Сфаќам ама не знам како мене не ми лути, има и други еве викаат не им лути, а на други пак им лути. Не ми е јасно.
     
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.798
    Допаѓања:
    145.365
    Не знам...
    Или друга серија е во прашање.
     
  4. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Ова е нашиот. Не пече. Ама во уста не го сака никако зашто ептен е на билки.
     

    Прикачени фајлови:

    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    Совет од логопед...никако не треба да се форсира детето тоа што не сака. Треба да се бара пристап да се мотивира. Ние баш сега почнавме на логопед и тоа баш го правевме муабет.
    Првиот пат кога бевме, детево ми вели не сакам тука да идам, вториот пат бевме заедно со друго дете и рече дека сака пак. Али и кажувам дека сите деца одат и си играат со докторката и дека им дава таа домашни и дека домашната мора да биде сработена за да види докторката колу е умна и паметна, а после тоа ќе одиме кај што сака или ке купиме киндер чоколадо со боенка..која секако колку толку ќе се потруди да ја набои...битно е изненадувањето каква боенка и се паднала. И детето за секој вложен труд треба да биде пофалено. Таа на секое одење им пишува петки на рачињата и ги пофалува.
    Одговорот на логопедот беше дека треба да се смисли добра приказна за да се разбуди интерес кај детето.
    Воспитувачката убаво кажува, ама уште да е толку лесно да сака и детето.
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    И нашиот ацидосалус не пече...:wasntme:
     
  7. Broken♡

    Broken♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже кои документи се потребни за упис во градинка? Се работи за дете од 9 (уште малку 10) месеци
     
  8. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Одиш во градинката кај што сакаш да ја запишеш, те запишуваат со име презиме и матичен број, кога ќе ја примат ќе ти кажат се што е потребно.
     
    На Broken♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Зависи од општина до општина. Некаде оставаш контакт, некаде пополнуваш пријава, некаде веднаш штом ја однесеш пријавата дали е детето примено или не. Најдобро прашај во градинката каде што сакаш да го запишеш детето која е постапката.
     
  10. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Да прашам, пријавување, односно тргање во градинка може било кога или мора од септември месец?
     
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Кога било т.е кога ќе има место слободно.
    Мали мој сега од 7ми октомври тргна прв ден.
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Сакам да го пријавам сега и на пролет некаде да тргне, за место ќе се потрудиме преку некои познанства, ако успееме, ок, ако нема, нема, ќе чекаме. :)
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Најдобро да идеш до сама градинка и да видиш како и што. Поразговарај со педагогот, директор или воспитачка за да ти подобјаснат убаво.
    Може па и да има место уште од одма :D
    Ние така на шала на смеја со синко дур шетав застанав да прашам, мислев ќе ми каже за 1-2г ќе може :) кога ми рече од утре ако сакате може да почне ме фати во тесно :)
    Брзака спремив документи и брисеви и за 4дена тргна.
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Некако не сакам сега во зима да почне да ми се разболува, не сакам никогаш уствари :emo: ама тоа е, знам дека тоа мора да го пројдеме со болештиите.

    Инаку пролет некако поубав период ми е, ги вадат ваљда надвор, што знам. А инаку сакав од септември таман пред да наполни 3 години, ама го гледам дека слабо знае да комуницира со деца, научен е сам, со нас, со баба... и некако вчера на љуљашки толку ми падна жал дека не знае со деца да игра, едно девојче го тегне, го гушка, го бацува, му покажува како да играат, а дали имаше 3 години, а син ми како утка, ја гледа, се врти кон мене и вика мама да љуља. :|;(

    Не бара воопшто игра со некој друг освен со нас домашните и затоа сакам поскоро.
     
    На mal.ecka, VDT2906, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.276
    Пол:
    Женски
    Не му се сеќирај, синко беше ист ко твоето, ама ете го се уклопи, игра сега со сите, дури и сам бара дечиња. А дека ќе се разболува сега повеќе или на пролет, апсолутно ти е исто, јас би ти рекла сега да го носиш за од пролет веќе да си фати да си оди убаво. Башка на пролет дур се навикне ќе дојде лето, ќе почнат да ги спојуваат, да им менуваат негувателки, да ги раздвојуваат, имаш ризик да створи отпор. Не мора да значи, не е правило, ама од искуство од вработени во градинка вака кажуваат. А за разболување секогаш ќе се разболува, само да остане на лесни настинки.
     
    На RedRevolution му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.848
    Допаѓања:
    142.454
    како ме нервираат мајки кои мислат дека светот се врти околу нив!!! дете им вришти пред градинка, воспитачката го држи за да влезат, куп други чекаат ама мајката морала да баци 3 пати дете и да си поразговара како тоа детето нејзино сакало дечиња, ама ете не го сакало некое на комшиката!!

    Воспитачкава ја откачува со фино, она упорна!!! Ало , жено, тветето дете мрзне и се корне од плачење, остај нека го внесе внатре! Ај за нашиве ама за твето да си гледаш, доста се удвараш на воспистачки!
     
    На GirlLove, kikin, PUPICA и 5 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.276
    Пол:
    Женски
    Кај нас дека е многу мал тој простор за спремање деца баш смета ова, ама тоа е. Се трудам секогаш да сум брза, ама на пладне баба го зима и не знам што се случува па затоа прашувам насабајле.
     
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Ве молам предлог за градинка или државна или приватна од која сте екстра задоволни. Значи највеќе ми е битно да не работат воспитачки вештерки. Како се движат цените државни споредбено со приватни? За Скопје.
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.276
    Пол:
    Женски
    Зависи кој реон, во Карпош ти требаат дебели врски за да ти примат дете од друга општина. Треба секаде да е така додуша, реонизација не се правеше за џабе мислам. Јас сум презадоволна од Детелинка Ѓорче, кај Мирче Ацев школото, и воспитачки и услови и се, бомбона. За воспитачки многу се фалат во Колорес, една ја знам и ако се понаша со децата како со луѓето онда да, тоа е тоа, баш убаво и воспитно се однесува.
     
    На kukla21 и Cka им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Која е цената за Детелинка и за Колорес ако знаеш?