Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Ne mislis deka na taa vozrast e docna za socijalizacija i gradinka?
    Premnogu bev zadovolna od zenata koja go cuvase (neznaev sto e toa bronhit),no veke e kasno za da ja vratime,si cuva sega drugo detence.Sega ke si go cuva mamicka doma :D
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.673
    Не сум психолог за да дадам стручно мислење дали е касно или не. Сепак вие си знаете најдобро што е за вашето дете.
     
  3. rozalija

    rozalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Napravivme alergo test(pred edna godina) i alergicni sme na domasna prasina(jagodi,cokolada),no otkako pocnavme vo gradinka pocnaa i zacestenite nastinki pa i bronhitot so opstrukcija.
    Taka da ke si se cuvame doma uste nekoe vreme pa ke vidime sto ponatamu :|
     
  4. jastra831

    jastra831 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    До сите мајки и татковци на форумов
    барам мислење и ќе Ви бидам многу благодарна доколку споделите било какво мислење со мене
    Доколку сакате да си го вратите социјалниот живот, едноставно сакате да одите на вечера или во кино, или пак морате на свадба а несакате да ги малтретирате дечињата, а при тоа немате баба-дедо сервис или некој друг, дали би побарале услуга од легално регистрирана агенција во која работат дипломирани девојки на Педагошки факултет, а и хонорарно работат негователки во градинка, односно проверени бебиситерки?
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.803
    Пол:
    Женски
    jastra831, би те замолила подетално да ги опишеш услугите, во смисла каде би се чувале децата, за колку време, колку би се наплатувало, дали би била обезбедена храна и течности за дечињата, и пред се колкава возраст треба да имаат дечињата... :)
     
  6. jastra831

    jastra831 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Првично е сведено се на идеја и активности околу законските регулативи, односно набавка на потребни дозволи и одобренија, она што е планирано се мисли на давање бебиситинг услуги во домовите на семејствата, цената веројатно ќе биде од саат во зависност од делот во денот кога е дадена услугата
    првично е како идеја а јас само вршам истражување колки се расположени младите родители на таков чекор, а ова е нешто што на запад многу функционира, за кај нас ќе видиме, поздрав
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.803
    Пол:
    Женски
    Најискрено да ти кажам ќе морам прво добро да се запознаам со бебеиситерката, да ја проверам а потоа да и дозволам да го чува моето дете и да престојува во мојот дом. Сепак моите родители секогаш се расположени за чување...ако немам избор би размислила, значи можеби.
     
    На jastra831 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    42.423
    Пол:
    Женски
    Да дадам едно свое мислење.Моите деца до 3 год.,ги чуваше жена.Додека беа дома беа чувани,гледани,спастрени,но и тогаш се разболуваа.
    Потоа,од 3 години почнаа да одат во државна градинака , ќерка ми се уште оди,а син ми во школо. Јас сум презадоволна од градинката.Децата секогаш сум ги земала чисти ,пресоблечени,измиени и што е најважно СРЕЌНИ И ИСПОЛНЕТИ.Градинката е место каде децата учат,играат со нивни врсници и се социјализираат.Вработените таму(и покрај малите примања кои ги земаат) се секогаш насмеани,најдобро и најсовесно си ја извршуваат својата работа,имаат љубов и желба да поработат со секое детенце.Децата мои многу научија од градинките.Годинава треба и керка ми да тргне во школо,па ме прашуваат дали некогаш ќе одиме да ги посетиме учителките од градика.За нив тоа е еден преубав перио оминат таму.
    Додека ги чуваше дома жена знаеја само шпански серии.
    СЕ си има своја предност,но мислам дека за секое дете,најубаво е да го помине времето во градинка(СЕкако не по цена нон стоп да биде болно),со свои врсници и со стручни лица кои најдобро ги едуцираат за возраста. :!:
     
    На slobodka, rainlover, jastra831 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    За месец дена ќерками ќе наполни 3 години. Во една градинка во НЛ беше запишана на година и 4 месеци- тукушто прооде, но не бев воопшто задоволна од негата и грижата. Ја одпишав од таму на секои 2 недели ми беше болна- во самата група имаше по 24-25 деца- МНОГУ!
    Ја запишав после во КВ во приватна градинка надевајќи се дека ке биде подобро но одеше неколку месеци и кога дојде студов не ја праќав остана дома, ми се разболување и кашлаше многу. Сега сакав да ја вратам но се премислив за да ја запишам во државна градинак во Кисела Вода - НЕМА МЕСТО!
    Ми кажаа дека пред мене имало 50тина деца кои чекаат на нејзина годишна возраст. Дали има некој од вас кој своието дете го запишал во Кисела Вода во некоја од градинките во Расадник. Дали кај некого можам да се обратам за запишување, ми треба итно да ја запишам а неможам! :worried:
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    5.027

    Во мојот град има таква игротека која и организира родендени на деца и добро функционира. За еден саат чување на дете земаат 100 ден. Значи регистрирана дејност, негователките ги знаеш или можеш да ги запознаеш. Сум немала таква потреба а кога би имала, зошто да не. Како го испраќам во градинка на непознати учителки така и овде. Поубаво таму да се социјализира со др деца отколку да го алат по дома.
     
    На jastra831 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    26
    Најпрво да го изразам мојот став за градинките.Градинките служат за социјано воспитание и образование на децата. И сметам дека децата без разлика дали има кој да ги чува или нема кој да ги чува,би било поубаво да одат во градинка.Затоа што децата чувани од баби,дедовци, тетки,стрини, и децата кои ги чуваат високо образувани воспитувачки, умствено не се развиваат исто,не добиваат исто воспитување,образование и слично. ;)

    Според мене најважно е да се најде соодветната воспитувачка, по препораки од пријатели или слично, затоа што имам видено многу воспитувачки, кои некоректно и се однесуваат кон децата,сепак,тие се деца и не им е јасно, некои можеби пренесуваат дома( па домашните реагираат) а некои не пренедуваат ( па домашните поима немаат).Затоа препорачувам внимателно одбирање на воспитувачката. :worried:

    Најчесто разболување на децата во градинката,според мене постојат два причинитела и тоа : воспитувачката и останатите деца.
    Лично се имам уверено во ситација во која воспитувачката е причинител за разболување на децата, со размислување дека имала многу деца во групата (25)и неможела тоа да постигне :o , и притоа намерно прави промаја на време пред нова година на - температури :x ,каде што децата во занималната се по кратки ракавчиња, сите прозори се отворени, врата ширум отворена ,и слично. :x

    Но тука се и себичните родителите на настинатите или болните дечиња , кои без трошка почитување и грижа , ги праќаат своите размрсулавени деца во градинка. :^)

    Сума сумарум: градинка е ок, но со проверена воспитувчка. ;)
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    44.763
    Веќе неколку месеци не можам да одлучам дали малиот да го запишам во градинка од септември. Последна година пред школо му е, и плаче за социјализација, ама многу, многу се разблува, и тоа од пневмонии, не лесно надминливи настинки. Тој беше запиан, и супер се прилагоди, ама беше мал, и после докторите ме советуваа да не го носам во градинка, или да го однесам една година пред училиште. Многу сакам да во градинка, ама кога ќе ми текнат лежењата во козле, секојдневните прегледи и слично, ужас ме фаќа!

    Ќерката исто така не одеше (беше запишана, ама ефективно дали и се собираа по 2 месеци во годината), и еве сега е прво одделение, а со социјализација воопшто нема проблем - подобро се држи од многу деца што биле во градинка.

    А треба да решам, зошто ако сакам да оди веќе треба да го запишам, во септември ќе нема место.
     
  13. cece07

    cece07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    9
    Ариел, воопшто да не се размислуваш за градинка,нешто пооубаво за децата нема.Се сложувам со мислењето на MadHatter,за себичните родители.Градинките не се причина за болестите на децата,туку причината е кај несовесните родители.И децата чувани дома ги поминуваат истите болести.Ова го кажувам од искуство бидејќи едното девојче ми е чувано дома (последица себичност),а другото одеше во градинка од 8 месеца.
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.803
    Пол:
    Женски
    Ариел пробајте и оваа година, може сега нема да се разболува, може имунитетот му е зајакнат, ако не пробаш нема да знаете, запиши го во градинка па ќе видите, ако не во секое време можеш да го отпишеш...

    Ceceo7, мислам дека сакаше да каже дека родителите се себични затоа што ги пуштаат своите размулсулавени деца во градинка, а не ги чуваат дома...
    Не се согласувам со овој став, понекогаш родителите не можат да земат боледување од работа за да останат дома, а бидејќи нема кој да им ги чува децата мораат да ги носат во градинка...И мене ми смета кога ќе ја однесам малата во градинка и ќе ги видам децата раскашлани и мрсулави, но јас имам избор, не одам на работа и ќе ја повлечам дома...мојата оди во градинка затоа што многу беше приврзана за мене, сега е посамостојна и мислам дека социјализацијата супер и оди... :)
     
  15. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    183
    Ете, јас сум од таа група несовесни родители, ама кога немаме баби и дедовци како сервис, немам друг избор. Не можам за едно растечено носе да земам боледување.

    Во време кога живееме на кредити, и те како ми е важна работата, за да ги прехранам моите деца, зашто со една плата не се живее кога истата ја даваме за кредити. Ако земам боледување секој месец, нормално ќе добијам отказ зашто законот за работни односи повеќе го штити работодавецот.

    Мене од работа ми пратија инспекција дома и добив опомена дека детето не е толку болно за да седи дома. Па сега ти види дали неќе го пуштиш друг пат во градинка со растечено носе :^)

    А душата ме боли кога ги оставам малку поднастинати децата во градинка, и многу пати не сум кажала дека пијат антибиотици. Ама такви се условите во коишто живееме, па мора да тераме така.

    Инаку мислам дека градинката имапозитивна улога во растот и развојот на децата, барем ваму каде што одат моите деца, има добра едукативна програма, добра храна, добри учителки. Не може се да биде совршено, но од досегашново 3 годишно искуство сме задоволни.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.490
    Уф, болна ми е темава. Зависи од искуството што го имате.
    Сакам да одат во градинка поради социјализација. Колку и да ги гледам дома, има работи кои треба да ги сватат самите во средина каде постои борба за опстанок, каде ако појде да му ја земе играчката на детето ке наиде на отпор... Од воспитувачката на синот сум задоволна. Запишан е во втора јаслена ама ретко оди бидејки постојано се разболува. Кога оди, ке ми го даде најаден, пресоблечен, ке ми каже како го поминал денот. Сосема спротивно кај керкичката, едни одвратни бабетини кои само шетаат по ходниците, им пуштаат цртани на тв а тие надвор на оговарање. Ја земам со мокри гакички а детето има 3.5 години и кажува кога и се мочка. Вели мамо учителката не ме брише после мочкање. Синчето плаче малку ама кога ке ја види воспитувачката, пружа рачиња кон неа. Ова ми е доволен знак дека детето е ОК. А керкичката постојано има нагони за повраќање, уште од вечер ке почне да плаче и да ме моли да не оди во градинка следниот ден.
    Не беа идени долг период бидејки се испоразболеа многу. Дури се дома, здрави се. Кога ке тргнат, за два дена синот зафаќа све што лета у воздух и завршуваме на инфективна со инфузии. Имавме вакви епизоди во октомври, декември, после нова година. Конкретно неделава тргнаа во вторник, веке во четврток сабајле ме повика воспитувачката да го земам со температура 38,5. Во петокот и керкичката качи 39, еве сме сега на сирупи, не сум спиена 3 ноки............ А јадат овошје постојано, давам киндер имун, пијат млеко, готвам супи и чорби богати со зеленчук и сл. Ке пробам да не правам долги паузи овој пат, ако заздрават до среда, ке ги пратам пак, така ке го зацврстеле имунитетот па да видиме :(
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    44.763
    И моето искуство е слично на твоето Шана. Моите ги запишував секоја година, ќе одат во сптември, и толку. Правев обиди да ги праќам,ама ни по 3 дена не издржуваа.
    А и дома се разболуваа, ама не толку сериозно, и не толку често.

    Ќерката сега е прво одделение, и релативно ок се држи. И се воспалува грлото еднаш месечно, ама со антибиотик, и 2-3 дена отсуство, главно се средува. Сега прв пат бронхитис разви, ама претходно беше супер. Јас мислев дека повеќе ќе биде дома од колку во училиште.

    А воспитувачките се друга приказна. Ќерката прво ја имав запишано во маалскава градинка, ама катастрофа беше. Не и се одеше никако, само нешто им се дереле, едукатвини активности - нула!
    После ја префрлив во друга градинка, таму беше ок, ама не издржуваше долго без да се разболе.

    Сега решив да го запишам малиот од септември, па ќе видиме како ќе оди. Ако оди - фино, ако не - пак дома. Сакам да го запишам во маалскава градинка од практични причини, со надеж дека нема да биде во група кај учителките на сестра му. Дома го чува жена, и ништо, ама ништо не го учи, и тоа ми е многу голема болка. А со него е по 9 часа дневно.
     
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.181
    Пол:
    Женски
    Секој има различно искуство-јас на пример сум презадоволна од градинката,а башка од учителките.Ќеркичката со песна оди и на поаѓање се влечеме накај дома-да може и за викенд би одела.
    Премногу се ангажираат и околу чувањето и околу воспитно-образовниот процес.Постојано подготвуваат приредби за родителите и навистина преку децата се гледа нивниот труд.
    Во нашиот град ургенции се фаќаат за запишување во градинка,преполно е и скоро сите родители се презадоволни,а и воопшто не е скапо.
     
  19. Araksi

    Araksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Мојата ќеркичка од година и 4 месеци е во градинка, првин одеше во Бубамара во Ново Лисиче ја одпишав далеку ми беше, после ја запишав во приватна градинка, но не е нешто ок, привремено барам градинка во Кисела Вода но нема место, далеку ми е до лисиче секој ден да ја носам!
    Болести како болести таму се ги фаќа, да дувнме ветре тие се болни сите како крушки паѓаат едно по друго со болестиве . Но тоа е градинка со многу деца, а за грижааа искрено ние дома со едно две глава неможеме да кренеме а не пак 27 или 30 на број како што се сега преплавени градинкиве. Многу е убава во Црниче градинката а и малце деца има само `15 , но далеку ми е - штета!
    Барем зимниов период си ја исчував дома, ја заштитив од болестите и сипаниците колку толку - инаку она ако ви раскажувам каква историја има ке ми требаат саати, затоа поарно е вака со два збора - на секои 2-3 недели -- БОЛНА--. Секоја мајка се грижи за своето дете и му посакува се најдобро, но ако е во рацете на некој друг одма сме несигурни, исто ни е и во градинка кога ке ги оставиме- ги гледаме како реагираат кон воспитувачките, дали се задоволни, нахранети, весели - тоа е нашиот одговор на нашите секојдневни дилеми и недоумици.

    Она едвај чека да оди во градинка но еве си седи дома со мене, нема никаде место :(
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.376
    Допаѓања:
    44.763
    Araksi, за која градинка во Црниче зборуваш, приватна или државна?