освен сув леб така што ќе поткасне друго ништо. една недела одеше па една не, после две одеше пак една не. не знам дали ова има влијание на редот и адаптацијата, исто одеше максимум до кај 11.30 па неделава почнав и со ручек со надеж ќе пројаде ама не. работата е што не знам како е најпаметно да постапам, не иде да е гладен ама градинката ја прифаќа па нејќам и тоа да му се поремети..
Кај дунде мое им даваат блендирана храна?! Мојава е меѓу помалитр во група и јаде неблендирано и минја враќаат назад. За викенд хорор е да ја нараниш и дури сега сфатив зошто. Вика супа, супа само. Прв пат слушам блендирано во градинка па посебно што во групата има дечиња што ќе бидат 3 години за 2 месеца. Им кажав на жениве, ќе препрашам дали следат. Да се жалам после?
@kukla21 , буни се, се надевам ќе имаш поддршка од другите родители. Греота е дете што веќе некое време без проблем јаде неблендирано сега да го вратиш пак во бебешки денови. Исто како дете што научило да користи нокшир да го вратиш во пелени. Ако веќе некој инсистира за своето дете да јаде блендирано, нека му носат од дома така или нека му блендираат само нему, нема зошто да страдаат и другите покрај едно. Малку се претерува, искрено. Разбирам да се излезе во пресрет понекогаш за некој проблем на некое детенце, се е тоа ок, ама ова мислам е далеку преку границата веќе.
Мојот на 2год и 3 месеци имаше таков проблем со нејадење во градинка. Во договор со учителките смисливме начин да пројаде. Му кажувавме дека мама го готви јадењето за сите дечиња и навистина пројаде. И ден денес се сеќава на тоа. Сега се адаптираше во друга градинка и ме прашува дали јас го готвам јадењето за сите Сега е поголем има 4год и 4 месеци и со убаво му објаснив дека јадењето во градинка за поголеми дечиња како него го прават доктори за здрава храна за да бидат дечињата здрави и насмеани Пробај кажи му дека ти го готвиш јадењето... Можеби ќе пројаде. Со лесно. И ќе пројаде за брзо време. Ич не се секирај
Познавајќи го син ми ова нема да "упали", ама сепак фала за советот. воспитувачкиве не даваат идеја, кажуваат неќе и тоа е тоа, наводно и плачел ако пробувале да му дадат. Не знам ќе видам што понатака.
Ако е јасли, мада според возраста не би требало, да, пасирано е. И кај нас беше така до септември. Сега во прва мала не е. Како за големите, така и за нив. Мојава од мала џвакаше, па проблем немавме во градинка. Е сега, таму јаде се, а дома ништо... Ма ни смока, ни чоколадо... ништо.. Супа бар јадеше. Не и не. Не сакам да јадам. А еве какана е 2 пати откако е дојдена од градинка. Буни се, големи се за пасирано.
Инсистирај да не даваат блендирано. Таа група кај синко беше како за големите храната, во бебешка беше блендирано иако он си јадеше манџи.
@green.eyes случајно вчера уз муабет ми кажаа затоа што прашав дали потрчна храна им даваат. @Цвет88 не е јасли. Прва мала е. Блендираат. Имале во кујна блендер и се блендирала храната. Пример леќата ми ја дадоа. А таа не е тешка за џвакање. Имам проблем дома за викенд. Мислев дека јаде потечно, па ај и јас почорбесто и давав. Ама пак тешко џвакаше, супа па супа бара. Мојава уште нема 2, ама има дец со 2 години и 7, 8 месеци. Не ни помислив дека се блендира храната. @AngelOfArh кажав на воспитач и негуватечката. Па да видам дали ќе даваат. Ако не, ќе реагирам лај раководителот.
Ние малко се разболевме вироза и оваа недела не планирам да ја носам на градинка. Секое сабајле станува но бидејки знае дека баба и ке дојде да ја чува не сака да слушне за градинката, дури и ме испрака со чао чао, а порано кога не одеше на градинка а ние н аработа едвај и бегавме да не плаче по нас. НЕзнам како ке биде од понеделник после една недела пауза, како ми стое ке биде со плачки ама таа е... Туку да ве прашам за носот ни течат мрослите ептен а ставав и септоназал, сега 4 дена прскам диво оригано капките но никако да престанат. Испитавме нема бактерија. Некои други капки поефикасни да препорачате.
Еве јас си одам изреволтирана од воспитувачката. И кажувам дека вчера не го однесов оти закаснав, брис му земав. Ми вика:Ако има бактерија во носот прво треба да се излечи, дома да седи, а не некое друго дете здраво да заболи" Да и велам ама бактеријата му е од кај вас, значи пак некое е болно, чим моето ја фатило,здрав беше, го излечив, и за два дена во градинка пак ја фати. Знали имате сепак болни во група Ми вика" Епа треба и другите на доктор да ги носат. Додека пие антибиотик да седи дома, кога е скроз излечен да го донесиш" Јааа мајката, 10 ден пиеше ај дома да седеше, пауза една недела здрав, еве сега пак антибиотик 5-6дена?Сака да кажи да не го носам вградинка 20 дена детето? Оа еден ден да пропуштат после градинка како прв пат да одат, се лигават, а не пак 20 дена. И тоа бактеријата нон стоп сите ја имаат. А и кој ќе го чува само за едно растечено носе? Еве сама сум со мажот ми. Ни баби ни дедовци, ништо. Да напоменам:Ниту кашла, ниту кива, ниту има тт, ништо. Само носето му течи, еве 2 месеци непрекинато. И сега шо, да не оди вградинка само за тоа? Ја мајката, 90%од група се сите размрсулавени, настинати, и најде на моето да му речи да седи дома? Ми ги крен нервите, а несакав да се карам, и незнам ни шо да и речам сега, а сакам да и кажам убаво како стојат работите Ми вика"
Moј совет, брис, бактерија и слично спомнување во градинка, не, нивно е да ви кажат да не носите деца, тоа е запипшано со правилник, а тоа што родители носат болни деца како што викате, тоа е друго. Нажалост тоа е така, може со месеци дете да е носител а да нема симптоми, тоа значи и да не оди во градинка? Не бива. Така да ти истерај си своето, друг пат не спомнувај брисеви и толку. Течат мрсули? Малку е настинат, алергија, ништо страшно...
Abe i ona e nekade vo pravo, nikoj ne treba da pusta dete vo gradinka so bakterija, zatoa i posle site se razboluvaat, na nekoj moze ne mu pravi problem bakterijata ama na nekoj da. Treba i nieroditelite da imame usul sepak povazno e zdravjeto na decata negoli gradinkata, ama toa e, taka e kaj nas iso tt gi nosat. Tuku da ve prasam, Floradiks za imunitet dava li nekoja? Go prasav doktorov nesto na prirodna baza mi gi dade ovie, so zelezo bile plus vitamini, e sea nie nemame problem so zelezo i hemoglobin. Neznam dali da go zemam ili da zemam Protekt Junior ampulite
Гого ти даде суплемент? Нас за жива глава не ни даде и јас на моја рака, ретко го правам тоа да не го послушам, давам дефендил и пошто не јадеше уел бејби мултивитамински. Не ми ги сака Др. Лео, ќе барам сега рибино перли други. Молерсот ми е баш одамна отворен и иако има малку во него ми е шубе и не го давам. ВитЦ не ми сака за жива глава, кисело му е.
Viktor. Mojov sve pie, sam si bara, a mu kazes lek, sirup, kapki odma otvara usta. Sam inhalacija si pravi disi disi sakal da pravi. Pa ako ni e nesto doma na nekoj obavezno trca po edno kuferce doktorski set i ne lekuva hahha doktor ke mi bide izgleda. Krijam sve od lekovi mi e strav da ne mu tekne sam da pie nesto
Точно. Не треба кажување. Јас да не го носам за други да не се разболат. А некоја друга мајка го носи па не и е гајле за моето. Така испаѓа. Ама според мене, не ја обвинувам таа мајка шо носи настинато дете, кога детето си е сиупер, носето му течи. Еве ради таа мајка шо го пуштила моето се разболи. Ама ако. Никој не е виновен тука. Пола од родителите немаат кој да им ги чува па мораат да ги носат. Кривам мајки шо сум видела шо носат деца, со тт, шо едвај дишат, со коњуктивит, значи дете кое треба стварно да остане дома, па и по цена да ме избркаат од работа. Ама за едно носе, зошто мајката да го остави дома,кога никогаш ама никогаш нема да се спасиме од бактерии. Дали од мојата група, дали од друга, дали од дворот, бактерии има насекаде. Се прашувам дали во правилникот стои, ако на учителките им течи носот, ќе им дадат одмор од 10 дена додека не се излечат?Нема такво правило. А ништо чудно ни необично самата воспитувачка да е настината. И? Ај да ја видам нека земи 10 дена одмор. Нема да земи. Јас не работам, чекам убаво да се навикни за да почнам. Ако ако го оставам дома на секое мрсулче, ни детето ќе се навикни, ни јас ќе работам. Ми иди да свикам родителска и да ја решам оваа тема. Фала на советот, одсега ќе си чутам
Не велам дека нема право, ама еве јас како мајка не ја кривам таа другата шо однесла настинато па го префатило моето. Деца се. Дај боже да се разболуваат само со растечени носиња. Не го чувам во стаклено звоно и несакам. Ако не сега, на училиште ќе пропушта часови. Само сум револтирана, шо децата треба чисти како солза да де носат, а шо ги пуштаат внатре со патики, и до пред 1 недела со патики беа цело време, тоа не се важи. На тепихот каде се прпелаат цел ден нема бактерии. Битно детето да е здраво. А однадвор на тие патики сите чудовишта се лепат, и ги носат во училница.Еднаш пред 10тина дена и кажав да го следат, оти претходната ден имаше благо покачена тт, 37.4.А сабајлето и цела вечер ништо. Ете може му било претопло дома па покажа 37.4. И исто ми рече требало дома да одмара. Молам? Ја претера. И јас имам влезено неколку пати од дожд, со патики, носев играчки, опрема нешто, и ако веќе сакаат да се децата чисти, нека е и околината.
@Lady..M не спомнувај друг пат зошто не си го однесла во градинка. Ако баш се запнат и прашуваат речи мајка ми беше на гости и ајт. За се си во право и тотално се согалсувам со тебе. Ако сите ги носат со растечено носе ќе го носиш и ти многу јасно. За некој мајка за некој маќеа не може. И нека престанат да се однесуваат како дома да им го носиш детето и да мудруваат како треба. Сите ние знаеме многу убаво како треба. @kukla21 веднаш да реагираш. Нели главното начело на прва мала група е осамостојување на децата? Пиење од чаша, одвикување од пелени, јадење сами...? Или полесно им е набуткај дете со каша, меше тупан за 5 минути и волкот сит и овците на број. Добро што ме потсети јас утре ќе прашам каква храна им даваат кај ќерка ми. Иначе нешто што страшно ме револтира во нашата група е што нема воспитувачка или негователка од нашата група за испраќање на децата. Едната е на работа од 06-13ч, другата од 8.30-15.30. Јас ја носам кон 7 (и нешто), на работа стигам во 7.30 и практично сум до 15.30 на работа. Ја земам во 4 и некоја од јаслите ми ја дава. Како јас ќе знам нешто за моето дете? Дали јадело, дали спиело ко шо треба, плачело ли? Дали им некој проблем со детето, умна ли е или се тепа со некој... Не знам. И тоа е само во нашата група. Во другите две групи воспитачките се на работа до крај на работно време односно до 18ч.
Епа вие ако инат водите ке станете како тие што прво се замарале ама поради инатот на другите престанале да се замараат и носат деца со бактерија во градинка. На некое нема да му биде ништо, ама на некое ке му биде... Особено за оние дечиња што само што тргнале во градинка и прв пат се среќаваат со тие бактерии.. Каков пример и давате на таа мајка од старт? Носете го детето и со бактерии, нема гајле? Е поради тој инат и незамарање ке врие бактерии и ке си ги вртат едно на друго, а многу лесно може тоа да се среди. И за околината и за влегувањето со патики треба да се буните, 10 да се побунат од група тоа ке се среди... ама не се замарајте вие, што има да се замарате ако ДЕТЕТО НЕМАЛО СИМПТОМИ, утре кога ке има кривете ја градинката, а уствари најкриви се родителите. Сите ако кажувате и си ги излечите од бактериите пред да ги вратите во градинка, помалку бактерии ке има? Логично или не?
Во државниве градинки ни во јасли не блендираат, само пасирано јадат. Месото е секогаш мелено на пример, ама се друго е пасирано, па кое јаде, јаде, кое не. Повеќето се навикнуваат за кратко време. Буни се за блендирањето, нив така им е полесно. Моево е сега во мала група, сите сами јадат, не е веќе пасирано. Да се надоврзам во однос на постовите погоре за бактерии и болни деца. Јас не оправдувам носење деца со температура, пролив и повраќање, па и конјунктивит. Ама во сите други случаи, дете може слободно да оди во градинка. Има здрави деца што се полни со бактерии, а не даваат никакви симптоми, па не ни знаеме дека ги имаат тие бактерии. И тие деца да седат дома? Не може да се знае од кого е префатено, оти не се само децата, туку и воспитувачките и негователките. А самите простории во градинката, играчките, масичките, столчињата, креветчињата... ништо не е стерилно. Најубаво е дете од три години да почне, ама ако мора порано, тоа е. Периодот на разболување мора да се помине.