Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.415
    Пол:
    Женски
    И на кукла е во државна и моето во државна, им блендираа во прва јасли. Следната во 3та јасли кога беше, кај нас сите што во септември немаа 2ипол ги ставаат во трета јасли малтене како прва мала е, беше само пасирано за оние кои не јадат парчиња. И кај свекрва ми во Кочо блендираат. Мора да блендираат, има бебиња од 9м, не јадат парчиња.
     
  2. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Женски
    Хммм.... Па тогаш ќе пропуштаат часови од училиште, затоа шо тие бактерии децата мораат да ги поминат, за да изградат имунитет. Носот му течи цели два месеци? Па немораше ни да почни вооошто во градинка од септемвери нели? Логично? Да ги стерилизираат на врата кога ќе влезат најдобро? Логично нели?
    Па и дома ги имаме тие бактети
    Па ако не нека ги стерилизираат децата пред влегување?
    И дома исто. Зошто дома орво вриеме од бактерии. По кваките, по теписите, по креветите насекаде... Зошто дома не стерилизирате? Тогаш ако суте така прават ќе се намали бројот на бактерии во градинка, логично нели? Или не?
    А дали сега, или на училиште децата ќе ги поминат тие бактерии.
    Пред да се суди, ставете се на местото на родителот кој го судите. Ши би направиле вие, ете многу ме занима, кога имате дете со растечено носе само, здраво право, игриво, весело, јаде, пие, спие...? А работите, и сте сами и апсолутно немате никој ни 3 мин да ви го почува, освен комшијата кој фаца му немате видено? Шо ќе направите? "Ааа не, неодам 10 дена на работа, му течи носот на моето дете, па без проблем после 10 дена наново ќе го привикнувам, за по 2 дена истото, пак носе растечено, пак бктерија, и ај уште 10 дена одмор од работа, нека му престани носот, да е здраво 100%"
    Чисто се сомневам дека постои родител кој само за растечено носе ќе го чува дома во карантин, а притоа мора и на работа да оди. Тоа се работи кои се паметуваат, ама кога ќе се доживеат се менува размислувањето, и тогаш се сфаќаат остнатите родители за нивното однесување.
    И да не се сфатиме погрешно, зборуваме за настинки, за мрсулчиња... За оние родители кои носат дете со тт, со бронхит, со дете кое прима лендацини за нешто не коментирам.Ниту ќе им судам.
     
    На wannaBeMomma, zuto, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Кај нас си пишува надвор во јасли каде што е истакнато менито, дека храната е исклучиво пасирана, баш е нагласено. Затоа мислев дека во сите градинки под државна капа дека е исто.
    И не сите бебиња од 9 месеци не јадат парчиња. Моиве јадеа по малку. Јас месо давав на ситни парчиња исецкано, не сум блендирала.
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И моево кога тргна на 9 месеци им блендираа. Беа бајаги бебиња со иста возраст и им блендираа, после ги научија кое јаде пасирано и парчиња, па знаеја.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.415
    Пол:
    Женски
    Дете без симптоматологија со бактерија во носе не можеш да лечиш, никој ни боледување нема да ти даде, што ќе му правиш? Јас благодарение на Ацидосалусот немам мака со бактерии, кај нас е тап тап, на плуќа, сакала нејќела ќе го чувам дома немам избор а и не сакам да го носам да се мачи, ама ако има бактерија во нос или грло и не му ствара проблеми само си ја чува како домашно милениче немам кој да ми го чува, апсолутно ќе го пратам. Ние не одиме по игротеки, дружба некоја со деца голема нема, бактериите освен од градинка нема од кај да ги закачи, тогаш зошто да го чувам дома кога прва прилика пак ќе закачи бактерија.
    Ама повеќето јадат блендано, факт е, а и полесно им е, не знам дали си видела како ги ранат...
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.878
    Допаѓања:
    77.373
    Пол:
    Женски

    Мене сосема исто ми е дете со бронхит и што кашла (од бактерија) и дете без симптоми со бактерија, и тоа и тоа ке пренесе на друго дете! Вируси е друга работа веќе.

    А тешко дома да имам мораксела и стрептокока, јас во Септ двете деца здрави со чисти брисеви ги пратив во градинка. И градинката може да биде стерилна како дома, а и треба...
     
    На Girl-Rabbit и kukla21 им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Ова со брисевите е стварно претеризам и само кај нас го има. Прашајте мајки од други држави дали некогаш правеле брисеви на децата, дали вие како мали се сеќавате некогаш да ви земале брис заради растечено носе. Никогаш! Триесет години сум и прв пат ми земаа брис на санитарен преглед од работа, бидејќи работам со храна. Сестра ми е 28 и никогаш и немаат земено брис. И двете сме оделе од 2 години во градинка, антибиотик имаме пиено 2-3 пати во животот. А сега што се случува, ќе му се растече носе малку, ќе се закашла, оп брисеви, оп антибиотик.... а со тоа само им се ослабува имунитетот на децата и за 2 недели пак ќе се разболи и пак антибиотик....и така во круг кој никогаш не престанува.
    Бактериите се насекаде, не можеш да ги избегнеш, носот е отворен орган, чудо е кога нема бактерија, а не кога има. Мора малку посмело да се работи на имунитетот на децата, не може да се лекуваат ради превенција. Некогаш мора да се остави организмот сам да се избори. Ако нема симптоми за жива глава не би му дала антибиотик.
     
    На slobodka, Chantal, Coco31 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.415
    Пол:
    Женски
    Ама доктор не ти дава боледување за бактерија која не развила тт и симптоми, кој да го чува? Не е болно, ни нос тече, ни кашла, ако не се рутински некои проверки нема ни да знаеш дали има бактерија а може да ја има нели.
     
    На fana и Annath им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.878
    Допаѓања:
    77.373
    Пол:
    Женски
    Да ама прашај ги во другите држави какви се градинките.. :) Немора за бакт во носе да пие антибиотик, може локално да се лечи.
    @AngelOfArh ама затоа во Септ не ви примаат деца без чист брис. Понатака више вие треба да се грижите. Секако дека нема ради реда да правиме брисеви. Нека не ги бараат тогаш воопшто ни тие брисеви во Септ и нека примаат деца и болни, кога ги пуштаме веќе на јачање (facepalm)
     
    На Girl-Rabbit, PinkGirl*, Coco31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Кај нас не бараат брисеви повеќе. Знам дека кога големиот одеше во градинка само еднаш побараа, и оттогаш веќе не е практика. Пошто знаат дека не е во децата проблемот, туку во градинките.
     
    На Coco31 и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Наместо да притиснеме ние родителите да се поработи на градинките, да бидат со подобри услови, редовно да се чисти, да има поголеми прозори за повеќе светлина, без теписи, пердиња и глупости, да се отворат повеќе градинки да не се бутаат триесет деца во група, ние си се тешиме имунитет дека граделе.
    Дете до три години секој ден труено со антибиотик, па и понатаму, ама битно имунитет граделе. Морало да се помине, па морало да се помине.
     
    На Ambra20, kalinaka, Girl-Rabbit и 3 други им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.415
    Пол:
    Женски
    Е тука те чекав. Со добра тоалета, превенција и хигиена се избегнуваат бактериите. Ама како што еве и Реин се надоврза, треба и градинките да работат. Кај нас чистат секој ден после градинка со Кирби, искрено задоволна сум.
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    Јас сум изгледа единствената глупача што не носи болно дете во градинка. За бактерија да не правам муабет. И известувам во градинка :!: и на вибер групата на родителите кажувам :?: Сметам дека е исправно и ќе продолжам така. А вие како сакате... само не се жалете после од градинките и дека нонстоп ви биле болни децата. Вие придонесувате за тоа! И не, не сте ништо подобри од тие што носат болни деца, исти сте!!!
     
    На Girl-Rabbit, PinkGirl*, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.878
    Допаѓања:
    77.373
    Пол:
    Женски
    Исто. Вчера ги известив и никој не пиша ништо. А две бактерии има малава, нема шанса да нема друго дете..
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Стерилни сигурно не се, верувај, Дани баш пишуваше кога ја носеше ќерка и на адаптација како сите деца биле со зелени мрсули до колена.
    Чистењето е битно, секако, но пак е моментално, децата си одат дома и утредента пак се враќаат со нови бактерии и си ги разменуваат меѓусебе.
    Многу е побитно темелното миење раце на пример, после одење во ВЦ, а прашање е дали воопшто им ги мијат рацете, потоа изнесувањето на чист воздух секојдневно, а кај син ми пример никогаш не ги изнесуваат бидејќи нема двор... итн
     
    На Chantal, duffi и Annath им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Јас си добив совет од матичен педијатар дека дете слободно може да оди во градинка ако нема температура, пролив и повраќање. За детето е подобро така. Ако таа вели дека може, зошто да го чувам дома? Секако не можам да го стерилизирам, кога градинката е расадник на бактерии. И чист да оди, за неколку часа пак ќе фати нешто. Тоа е.

    До скоро се бунев за секоја неправда, престанав, џабе јас дигам глас, кога сите други седат пасивни, па и јас станав пасивна. Искрено, веќе не се замарам.

    @Lolipop23 чист воздух. Смешка! Луксуз е тоа.
     
    На eli25, Chantal, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Мојот е прва јасли, јадат пасирано. Истакнато е и на мените дека е пасирано.
    Имаат бебе од 9м, за него мајката носи од дома оти они не се нафаќаат на блендирање.


    Кај нас се претерува со брисеви и кр слики. Кои впрочем валидни се првите 24 часа.
    И не значат ништо. Освен во даден момент кога детево е болно.

    Во ниедна друга земја не се зема брис и крв туку така и не се лечи секое второ дете со антибиотик. Намалениот имунитет доаѓа од тука. Оти бактериите се се повеќе имуни.

    На нас ни треба комплетна промена на се.
     
    На Ambra20, Chantal, Girl-Rabbit и 6 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.415
    Пол:
    Женски
    Јас немам мака со бактерии, да напоменам, ама што кога дете ја има со месеци, не сме провериле брис, случајно проверуваме и излезе бактерија, а тт нема, мрсули нема, не кашла, не кива, најнормално се, ама ете бактерија за која ко што знаеме ете Авицена и од тепка си ги пишува (случајот на @TheSecret ) Како јас на доктор да му кажам дај ми боледување кога тој не може ни системски да ми го отвори бидејќи немам дијагноза, немам ни терапија, за што боледување? Иначе јас случајно проверив првата година брисеви кога ни требаа за да испитуваме друго и излезе некоја инфлуенца, ја решивме со физиолошки и ацидосалус и тоа ни беше последна бактерија, не го носев тогаш во градинка бидејќи им кажав на негователките и они бараа чист брис, што е нормално, ама моето дете немаше фатено бактерија дома туку во градинка, требаше значи на сите да бара. Арно вика Реин, глобално треба да се реагира, и игротеки и градинки и амбуланти сите да вадат редовни брисеви, да се дезинфицира, да се чисти, да се работи на превенција а не да се лечи само.

    Кај нас учат, дете почна да покажува како мијат, како ги држат рацете за да не им капе да се лизнат, многу сум задоволна од тој поглед. Без да измие раце не седнува да јаде, после јадење исто мие, мие и после нужда.
     
    На Girl-Rabbit, Lolipop23 и Annath им се допаѓа ова.
  19. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    (y):clap:(y):clap:
     
    На Girl-Rabbit, Coco31, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    И јас имам ваков совет и го практикувам, ама... едно е настинато дете, а сосема друго дете со бактерија и со терапија, а родителот свесно го носи во градинка. И уште се фалат!!! Или со температура...
     
    На Girl-Rabbit, Coco31, mariz и 5 други им се допаѓа ова.