Кога дојде ред да се развиваат цели стратегии за чист брис, замислете тоа и го кажал на мајка вработен во институт за јавно здравје, хлорамфеникол во носе пред брис, онда замислете до кај ни е свесноста. Или кога добиваме од една од најголемите лаборатории во градот позитивни брисеви на бактерија како МРСА и истите се невалидни, мислам...
Јас разбирам дека некои навистина немаат кој да им ги чува децата. Ама да носиш дете со бронхит во градинка? Незамисливо.
Не знам дали сте го прочитале коментаров што ќе го постирам подолу во спојлер, од еден доктор во пензија кој често коментира на стаатите на сајтот педијатар.мк, за како било порано во градинките и каков бил системот за болни деца. Спојлер Kliment MatoskiВо раните осумдесетти години ( 1976 г. првата и 1979 г. втората) во Струга, по барање "нацрт проект" од нас тројца педијатри беа изградени и отворени двете детски градинки со јаслици за бебиња од седмиот месец. СЕКОЕ ДЕТЕ МОРАШЕ - наутро да помине низ посебниот влез кој водеше преку "санитетскиот"оддел. Сите тројца педијатри но заради мојата ангажираност јас најмногу, повеќе од 10 години, ЗАДОЛЖИТЕЛНО погледнував а по потреба вршев преглед на секое дете. При постоење или сомнение за некакво заболување, ги одвојував децата. Имавме 3 посебни собички -ИЗОЛАТОРИ- со по 2 до 3 кревети и вработена медицинска сестра, та тука ги сместувавме децата. Ако родителот носеше лекарства им ги дававме на болните. Ако беше ново откривање, тогаш пишував рецепти а родителот ни ги носеше во градинката. Потешко болните ги враќав дома а на еден од родителите им одредував боледување за нега на болно дете. На овој начин максимално се спречуваше ширење на особени вирусните инфекции кај другите дечиња. Во градинката останував околу еден час - од 6,30 до 7,30 часот утрото. Потоа си одев на работното место во Мед. Центар. Оваа активност покасно ја продолжија мои помлади колеги. При влошување на состојбата на некое дете, ангажираната мед. сестра со моја консултација телефонски, ги повикуваше родителите но тоа беше ретко. Терапијата се делеше како да се децата во болница. Незнам каква е состојбата сега ама мислам дека само на ваков начин може да се спречат или барем во многу да се намалат "кружните" меѓусебни инфицирања на децата во установите - градинките. Во училиштата имавме школски амбуланти со лекарска екипа со ЦЕЛОДНЕВНО работно време. Тврдам одговорно дека овој принцип на работа е значително поефтин отколку да се прават трошкови за лекување а другите ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ се неспорни. Жално е што веќе еден максимално органузиран систем, дел од здравствената заштита -СОСЕМА ЗГАСНА. Со почит дедо доктор Климе од Струга.
Мајка ми ми има кажувано дека за мене бидејќи сум била болежливо дете носела секогаш терапија и сум примала од учителка. Нормално не се сеќавам, ама она кажува постоела ваква соба. Јас сум 87ма, што значи од 88ма до 93та сум одела во градинка, јасли и претшколска. Тоа тогаш било “нормално“
Јас го носам и кога е под терапија со антибиотик, и тоа уште од третиот ден. Не се гордеам, ама детето веќе и ја нема бактеријата после две до три дози. И сосем здраво дете без симптоми имам третирано со антибиотик од што морав, не од што сакав. Да го чувам дома? Не би.
Супер е вака како што било. Ама веќе немаме ни кадар што ова би го правел, ниту услови, ниту пак нешто ќе се подобри. Градинките се последна дупка на свиралото на работите што не чинат, а ние може овде само да се препукуваме кој какво дете однел. И ништо нема да се смени, за жал. А децата треба секогаш и секаде да се на прво место. Ама кај нас секако се е наопаку.
Кое изнесување на чист воздух кога последнава недела се отрувме од "воздухов". Јас од вчера сум со антибиотик од шетање на "чист воздух". Во групата кај син ми имаат прочистувач на воздух, но за жал дур стигне и се врати од градинка го дише надворешниот воздух загаден и смрдлив кој гуши. И нон стоп да ги чистат и дезинфицираат градинките џабе е се. Надвор ни е хоророт. Би се надоврзала на муабетот за носење болни деца во градинка или надвор. До пред извесен период кога и да се разболеше син ми на сите им кажуваше дека е болен. Се тргаше од дечињата пред зграда за да не ги разболи. Арно ама само ние сме биле осеќајни за другите. Сите ми се чудеа зошто не му дозволувам да си игра со дечињата кога е болен. Требале да створат имунитет Кој бре имунитет да створат од гаден стомачен вирус од кој дехидрираше? Па жал ми е и друг да поминува низ истото. Но не. Повеќето се со тој став за градење имунитет. И последно кога му се растече нос од морска вода му реков дека не е болен туку настинат. Но оди објасни му на дете што е болест а што настинка. Он пак си се симна пред зграда и на сите им кажа дека е болен Еве го сега веќе сфаќа дека течење нос не е болест. Ама лепак е за деца шо кашлаат и тоа саглам и имаат зелени мрсули до колена. Се со нив обожава да си игра. Па видов не видов си викам ај да пробаме и ние така да јачаме имунитет. Белким ќе се навикне на сите вируси и бактерии. Пошо само ние сме изгледа осеќајни пред зграда на сите да кажеме кога е болен. А другите си молчат иако знаат дека детето им е болно. Епа од кај тогаш моето се разболело?
Најнаопаку во градинките е кадарот. Не се работи по норма пишана во закон каде една вработена треба да чува 7-8 деца. Во тој случај групите би биле со 2 вработени со 14-16 деца. А не една вработена со 43 деца. Што е многу, многу е. Наместо да се вработуваат нови учителки, они и кога старите ќе отидат во пензија или на боледување, оставаат една вработена со 40 деца. Жалосно.
Супер ко така, дома го учам и јас нонстоп, ама кога ко прашувам за во градинка ми кажува дека не им ги мијат рацете и дека не им даваат да ја фаќаат чешмата. Вие пак во поголемите градови сте ептен за жалење со загаденоста, ние сме на село овде воздухот колку толку е почист. Јас кога е болен го чувам дома, не излегуваме на улица тие ден два. На воздух во двор и пак на комшиките мајки ќе им кажам дека синко е болен да не ги пуштаат нивните кај нас. Има некои што ги сопираат, но има некои што ги пуштаат и покрај предупредувањето, велат - И онака до вчера биле заедно, сигурно до сега и моето фатило. Погодете кои деца се поболежливи???
Кога е болен го изнесувам на прошетка, да го фати воздух (ова летен период и по препорака на германските доктори на @danichap ) но не може да ги избегне дечињата од маало бидејќи си играат пред зграда. И одма им најавува дека е болен и ако некој се доближи до него одма бега мојов
А бе кога си во зграда и немаш двор тоа е, мора да го изнесеш на улица да го фати воздух. Душа е инаку штом сам се трга, мојот е многу тажен кога не го пуштам со дечињата на улица, уште не може да сфати дека е преносливо.
Он сам се трга од дечињата од пред зграда, само тогаш највеќе сака да ја гушка и гали сестра му @AngelOfArh гледам доста го фалиш ацидосалусот а кажуваш малиот имал бактерија. Јас по консултација со педијатар го користев подолг период но детево на секој брис имаше бактерија. Ја прашав педијатарката викам како може да има бактерија кога шприцам ацидосалус. Одговорот нејзин беше дека е можно да не му одговара спрејот и да се храни бактеријата од него и точно излезе. Како престанав да шприцам ацидосалус така сите брисеви се негативни. Сега за растечен нос му ставам спреј од диво оригано и супер е. За 4-5 дена ги снемува мрсулите.
Ама мислам веќе забегавте темата. Зборуваме за дете со бактерија во нос, и никаков друг симтон освен растечено носе. Господе боже, па уште судиш сме се фалеле... Е на ова и да сакам нема да искоментирам. На една мајка и викаш се фалела оти имало бактерија детето. Тоа не те прави паметна, туку неемпатична. Едно е БОЛНО дете, кое едвај стои на нозе, омалаксано,и да го носиш во градинка, а сосема друго е дете здраво, игриво, весело, само течи носето, иако ПОД ТЕРАПИЈА само поради некаква бактерија. Ама твојов коментар не ти е на место као демек дете под терапија, со единствен симптом е растечен нос, е полошо од настинато дете кое кива, кашла, може и главоболка од настинката да има и е омалаксано. И сета таа етикета само затоа шо било под терапија. Ама како шо претходно во коментар спомнав, тоа се само паметувања на два типа на мајки : кои не искусиле такво нешто па даваат памет иако во пракса поинаку би реагирале.И втор тип на мајки кои имаат во секој момент особа која е достапна да им го варди детето, па и за едно кивање не го пуштаат вградинка.А да немаат, да се сами, да работат, не верувам дека на едно кивање од детето, одма ќе бараш една недела боловање од работа, а пази зимата пред нас, а растечиња носиња нема да престанат. Е ај да откажиме колективно сите од работа, за при секое мрсулче да можиме дома да ги чуваме, па така и ќе се намалат и бактериите во градинка. Пробајте ставете се на туѓото место, и од таа фаза на свест давајте совет, ккко вие би постапиле, кко би се осеќале да сте на местото на другиот.
Бактерија е бактерија. Твоето може ќе ја помине само со растечено носе и ќе личи на настинка, но ќе ја пренесе на друго дете кое ќе гори 40 тт и ќе пие антибиотик. Ти нема да земеш боледување зошто супер ја поднесува бактеријата, но друга мајка ќе земе боледување и ќе ги прошета сите докторски врати за да го излечи детето. Ем ќе и одбијат од плата за боледување ем ќе се изнадава куп пари по доктори. Кога прв пат фати бактерија син ми, лечев локално со цитерал. Е после му се влоши ситуацијата па во месец и пол испи 5 антибиотика. И правевме доста испитувања зошто имаше и осип по телото. Според тебе во ред е да се носи дете во градинка со бактерија бидејќи само му тече нос. А од носот млеко му тече или бактерии за другите деца? Бидете малце совесни и према другите деца и родители.
Ај па вие ставете се од другата страна. Ете кај вас нема симптом, ама ќе ја фати моето и во Козле ќе заврши. Емпатијата вас кај ви е? И кој прави брис без симптоми? Како тоа правевте брис од чиста мира и има детето асимптоматска бактерија?! Мора да има тригер зошто сте правеле брис. И јас повлекувам дете од градинка кога има бактерија. Не и е место таму. Не само ради неа, туку и заради другите
Кај нас делува и тоа многу, прскам спреј физиолошки па ацидосалус, после градинка само физиолошки. Докторка во аптека вработена ми има кажано, физиолошкиот е најбитен, тој е како миење на носот со вода а Ацидосалусот на чист нос ствара филм, заштита да не се лепат бактерии. Прскам Ацидосалус сега во ризичниот период по 2 пати на ден, сабајле вечер, ама обавезно прво физиолошки, го зимам тој со слончето како дезедоранс. Јас правев бидејќи правев и пнеумослајд, за ако е бактериски да знаеме како да лечиме. Пнеумослајдот покажа вирус, а брисот бактерија на носе инфлуенца. Бактеријата не правеше проблем ама вирусот не откорна после некое време.
Ај отворете тема соодветна на разговоров од утринава, бива? Мислам дека премногу оф топици има за читање...
Тоа е точно. Секое дете различно прифаќа. Муабетот ми е, дека џабе јас ќе го чувам дома, ќе го оздравам 100%,после вториот ден в градинка пак иста песна. Верувај сум поминала и низ тоа шо го опиша ти, буквално. На 1 год 10 мес почна да оди, 3 дена в градина 3 недели дома додека скроз не е чист и здрав. Точно на третиот ден пак истото. Пак 3 недели дома. Одев на работа и имав кој да седи со него. Сега сум во друг град сама со сопругот. Неможам да го чувам дома, а детето си е ок. И јас треба да заработам. Ако го чувам дома тогаш удира на мојот џеб тоа. Ако сме искрени и отворени ќе си признаеме дека сите пред се, гледаме за себе и за своето дете најпрво. Ете мажот ми платата шо ја зема, 90%ја даваме за кредити пример. Значи мојата плата е неопходна(не работам моментално ради детето шо сакам убаво да си земи ред в градинка, но ќе почнам скоро) Затоа велам дека не треба да се суди, да се ставаат етикети. Така да, моето дете ако е се ок, палаво, игриво, весело, како шо секогаш е, и покрај терапијата за бакерија во нос ќе го носам во градинка. Луѓе, не ја знаете приказната зад нечие лице и име. И јас бев против ова, претходно спомнав дека постојат два типа на мајки шо паметуваат. Први шо не доживеале, втори шо имале некој да им го чува макар и да кивне само. Ете јас бев од тие вторите, и јас паметував дека смее само 100%здраво дете да се носи в градинка, ама енергијата шо ја даваме ни се враќа. Добра или лоша. Мене ми е ова лекција за тоа шо порано како вас паметував, затоа шо сега немам ни 3 мин кај да го оставам. Се наоѓав и на таа страна и на оваа. Од многу одамна пред да судам, се ставам во туѓата кожа и си поставувам прашање "Што ако"?