Да не се правиме луди. При присуство на бактерија секретот од нос е со друга боја и има мирис. Ама ок. Тоа се само мрсули.
Многу ме интересира кога детето го повлекувате од градинка, кој го чува тие неколку дена додека е супер детето, ама еве зема терапија? Да имам и јас некој да ми го чува на секое кивање и јас би го чувала дома. Но дали вие некако помисливте на тие шо никаако немаат кој да им ги чува? Како да се снајдат тие мајки?
Иако имам кој да го чува, секогаш земам боледување или денови од одмор. Се комбинираме со сопругот за чување. Болно дете не би да оставам баби да го чуваат. Зошто мојов кога е болен само мене и мм не бара.
А што е битно кој е. Секој ќе се снајде. Кога има вирус кој го чува. Ако се има свест се ќе се организира.
Моево моментално е со растечен нос ама процирно само, вчера докторката ни кажа можеш слободно ако нема температура да го носиш. Нити брисеви ни крвна слика не ми кажа да направам. Јас не го однесов и дека кашла ама тоа му е од мрсулите кој се слеваат го слушна на гради чист е. Вака си е весел си игра. Од понеделник ќе си оди нормално освен ако не покаже некој друг симптом. До сега докторкава не ни дала упат за брисеви така да искрено не ни знам дали има или нема..
Како и да е, темава избега од контрола, и јас бев на ваше место, не оправдував ни за едно кивање не го носев, никогаш неможев да разберам како немаат кој фа им ги чува кога некоја мајка ќе ми речеше морам да го носам, но јбг карма ни дава лекции, па затоа сега ги сфаќам тие мајки, и не ги судам, ни тие шо ги чуваат дома, ни тие шо ги носат. Така да, нека се живи и здрави сите дечиња, секое добро за сите, доста е, темава ја загуби смислата
Јас плаќав жена да ми ги чува. Ќе се снајдете. Заради ваша неодговорност не се должни други деца да страдаат. Едно е течење нос, а друго е бронхит.
Бронхитот не мора да значи дека е заразен. Може и алергиски да е. Течењето нос може да е позаразно ако гледаме така. Секоја ситуација е индивидуална.
Сепак, не се должни другите деца да страдаат. Син ми кај што оди бараат документ дека е здрав. Инаку, ќе си го чуваш дома додека не оздрави. Имаше една неубава случка па затоа се одлучија на таков чекор.
Абе од мрсули до мрсули има разлика. Ко што пишаа погоре едно е поднастинато со прозирно мрсули. Друго е жолто зелено мрсули. Но секој со својата проценка. Во нашата градинка е тоа добро решено, докторката нон стоп е ангажирана, они сами знаат да ти побараат да го однесеш на лекар, или резултат од брис да донесеш. Имаат толеранција ден два дур не донесеш. И мене ми се свиѓа таквиот став. Јас искрено со нормални мрсули носам, со густи не носам. Со поткашлување да, со кашлање не. Ако имал температура, макар и 37, со нешто НЕ,и кога е под терапија со антибиотик не. Пред се моето дете да си го заштитам. Кога ги има сите овие симптоми значи организмот се бори со нешто,имунитетот му е паднат, па не ми треба уште нешто да залепи. Те разбирам за чувањето, но тоа е. Јас детето си го знам ,ако кашла и не го стопирам тука ( малку да е изолиран) оди уште понатаму работата и тек тогаш ќе имам проблем и со дете и со чување, зошто многу подолго време ќе лечиме спуштено на плуќа.
Јас и без симптоми со тт 37 не носам дете во градинка. Седи дома, па тек 2 дена ако не качува и не појвила други симптоми ја носам. Со тт и мрсули и недела дена седи дома. Односно колку што е потребно. Ама, ако се сомневам одма проверувам, брис, кс.. па ако е се ок пуштам. А имам другарки кои вечерта детето тт 38 сабајле нема и го носи.
Според вашава логика, ако на дете цела зима му тече носот и тоа е единствен симптом, треба да го чувам дома. Значи и јас да седам дома цела зима. Кој ќе ми го даде тој луксуз? Или ај, отказ од работа да дадам.
Ама ај да не се правиме глупави сега со сила! Едно е вирусно, алергиско течење нос, а сосема друго бактериско. И ти како медицинско лице би требало да го знаеш ова. И да, ако вашето дете има зелени мрсули, Т, кашла упорно и постојано, треба да седи дома. Кој ќе го чува, ваш проблем. Еве, ќерка ми месец и пол седи дома. Нит некој ме прашал кој ми ја чува, нит ништо. Се снаоѓаме како знаеме и умееме. А лесно ќе ми беше да не кажев дека има бактерија, ќе почнеше АТБ, ќе ја пуштев по ден, два. Никому ништо. И така е весела, симптоми скоро никакви....
Не се правам глупава со сила. Јасна ми е разликата меѓу различните видови мрсули, ама мене медицинско лице кое знае повеќе од мене за здравјето на децата ми има кажано дека дете во добра општа состојба може да се носи во градинка без проблем. Само кога има пролив, повраќање, температура, и еве, конјунктивит, не се носи. За растечен нос и обична иритативна кашлица не се чува дома. За детето е подобро така. Јас неа ја слушам, се покажала дека е во право. Не им правиме услуга со тоа што ги чуваме дома по секоја цена, заштитени од се. Брисеви за малово не сум правела воопшто, ниту пак ми побарале да го сторам тоа. Сигурно има бактерии, истите и јас ги имам. Јас секојдневно сум во контакт со еден куп различни луѓе, мислиш дека се дезинфицирам пред да дојдам дома? И јас сигурно пренесувам нешто, а немам симптоми. Може и на сопствените деца да им ги пренесам, што дека ќе седат дома, пак да се разболат.
Порано до 9 месеци бебињата го чуваше и медицинска сестра. Она на едниот брат му има спасено живот. Сега има сестра?
Негователката по професија е мед.сестра. Така беше едно време и од постариот персонал се вака останати. За новите не знам. Во нашата група негувателката е мед.сестра по професија. И двете се од стариот персонал.