Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Јас ја оставав колку јас сакав :) Никого не прашав, ја оставив и си дојдов кога јас имав решено. Секако ако плаче и не се смирува ќе ми се јават.
     
    На Sandrin4 и eli25 им се допаѓа ова.
  2. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Женски
    Прво : По професија сум учителка така да сум ги учела сите методики како и шо со деца
    Второ: Сум работела и сум чувала 20 деца, од комбинирана возраст од 2до 5 год, така да добро знаам како оди се, зошто велат да се чува дома, и како мајките реагираат на тоа. Сум видела случаеви каде едвај преживуваат, самохрани мајки, а мајката мора да оди на работа за да донесе приход, и никогаш не седеше дома само затоа шо носето му течеше, дали со бактерија или не, не знаевме, но детето беше супер, и го чував. Дали е ок, и таа да гледаше за другите деца прво, после за своите, и за тие 1500 ден шо ги плаќаше, изгубеше работа со која во моментот му обезбедуваше леб на децата, облека и слично?
    Трето: Сум медицинско лице, па вероватно знаам многу повеќе за "бактериите вампири" отколку повеќето од вас, бактерии кои и не се толки страшни кои вие толку ги правите.
    Еве сега моево дете е цела нок со температура, со повраќање, и секако во таков случај нема градинка, зошто не е ни способно да оди. И сега да ја тужам нели таа мајка шо го пратила нејзиното, па го префатила моето?
    Зли сте луѓе, судите, паметувате, прирпден нагон е сфаќам за да се покажете колку вие сте подобри мајки, да си ја крените вредноста.
    Не сум, бев, ама шо ако сега бев самохрана мајка дама на свет со детето, која едвај нашла работа, само еден месец, и да му речам на газдата дај ми одмор оти детето треба да пие антибитик 10 дена, а инаку си е супер. Е не би жени, ниедна не би во таква ситуација НИЕДНА! Туку ќе гледа шо е можно повеќе да му обезбеди нормален живот на детето, а деновите за одмор ќе ги чува кога на детето како мајка му е најпотребна, еве на пример како денес, со тт, до повраќање, омалаксано кое бара само мајка и прегратка.
    Не бе жени, може сте супер мајки, ама човечност и разбирањето се она кое на емотивно, психичко, и спиритуално ниво ве расте. Ама ретко кој го има.
    Чест на исклучоците кои на мојот пост, прво се запрашаа "шо ако оваа мајка мора така", а за оние останатите на кои прво им се јави егото"чекај сега да види дека јас сум подобра мајка, и наместо да ја разберам ќе и одржувам лекција за мајчинство" за тие немам зборови. Али во животот сета енергија со ја испраќаме ни се враќа.
    Затоа Be kind, do kind things. Се повлекувам од темава, затпа шо боље бити у миру, него у праву ;)

    Зависи од воспитувачките.
    Сите различно работат.
    Ние прв ден ни рекоа за два саати, ако ептен има проблем ќе се јават. Кога го оставив за 15 мин ми се јавија дека се смирил и си играл. Појдов по два саати, негователката ми рече дека е ок детето, не прави проблем може и до 12 ако сакам. Го оставив до 12.Следниот ден до 12 исто. Ако има нешто ако ептен плачи ќе се јават.
    Ти разговарај со нив, немора 15 мин си го знаеш детето најдобро, пробајте саат два. Нека ти се јават ако почне да те бара. Јас живеам на 5 мин до градинка, ама ако ти е подалеку врткај се околу, за да бидеш одма тука ако почне да те бара неутешно
     
    Последна измена од модератор: 31 октомври 2019
    На GirlLove, Sandrin4, wannaBeMomma и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Каква врска има дискусијата тука со мајки/најмајки?
    Јас кога напишав коментар баш тоа помислив, леле каква најмајка сум, сега ќе и пишам (facepalm)
    Бактерии се множат во градинките заради ваквиот став, не заради самата градинка.
    Убаво каша Раин, место да се обединиме и системски да сакаме да го решиме проблемот, ние тука ја тераме водата на "мајки"/најмајки.
     
    На Sandrin4, eli25, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.663
    Допаѓања:
    109.166
    Пол:
    Женски
    Првиот пат од чиста мира испитавме за да видиме да не случајно лупењето на кожата на рацете и нозете е од Стрептокока, вториот пат заедно со пнеумослајд за да исклучиме бактериски инфект и да почнеме со испитувања за алергии. Има и такви кои од чиста мира, дете немаше мрсули, ни тт, ни ништо мора протоколарно да се испита тоа и крај. Убаво рече мајката погоре, не судете, не знаете СЕ!
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    124.680
    Значи сепак не било од чиста мира :)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.663
    Допаѓања:
    109.166
    Пол:
    Женски
    Баш од чиста мира, немавме ништо поврзано со нос течење, мрсули, ни проѕирен секрет немаше. Да речеме привиот пат ајде де, може да има бактерија нели а нема симптоми, ама вториот пат апсолутно не беше поврзано, испитуваме алергии а праиме брисеви. Јас инаку правам брисеви и за вакцина кога боцкам, е тогаш е скроз од чиста мира.
     
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Мора да има тригер. Не познавам некој што прави ради реда, освен нели оние за градинка што ги бараат.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.663
    Допаѓања:
    109.166
    Пол:
    Женски
    Постојат испитувања кои се прават по протокол, да се исклучи со ред се за да може самиот систем да ти даде упат за напредно испитување. Пример мене за пулмоалерголог ми дадоа да направам брисеви, пнеумослајд и крвна слика, откако излегоа резултатите ми дадоа упат за пулмоалерголог. Тоа не е тригер туку процедура.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.402
    Допаѓања:
    90.569
    Пол:
    Женски
    Воопшто не е во ред да се носат болни деца со бактерија,гранична температура ,настинати .
    Заради другите деца.
    Не е во ред луѓе.
    Се носат деца со цели кеси со антибиотици,капки за уво,нос,чуда...
    После неколку дена цела група е болна.
    Јас еднаш вратив мајка што ми дојде со капки за очи и антибиотик,не вреѓаше ,се дереше,не направи лом.
    Кога е дете болно,малку или многу,нека биде дома некој ден,поради другите деца.
     
    На Spidy, kristii, kalinaka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.696
    Допаѓања:
    38.365
    Пол:
    Женски
    Ретко кој го сфаќа тоа. Јас знам како е да добиеш бактерија во нос заради неодговорни. Нека се снајдат. Нивни проблем е кој ќе им ги чува децата. Мене никој не ме праша дали има кој да ги чува.
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Добро да те прашам нешто? Велиш неодговорни, дали ти и сопругот дома редовно секој месец одите да ви земат брис, зашто детето најмногу време поминува со вас, а можеби токму вие сте носители на бактеријата, а немате симптоми? Можеби од тебе добило детето, а не од градинка, од кај знаеш?
     
    На Cka, fana и eli25 им се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.760
    Пол:
    Женски
  13. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки незнам кај да напишам да прашам па затоа ја отварам темава слободно избришете ја ако веќе има...
    Ме интересираат еден куп работи околу градинките....
    *од која возраст почнавте да ги носите во градинка?
    *како се навикнавте ?
    *тие што доите, како издржа малечкото неможе само водичка да пие и каши да јаде?
    Најискрено може ќе ме осуди некоја мајка ама јас лично сметам дека подобро ќе поминеме ние ако ја одбијам од цицање пред градинка, ние додека не фатиме цице не заспиваме цуцла лажливка не сакаме дури понекогаш од цуцлата на шишето се гади, а мора да оди јас се враќам на работа морам а ич несакам.
    Од 1март почнувам јас а планирам од февруари да оди она за да го поминеме тој период на адаптација додека сум дома да и дадам време несакам да ја напнам наеднаш....
    Има време ама документи планирам уште сега да подадам бидејќи нема место би се нафатила јануари да го платам само креветчето само да ни стои местото... Поздрав мајки
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.663
    Допаѓања:
    109.166
    Пол:
    Женски
    Не знам во која општина си, ама ако не си во Карпош ако сакаш од јануари да ти почне детето касниш побајаги. Место нема ни за лек. Јас дете запишав на 4м за да тргне на година ипол, во општина Ѓорче. За одбивање не ти треба да го одбиеш, ќе цица колку сака и кога сака кога е дома, таму ќе се научи, како сите деца така и тоа.
     
    На Girl-Rabbit, Spidy и Мецаа91 им се допаѓа ова.
  15. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Од Велес сум, адаптирано дали ќе и даваат ако им однесам бидејќи се дохрануваме т.е пие по еднаш само
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.771
    Допаѓања:
    145.280
    Кај нас во градинка даваат. Јас носам.
     
    На Мецаа91 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.696
    Допаѓања:
    38.365
    Пол:
    Женски
    Да. Редовно одам на контроли. А знаеш зошто? Затоа што имам работено во градинка и знам како е да закачиш некоја бактерија, или не дај Боже некој вирус. Јас и сопругот ако имаме негативен брис, а детето појде во градинка и закачи бактерија, од мене е или од некој друг?
     
  18. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Носиш се така шише вода и млекото, јас и давам Бебелан млеко и Бебелан водичка и зимам, абе чудно ми е претходните две керкички само со АД бевме и на 5ипол м им давав веќе обично млеко сеа доам и како прво да ми е се осеќам ново искуство за мене
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.663
    Допаѓања:
    109.166
    Пол:
    Женски
    А што ќе ти е млеко тие 8 саати? Јадат таму, доволно е сосема.
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.696
    Допаѓања:
    38.365
    Пол:
    Женски
    Ви дозволуваат да носите млеко во градинка?