Ако имате потпишано договор тогаш мора да го примат, инаку само тужба, пушти им адвокат, телевизии не ти требаат.
И да се буниш.Јас моето го носам во април ми вика нема место донеси го во септември Отидовме до кај директорката па среќа не беше како вашата.И одма воспитувачката ни се јави и почна да ни се извинува и утре да сме го однеле.Значи како одма се најде место.Ќе кажат така на неколку па они да си бидат по релаксирани
Сега на 11 ноември ќе прави 4месеци, бидејќи нема место по градинките уште сега ќе дадам док.ако треба ќе го платам креветчето месец или два....
Дете со помалку од 8 месеви не примаат во градинка. Познавам неколку кои ги запишаа децата откако наполнија 40 дена. Страшно време дојде. Да не можеш да запишеш дете во градинка. Јас за 2 месеца ги запишав моите. А има и такви кои чекаат и по 2 години за упис. Моја комшика даде отказ на работа затоа што не и го примија детето во градинка.
Ако немаш никој да чува или плати жена за неколку месеци или носи у приватна, таму може и од 3 месеци мислам. Има една жена на 3 бебиња. Имаа едно од 5 месеци, од раце не го испуштаа цело времо, така што безбедно ќе биде, а ако доиш дај им твое млеко, имаат фрижидер за мајчино. После 9 месеци префрли го во државна.
Да се пофалам денес од 9 сабајле ми се јавија од градинка, дека сега ИМАЛО ПЕРОНАЛ ќе можи од понеделник да почнит.
Не е во куќа. Голема е градинката, со огромен двор. Баш и личи на градинка. Мислам дека името и е ПРОЛЕТ.
Пролет е името на сите тие градинки мислам, не сум сигурна дали е на цело Карпош, само клоновите се различни. Во Влае знам за таа и за таа кај Димо што е реновираната. Сеедно во Карпош ако си по реонизација Ѓорче се влага само со тешки врски. Еве во моментов слушам за реонизација и изгледа ќе се актуелизира пак.
Оваа е по улицата позади ЗУР, старо Тедико. Има и кладилници и Еурофарм, тука е. Кај Димо не сум чула за градинка да има. Тешки - лесни, не примија некако, ептен ми е блиску. Преку улица малтене.
Чим ве примиле супер, мислев прашуваш дали примаат. Не очекувај многу и презадоволна ќе бидеш. Поубаво од градинка нема, социјализација, учење, се добиваш.
Знам тоа... Мислев конкретно некој што е таму што оди да каже некое искуство. @EuHenIa мислам малите и се таму, ако не се лажам.... Извини ако сум грешка. Јас само ја префрлам од една во друга. Не дека во првава многу одеше ама задоволна бев. Пројдена е пола година од коа одеше... Исто ко од почеток ќе ни дојде.
@TeddyGrey да таму одат моиве, јас сум презадоволна, мада малово не оди веке 3 месеци оти се разболуваше често. Групите не се големи, воспитувачките се супер, не сум имала проблем никаков. Немавме проблем ни при упис. Зимно време им е топло, лето се климатизирани, обавезно ги изнесуваат во двор на играње кога е убаво времето. Јадењето е добро, двете мои супер си јадат. Незнам што друго да ти кажам, се на се ние сме супер задоволни од градинката.