@TeddyGrey колку направи твоето? Мислам дека со Неда моја се тука некаде или се лажам. Неда во јануари ќе направи 2. Може ќе се во иста група. А и комшики ќе да сме штом ти е толку блиску градинката
Комшики сме тоа знам. Од на Петко концертот коа беше на плоштадот знам спомна. Мислам дека ќе се утнат со групите. Ќере ми е година и 3 месеци.
Така се прават групите. Пример ќерка ми е во група со сите родени 2017. Има дечиња сега ќе полнат 3 (јануари), а моево допрва 2 ќе прави
И јас се спремам за на телевизија . Моето работно време е до 16 час а да стигнам до градинка е околу 16:15 и нон стоп ми вршат притисок да го земам порано за да не го оставале на дежурна и уште ми викаат па излези порано од работа мора да се жртвувате за децата . Бог да чува
А што е тоа дежурна? Некоја жена што само ги чува додека некој ги земе, или е воспитачка/негувателка? На денешно време не знам кој се прибира дома пред 5. Кај и да работиш, во 4 е огромна гужва. Освен пешки ако не одиш, ќе заглавиш низ градот. Таман работа секој ден 15 мин порано да треба да искачам од работа, ќе ме избркаат.
Таа дежурна е неговарелка ,значи секоа недела се менуваат негователки за да останат покасно односно до17 и 30 е сега пошто моево е 14 месеци и било проблем за да останува покасно демек поголемиве деца можеле да го поврдат ,стварно не знам што им е филмот
Значи истата жена може да го чува до 16:00 и магично од 16:01 и ги снемува сите способности да се справува со деца? Глупости невидени. Никој не сака да си го остава детето во градинка повеќе од потребното. Да имало кој да го земе, сигурно немало да трчаш ти од работа, туку ќе го земеле уште во 14часот. Батали ги, изведуваат.
Воспитачите имаат фиксно раб време. Негувателките доаѓаат различно. Ротираат за да има кој да седи со децата. Една од 8, друга од 8.30 и последната од 10. Таа/тие ви 10 што доаѓаат остануваат до 18. Затоа не знам што им е проблемот и ја форсираат мајкава.
И јас се чудам ми викаат снајдисе некако им имам речено 100 пати дека стварно немам кој ама џабе инаку се работи за градинка во Гостивар
Да нема никој во градинката после 16ч и да треба некој да останува после работно време, ај ќе разберам. Ама да било така ти немало таму да ја носиш малата бидејќи не би ти одговарало. Кога има некој задолжен, ова се глупости. Зошто има дежурна воопшто ако сите деца треба да ги земаат порано? Батали ги, ќе зборат некое време и ќе се помират.
Ако ти прават притисок разговарај со директорката. Должни се и твоето да го чуваат како и сите други.