Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549


    Душа :(
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    Od pknedelnik zdravje ke pominam do bliskata gradinka da prasam sto se e potrebno za upis i da go spremam poleka poleka. Mislam deka ke saka da odi ama edno e zelba drugo e realnost :) posakaj te mi sreka :)
     
    На irenna, ivi1987, iki26 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    ние се запишавме во градинка, почнавме една недела по 1 саат па уште една недела со спиење и јадење, за да од утре оди од 7 сабајле до кај 5 и пол, како за почеток се адаптира без никакви проблеми, не плаче кога ја оставам, но приметувам огромна разлика во нејзиното однесување дома, дали е нормална фаза незнам , се разгали максимално, плаче за се и сешто, ако сака нешто мора по нејзино и точка, распекмезување до облаци, незнам дали се должи ова на градинката или нешто друго е во прашање

    има ли некој со слично искуство?
     
  4. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    девојки јас ги прашав воспитувачките на градинката кај што ќе почне ќерка ми за време на адаптација како иде, и ми викаат немаат точно одредено зависи од дете до дете, све различно било. Некои родители им посветиле повеќе време, некои морале на работа па ги оставиле брзо.
    Како е според вас најдобро, од утре почнуваме, колку време останавте заедно со нив, по колку часа останавте. Која е најдобра опција, знам дека зависи и од детето но изгледа и јас ќе морам на работа па немам баш многу време да ја тинтрам.
     
  5. Вини-пу

    Вини-пу Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Денес беше нашиот прв дена во градинка. Едвај седев на работа, цело време во мислите ми беше малата. Замислував дека плаче, не спие.... И кога отидов да ја земам таа спиеше мирно како ангелче. Ја разбудивме и не сакаше да си иди. Не изреагира никако кога ме виде. Очекував да ми се фрли одма в раце но таа само ме виде и си прилегна. Мирна била, не плачела и јадела се. Ми падна камен од срцето :)
    Сега ќе видиме утре каква ќе и биде реакцијата кога ќе ја однесам.
     
    На ivi1987, victoria и artemidis им се допаѓа ова.
  6. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    29.164
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило @Вини-пу
    А која возраст сте?
     
  7. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Од таму ќе ти кажат по колку да останува, аки се заигрува побрзо ќе помине тој период ама и ако немаш време за постепена адаптација сака нејќе ќе седи. Кај нас постепено беше.
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  8. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски

    и кај нас беше скрос исто. Го оставив од 8 до 15 часот.
    единствена разлика е тоа што си го зедов детето како од војна. огромна модрица до окото и 3 модрици со заби на нозете. учителките не знаат ништо викаат не плачел дури кога го легнувале го забележале на главчето, а овие по нозете ги видов јас дури дома. Можеби ќе речи некој ајде деца денес тој утре друго удрено ќе си замине дома, но срцето ме болеше кога видов дека е касан по нозете. Не значи дека ако не плачи треба дома отепан од ќотек да си го носам. само тоа е утре од сабајле ќе одам со огромна замерка до учителките.
     
    На MacenceEna и stilas7 им се допаѓа ова.
  9. Вини-пу

    Вини-пу Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    1 година и 6 месеци.
    Патем Линда најдобро е да ја оставиш до крај уште од првиот ден. Периодот на адаптација треба да биде адаптација на целото време, зошто ако ти ја земеш да речеме во 12 првите денови а треба да ја земеш во 2, кога ќе помине тој период на адаптација и ти почнуваш да ја земаш во 2 ете после пак проблеми. Пак период на адаптација па спиење па нема да спие и така :)
    Леле Донна... па добро кај биле воспитувачките? Јас сваќам деца се ама ако се под надзор цело време нема да има некои поголеми проблеми. Уствари не знам што да речам... и тие не се криви ела допази ги децава како сателити се... не знам стварно што да речам...
    Јас прво што прашав беше да не ги тепала децата :) Кизнај што си помисли воспитувачката хахаха
     
    На Linda.A му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.162
    Допаѓања:
    329.339
    Пол:
    Женски
    Мн е прв ден да се остави дете до крај ,особено ако плаче и е растревожено..
    Дајте им време на децата да се прилагодат.Замислите 2 негувателки и околу 15 дечиња(оквирно).За едно мало дете тоа се мн непознати лица наеднаш.Башка друга рутина,друга храна.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Вини-пу

    Вини-пу Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека децата се лесно прилагодливи, нормално има и исклучоци. Освен тоа, воспитувачките треба да употребуваат методи за побрзо прилагодување на децата. Ќерка ми е со луѓе цело време а и вашите исто, па мислам дека лесно би се прилагодувале на тие непознати лица. За храната верувам дека е вкусна сепак за деца е. Сепак децата (мислам на деца кои се на таа возраст 1+ ) полесно се адаптираат на средина отколку големите. Големите сите плачеа :) тие знаеа кај се маливе уште немаат појма кај се хахаха
     
  12. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    јас само што се вратив. ја оставив малата во градинка. Срце ми се кине, ми се плаче. :( и мене ми треба период на адаптација. Она не плачеше. не знаеше дека ке ја оставам, и избегав. Ама сигурна сум дека после ке плаче и ќе ме бара. Директорката вчера ми дозволи да поминам цело време со неа, денеска ме замоли да ја оставам, само се продолжуваат расплакувањата според неа, кога се сами повќе слушаат и не плачат. Се надевам дека е така... Душата ме боли.
     
  13. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Мојов е година и 8 месеци и тоа како знае каде е. Денес кога го оставав малку поплака, но за 5 минути беше смирен. Не ми се допаѓа начинот на земање и оставање во нашава градинка. Го предаваш на воспитачката на вратата и фала Богу ќе заплачи. Подобро е да го оставаме во воспиталната да си го пуштиш и да си се заигра,но правила се правила за сите важат.
     
  14. Вини-пу

    Вини-пу Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Линда верувај дека е подобро да ја оставиш. Денес кога ја оставив малата плачеше, јас почекав малку и после ја гледав од вратата без таа да ме забележи и таа веќе си играше. Плачат додека не гледаат верувај. Потоа ќе ги залажат, ќе се заиграат и забораваат. Има и исклучоци нормално. Во групата од малава едно имаше што плачеше кога отидов да ја земам. Воспитувачката ми кажа дека цел ден плачело и не спиело. Денес ја прашував мајка му како поминале прв ден и таа вика ами плачел не спиел, тој со нишање заспива.... Ама сепак го остава... ќе се навикни. Ако го зема сега без спиење потоа кога ќе треба да го остава со спење пак истото ќе биде. Мора да помини еден тежок период... вака ако ги земаме ќе го одложуваме тој период.
    Иначе воспитувачката не пофали уште прв ден :) Како в градинка да била родена :lol:

    Милам дека е правилно тоа... детето треба да свати дека ти го оставаш со таа тетка - воспитувачка а не дека го пушташ ко теле на ливада :) Треба децата да осетат сигурност дека иако не се со мајка им сепак има некој кој ќе се грижи за нив. Сепак кога ги земаат ги земаат в раце - во преградки, па сепак тоа е љубов и внимателност и најбитно на детето со тек на време ќе стекне сигурност. Ќе се чуствува сигурно на некој начин.
    Тешко е знам, за нас мајките можеби и потешко ама ќе издржиме :) за нивно добро е :l:
     
    Последна измена од модератор: 16 март 2018
  15. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Нас дада (внука ми, 5 месеци се разлика со син ми) ни отиде во прва мала, а ние останавме во јасли. Сабајле кога ги носеле биле плачки еден по друг, внука ми излегувала од врата, сакала да оди со него во група. Нагло им дојде некако на децава, нови учителки, нова занимална, а синко без дада.
     
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Ние после цело лето плачки и негодувања зашто беа префрлени во другиот дел на градинката ради летни одмори и во иста занимална со јасли,од вчера ги префрлија назад во нивниот дел само се во нова занимална со една од старите негувателки и со една нова и една нова воспитувачка па денес конечно ми рече дека си ја сака новата градника а не старата и конечно мирно ќе седам на работа :) Она среќна со трчкање влезе внатре а јас уште посреќна што пак ја видов среќна и насмеана после цело лето :l:
     
    На Вини-пу му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DanielaXyz

    DanielaXyz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    Кога се уписите во градинките? Јас сакав детето да ми почне во градинка да заврши зимата, дали е можно тоа?
     
  18. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    И кај нас во градинка е така на врата ги земаат а внатре незнам како е и што прават, незнам ни како изгледа занималната нивна ни дали се во креветчиња или се пуштени слободно. Син ми вчера му беше прв ден и седеше 20мин, јас го чекав надвор и кога ми го вратија ми кажаа дека ги гледал како плачат другите деца и тој плачел. Денеска седеше 1час, ми кажаа дека јадел и се заиграл, само пред да ми го предадат почнал да плаче. Со оглед на тоа што не е одвоен досега од мене, мислев дека полошо ќе биде ама ќе се прилагоди. Не брзам да го оставам по цел ден бидејќи сум без работа и ќе го оставам постепено за да не му дојде наеднаш
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. oliolivera

    oliolivera Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    26
    Јас па имам друг проблем со малото во градинка почнавме со спиење ама не си игра со други деца сеуште се држи на страна, дали дека не е научена со гужви бидејки немаме баш многу луге околу повеке беше сама со мене ама ситуацијава ме загрижува.Негувателките викаат дека треба време да се опушти ама мене ме јаде ситуацијата ... Какви се вашите искуства;(
     
  20. Вини-пу

    Вини-пу Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Почнаа маките :(
    Малата вчера кога ја зедов од градинка беше онака омалаксана, нерасположена... реков и се спие и зедов да ја успивам. Само што ја легнав на кревет почна да повраќа. Се јавив кај педиатарот и само што затворив таа пак поврати. И одма ја однесов на лекар. Таму пак поврати. Педијатарот ни рече дека е вирус и ми препиша бактрим, линекс, емесан к, и шумливи таблети. Кога се вратив пак поврати. Цела ноќ и давам лајче по лајче течности. Денес касна малку, пиеше чај и подобра е. Од сето ова и дадов само емесан к чепче друго ништо. И не знам дали да и давам. Синоќа и давав електролити од хумана. Да и дадам пак само електролити? Или да и давам се друго?