А ти фино лепо да им кажеш нема што да брзам. Во договорот пишува градинката работи до 18ч. Ве молам да сме коректни.
Имаат ОБВРСКА да обезбедат негувателка да седи до 18 часот. Тоа што од 16 до 18 ке останат 2 деца и што не и се седи за две деца, па се јавува по родители е сосема погрешно. Слободно можеш да се обратиш до Министерство за труд и социјална политика и да прашаш кое е работното време на градинката, па да се обратиш до директорот на таа градинка со точна информација. ...како да некој сака детето последно да му седи во градинка ! Се однесуваат како да тие мене услуга ми прават, па дури и должник ќе те направат, божем прави нешто специјално за моето дете. Сето тоа и е во рамки на работни обврски и во нејзино регуларно работно време.
И во 5 сме ја земале, и во 3, 4, 1 ... никој никогаш ништо не кажал. Кај 15:00 ги носат во јасли и таму седат дур ги земат. На родителска кога бев имаше деца згрижени до 18:00, така да, немаат никакво право да ти кажуваат кога да земеш.
Od jasli decata ne gi osyavale na dezuren rado bezbednost zosto pogolemite deca mozele da gi povredat pomalite
Значи градинка работи од 6 до 18. Верувам кај сите е така бидејќи и син ми оди во државна. Раб вр ни го нагласија на родителска а ако случајно се плашат да не се повределе онда повеќе нека пазат. Само да си олеснат раб е ова.
Епа нема, ќе реагираш кај директорка. А ако намерно испадне се повредило ќе реагираш дека не ги чуваат доволно. Како тоа тие ќе кажуваат кој родител до колку да работи. Жртвувај се за детето у превод жртвувај еден оброк за него!? Небаре у спа идат родителите. Мене така да му рече ќе ја прашам дали она ќе ни купи вечера.
Дечињата од јасли во 15ч ги ставаат во креветче, ова ако уште не се проодени. Сите други деца ги носат во нивната просторија / занимална. И тука има две жени бар до 16/ 16:30. После останува една - дежурна. Таа една има 10тина деца преку сила, најчесто 3-4. И седи дури не ги земат сите деца. Максимум во 17ч во нашата градинка е изгаснато светлото. Едит. Да се редактирам. Не дека до 17 работат, туку до 17 ч сите си ги земаат децата.
Кај нас дежурната е во јасли, односно после 3ипол ако не го земеме детето ги собираат во дежурна во нивниот влез, после 4ипол во дежурна кај јаслите, ем децата се на куп, ем јаслените кои се најризични се згрижени. Со правилник е предвидено работа од 6 до 6, со тоа што деца згрижуваат до 5, значи проблем нема. Никој нејќе детето да му седи до 5 во градинка, нема избор.
Кој клон? Јас сум презадоволна од Детелинка. И во јасли бев задоволна, не дека не, ама сега во прва мала ми иде секое сабајле да ги бацувам воспитачката и негователката од што сум им благодарна. Учат, поттикнуваат, имаат прекрасен однос. Најмирна сум кога е во градинка.
Ни јас сама не знам сеуште кој клон, само што ми се јавија од градинката и ми рекоа дека ја примиле черка ми (а сум аплицирала пред 1 година и 4 месеци), сега ќерка ми има 2 години и 1 месец