1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Јадење дозволуваат? Затоа и пишав, не знам за во која градинка се работи, овде не дозволуваат скоро па никаде. И реално според мене е во ред, зошто ако почнат така ќе нема крај.
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Дозволуваат. Јас носам АД за моето.
    Имаат бебе 9м за него мајка му носи блендирано.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    На која основа негувателките треба/смеат да побараат од родител да донесе брис од дете?
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.294
    Колку што знам, за германија кажува мајката. Тука може и јадење и ад оддонесеш.

     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Јас за кај нас си кажувам,тука во мое село.:$
    Не прават никакви проблеми, само да им кажеш што носи во ранецот и за што е.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Ако во градинката има заболување предизвикано од конкретна бактерија. Пример, во градинката каде што одат моиве, кога се појави шарлах кај едно дете во групата на големиот син, сите задолжително направија брисеви да се утврди присуство на стрептокока пиогенис. Син ми немаше никакви симптоми, а ја имаше бактеријата во грло. Мораше да прима терапија, оти со позитивен брис не го примаа.
     
    На M&M, Coco31, Bibi30 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Jas imam odneseno ovosje i imam navika da nosam i zemam za site decinja. Dosega mi nemaat vrateno a i na pocetok napomenaa deka postoi varijanta koga dete nesto jade i pie da mu se odnese ekstra.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.294
    Кај нас само лепат ливчиња на врата дека има болни, знам шарлахот често стоел.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Реално и не можеш да искорениш некои бактерии. Ама кај нас се такви правилата.
     
    На M&M и danichap им се допаѓа ова.
  10. Bibi30

    Bibi30 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2017
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.176
    Пол:
    Женски
    Нема никакво заболување, на едното дете му течат безбојни мрсули (кога вадам не можам ништо да извадам) и сега не ми ги прифаќаат ни двете. Викаат брис да напрајме и да донесеме и ќе може да ги примат. 3 мес одат, ова не ми се случило. Ќе праам брис, ако е негативен да барам да ми покаже и од др деца да знам дека се ок? Не ме занима, ама чисто да видам шо ке кажат воспитувачките.
    Кога биле настинати, не сум ги пуштала, ама сега гледам деца весели, ни кашлање ни т ни нишо...
     
    Последна измена: 6 ноември 2019
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Немаат основа да бараат брисеви ако се децата ок. Сите се периодов со растечен нос, посебно децата во градинка. Не значи дека му тече носе поради бактерија, баш периодов е ептен поволен за настинки и вирози.
     
    На kukla21, Lolipop23 и Bibi30 им се допаѓа ова.
  12. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Ана среќа те прочитав па да те прашам.
    Во градинка кај мали се појавило бактерија стрептокока пнеумониа и ни кажаа на сите дечиња брис да им направиме. Завчера на мали му направивме и преска земавме резултати.
    На брис од нос : стрептокока пнеумониа
    На брис од грло : стрептокока пиогенис група А

    Прв пат се соочивам со бактерии па не баш ми е јасно. Се изначитав денес за пиогенисов група А и хорор ми се виде. Кај педијатарката сме утре. Преска кога се чув со неа на тел за да закажам и кога и ги кажав резз и ја прашав дали утре да го нисам во градинка добив одговор Да. И поима немам што да правам. Утре ќе го видела и да го чуе гради како се и да го прегледа. Па според преглед ќе кажела дали треба антибиотик или не.
    Дете си е супер, јаде па и репете бара во градинка, све си е супер освен што на моменти кашла, во некој момент е сува кашлица, а некогаш како со шлајм ( кога како во текот на денот ) , носе од време на време му дувам ако сметам дека има од тоа потреба и секретот е безбоен.
    Дали е опасна оваа пиогенис група А бактерија во грло ( симптоми ете кој се кај мали што ги пишав ) како беше кај детето твое и како ја излечивте? Кој симптоми ги имаше и за колку време ја средивте?
     
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Кај нас ако им се види нешто сомнително ја викаат докторката, она прегледува и пишува што треба. На земање на детето ти даваат потврда со потпис печат од неа ( доколку треба нешто) што да направиш.
    Или она си прави редовни контроли по групите ( бар така ни пренесуваат) и ако и се види нешто сомнително пишува барање. Не мора да е само брис. Конкретно мене ми имаат побарано брисеви. Еднаш да го однесам на доктор да го слушнат зошто она на слушалка слушала крчење и да донесам потврда од доктор.
    Имаш фора некој ден два тоа да го направиш.
    Еднаш ми побараа потврда од доктор зошто детето утрото почнало да ги чеша очињата и благо му се вцрвениле. Веднаш ја викнале др,она прегледал и ми се јавија. Се посомневале на коњуктивит. И потврда од доктор да донесам. Во тој случај ми рекоа без потврда да не го носам. Го однесов на лекар, испадна благо воспаление, стававме некои капки па дете остана дома повеќе денови.
    Гњават, но јас почитувам, страв лозје чува. Зошто секакви не има. Јас лично немам против докторката во градинка да ми го прегледа детето и да ми рече провери ова и ова т.е фала и. Поарно за глупост да ме прати, него нешто да се пропушти. Ете за очите фала и тогаш, зошто до попладнето може уште повеќе ќе се воспалеа.
     
    Последна измена: 6 ноември 2019
    На M&M, slobodka, duffi и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Стрептококите главно се активираат при намален имунитет. Син ми беше здрав, немаше никаков симптом, а имаше пиогенис во грло. Најчесто пиогенисот дава гнојна ангина, имаше мојов неколку пати претходно, ама тогаш кога правевме брисеви немаше. Може да се јави и шарлах, заразно заболување со типичен осип и висока температура. Во групата имаше само едно дете, а син ми беше здрав бацилоносител. Примаше терапија Оспен таблети (оти повраќаше од сирупот) десет дена, после седум дена од последната доза правевме брисеви, беа негативни. Инаку тогаш имаше пет години.

    Инаку јас не знам дали имаат кај нас во градинката доктор, баш ќе прашам.
     
    На Girl-Rabbit и sofi2107 им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Па добро вие нели и носите оброци од дома. Ама вака едно дете пример да јаде кифличе или колаче а другите да го гледаат не ми е убаво, што знам. Јас сакав да однесам костени за сите дечиња испечени, сварени, излупени све, не ми дозволија. Еднаш направив колач со јаболки и тоа прашав ми рекоа не.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Изгледа од градинка во градинка е различно. Кај нас на пример, не е дозволено да се носи посебна храна или ад млеко за детето. Ама па, на пример, летоска неколку пати однесовме во групата кај малото варени пченки за сите дечиња и воспитувачките. Не ги вратиле никогаш. Тиква исто им носиме, исечена на парчиња, само да ја испечат, во кујната.
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.239
    Допаѓања:
    124.402
    Мислам подобро е да не се носи. Да фатат труење децата, кој е крив? Посебно готвено никако. Овошје да. Друго не
     
    На M&M, BoaVista, snegulkata и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.465
    Допаѓања:
    82.105
    Пол:
    Женски
    Државните по правило не смеат да примаат храна од надвор.
    Ниту за роденден.
    Поради можни труења е забрането.
     
    На M&M, Tajnaotrovna и karak им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.332
    Готвено не.
    Овошје да.
    Во нашата градинка , кога имаше родителска, воспитачката кажа дека повеќето од децата во градинка носат чоколадо или пример солени грицки....ама по едно пакетче и дека сите деца јадат и се учат дека нештото треба да се дели.Вели ,,сите по една коцка чоколадо ке земат, зашто знаат дека треба за сите да има и да видите колку се задоволни и со сласт ја јадат,,
     
    На M&M, Girl-Rabbit, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Носат дечињата играчки во градинка? Мислам, кукли, мечиња...