Мислиш да носи и после дома да си врати? Моиве не, ама сум видела носат, мислам во шкафче ги оставаат
Кај нас не е дозволено, како што велат, поучени од ситуации пред неколку години. И ги разбирам и се согласувам со нив. Ќе донесе од дома, другарче ќе сака да го види, да си поигра со него, нема да му го даде и општ хаос. Кај ќе им биде крајот на воспитувачките ако секое второ си донесе нешто од дома. Мојов, а гледам и други, знаат да однесат, ама ги остават во шкаф пред занимална. П.С.Од речиси слични причини, изричито не играчки од дома да дадеме како "донација". Ќе си ги препознаат, па дај ми го мое е, не твое е...
Да, ќерка ми си ја носи Биби куклата и не тргнува од дома без неа. На бегање куклата ни е во ранчето и пак си ја земаме дома.
Па мојот на почетокот си носеше колички ама таму ги забораваше, а ако ги забележеа му ги ставаа во шкафче. А гледам мн деца веројатно поврзани за играчките носат играчки ама не знам дали се со нив цело време не сум обрнала внимание на тоа
И мојата на почеток носеше, зошто со плачки одиме и дозволуваа да.влезе со играчка, но штом се смири и ја ставаат во шкафче.
Дали ги запишувате во повеќе градинки, па кај ги примат. Јас од 3 ипол месеци го запишав, но многу се чека. Имам уште една блиску градинка, па дали и таму да пробам?
Ако можеш, не е лоша идеја. Ама еве јас во мојата населба имам 5 градинки, уписот за сите е во една. Значи не можам да одам повеќе пати да ја запишам, документите се на едно место, ќе видат.
Различни се, не се клонови. Прашав и тоа. Две градинки се клонови,и тие ми се блиску. Третата е друга. Таму кај што го запишав. Тенкју
Majki sto davate za imunitet na 3 godisni deca sto odat vo gradinka,cesto se razboluvanje lani koga trgna vo gradinka, denes sakav da kupam Defendil i aptekarkata mu predomisli vika zemi i ribino maslo Moliers, dali da zemam Moliers ili i Defendil?
Ќе мораш да пробаш, сама да одлучиш. Кај секого различно делува некој препарат. Кај моево дете Дефендил се покажа одличен. Еве тука читам некој воопшто не го фалат.
Играчки од дома не дозволуваат, зашто се тепаат децата за играчката. Но...(секогаш има едно НО) гледам дека на влегување наутро, децата си влегуваат со играчка. Моето дете сака да носи, зашто претпоставувам дека таму секој се фали со своето, само таа нема со што Нашите мечиња и кучиња ја чекаат во кола. Многу работи не се дозволени, но се прогледува низ прсти, лично сметам дека тоа е на штета на децата. Едно дете јадело само плазма бисквити. Едно јаде, 21 дете гледаат Неубаво. Ако носиш, носи цело пакетче. На што ќе личи ако сите почнеме да носиме по едно парче од омилената храна на детето ?
Како бе така советуваат во аптека? Функцијата на Молерс и на Дефендил е сосема различна, од каде до каде сега едното е подобро од другото. Стварно се безобразни. Дефендил е имуностимулатор, Молерс е омега препарат. Моментално давам наутро Фиш оил (омега), Дефендил и Вел бејби(мултивитамин бидејќи не јаде), навечер витамин Ц. Многу е, ама тоа е што е, се штитиме, дишеме многу лош воздух. Во колку часот ви се закажани дружењата со родители, работилници? Многу лошо време е ова, од 2ипол, ај денес ме пуштија ама за друг пат немам лице да замолам. Навистина неубаво. Ќе спомнам на дружењето да се промени времето ако може, ако не нека им е со среќа, сами нека си организираат.
И според мене не е во ред носење храна од дома. Од истите причини, не е во ред едно дете да јаде кроасанче затоа што само тоа јаде, а другите да јадат пример манџа. Колку што знам ова во нашата градинка не се пактикува. Во приватна градинка каде едно детенце не јадело ништо од спреманото јадење за сите деца, знам дека го земале во кујна и таму специјално за детето се давало посебно јадење- пржен компир. Од една страна жално е да седи гладно 8 саати и ајде нека му спремат тоа што јаде. Од друга страна лошо се учи детето. Стално ќе очекува да биде привилигирано, никогаш нема да прејаде друго јадење (а многу деца прејале се баш заради тоа колкетивно јадење во градинка) и не е добар пример пред другите деца да гледат дека не се сите исти во групата деца. Исто милам и за колачи, торти и сл. спремено од дома со повод или без повод, нека нема носење од дома. За овошје, чоколадца и сл. не е проблем и носиме од дома најчесто за роденден. За носење играчки не сум нешто против, а и гледам дека пола од децата носат. Носела и ќерка ми, ама се има случено воспитувачката да и ја земе ирачката и дури пред одење дома да и ја врати. Причина - не било време за играчка туку за некоја планирана активност во градинка. И сосем сум согласна да и ја земат играчката. Инаку баш пред извесен период ни беше кажано да не носат децата играчки од дома затоа што се закачале меѓусебе и не ги давале на другите деца да ги играат тие играчки. Од тогаш наваму почитувам и не дозволувам ќерка ми да носи играчки.
Секогаш постоеле родители кои мислат дека нивното дете е посебна снегулка и дека светот постои за него, ама се знае каде е границата. И моето не јадеше зелка манџа (подварок) на пример, па од глад ја пројаде Плус тоа, 100% сум сигурна дека ако не јаде зелка дека му даваат лепче и јогуртче, некој намаз како замена.