Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    238.432
    Секогаш постоеле родители кои мислат дека нивното дете е посебна снегулка и дека светот постои за него, ама се знае каде е границата.
    И моето не јадеше зелка манџа (подварок) на пример, па од глад ја пројаде:lol:
    Плус тоа, 100% сум сигурна дека ако не јаде зелка дека му даваат лепче и јогуртче, некој намаз како замена.
     
    На M&M, Sandrin4, eli25 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    20.959
    А кога станува збор за приватна градинка и персоналот мора да се понаша како секое дете да е снегулка :rofl: Па сега и сестричето оди во истата градинка, ехееее има компири да се пржи само дечките да се задоволни. Мајката не бара ништо, ама и годи тоа детето да јаде нешто па така градинката ептен им е погодена.
    Чинам овој третман во државна нема да пројде, евентуално лебче намачкано ко шо викаш. Ама ќерето мое и за таква привилегија не спомнала, а и нејзе и е ,,омилено зелка манџа,, :puke:
     
    На M&M, Sexybaby86, PUPICA и 2 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    8.647
    Допаѓања:
    106.222
    Затоа што и Дефендил не е толку наивен како што мислите.. Бета глукан е. А омега е сосем различно и нема никаква штета да се пие. Тотално е полезен за организмот.

    Па ако дојде мајка која чула од на дргарка и пријателка, без белешка од лекар, а не ни знае што е, и јас би го советувала истото.

    Нема тука ништо безобразно. Ја советувале. Ако мисли дека треба имунистимулатор, нормално ќе го добие. Никој не и брани да купи.
     
    На BoaVista, eli25, kikin и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.312
    Допаѓања:
    108.120
    Пол:
    Женски
    Имуностимулатор би давала само по препорака на лекар. На своја рака никако. Јас мислам дека треба да ги даваат имуностимулаторите исклучиво со рецепт. Оти и белја знае да се направи ако има хиперстимулација на имунитет. Едно е да даваш рибино масло, витамин Ц или Б комплекс, ама сосема друго е бета глукан.
     
    На BoaVista, eli25, Septemvri и 9 други им се допаѓа ова.
  5. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    3.419
    Допаѓања:
    6.608
    Пол:
    Женски
    Ima i na prirodna baza imunistimulatori, na primer Protekt junior ampulite so propolis i maticen mlec, toa pominuva nekako bez preporaka od lekar. Eve gi imam doma ama neznam dali da mu gi davam, pie probiotik, vit c, vigantol edna kapka i omega kids, momentalno doma sme ovoj mesec da odmorime zosto se otruvme so antibuotici za mesec ipol, pa koga ke pocne pak vo gradinka sigurno ke gi pocneme i ampulite protekt. Mada nekako ne sum zadovolna mn mn od niv neznam, piese deset dena i pak fati bakterija pa gi prekinavme, Defendil, Kidz imuno i drugi takvi vestacki glukani ne mi se dava rsum pravat so imunitetot. Go uspivaat na nekoj nacin pa koga ke prekines so davanje mu treba vreme da se razbudi. Vestackite stimulatori deluvaat na toj nacin sto oni rabotat mesto prirodnite imunoglobulini a oni da receme spijat, pa koga ke se prekine so niv (zosto neli nemozeme vecno da davame vestacko) malce zafrknato e. E sea epten ako ima potreba ke si preporaca pedijatar, ama i jas mislam deka treba da idat na recepta.
     
    На mariz и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.382
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Двата препарати се потполно различни. Јас имуностимулатор на моја рака не би давала (како Дефендил) и за тоа би барала совет од лекар. Молерс ако даваш ќе треба да прекинеш да даваш друг облик на витамин Д зашто го има во сирупот. Така што твоја одлука е што ќе даваш ама јас сепак би прашала лекар.

    @AngelOfArh кај нас првата работилница годинава беше од 15 до 17 часот кој кога може да дојде во тој период иако претежно луќето дојдоа кај 15:30. Лани имавме различни термини, некои од 16, некои од 15 часот.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.657
    Допаѓања:
    47.584
    Пол:
    Женски
    Да ама она бара за имунитет, а имунитет од омега не се подобрува. Тоа ми е муабетот.

    Јас Бета глукан или Дефендил, дадов на своја рака, ама не би советувала. Едино советувам ако веќе дава да дава подолг временски период, односно 3м, за да види чаре нели, оти од едно шишенце нема чаре. Кога ме прашуваат кажувам што давам, ама не советувам да ме слушаат мене и да тераат како јас што терам. Мене докторот ми рече не треба ништо, он не е присталица за тоа, ама јас не можев повеќе да го гледам детето по 3 пати месечно болно и со антибиотик, па за прв пат не го послушав.

    Јас давам само 3 месеца дефендил, познавам мајка која е советувана од доктор цела година да дава. Кога ќе прекинам да давам не се разболува, не знам зошто мислиш дека ршум прават, буквално цела година е после здрав. Пак ќе речам, не советувам да даваш или било кој да дава, само мислам дека не е дека треба нон стоп да даваш за да биде здраво детето и ете кај мене се покажа тоа како точно.

    Иначе јас сама му ја најдов таа “терапија“ на син ми, Дефендил, Омега, витамински и Ц дополнително, пулмоалергологот ме праша да не сум медицинар, пошто сум ја погодила терапијата, и реков дека имам факултет медицински за мајки завршено, малку од чичко Гугл, малку од читање и многу од досаѓање на педијатарот. На нас еве 3та година ни делува, не сакам да давам ама толку е загадено што ми ја смирува совеста дека јас го трујам со тоа што му давам заштита од овие отроививе многу полоши. За мене Гугл е најмалку меродавен извор и веќе не научи педијатарот оти се препрашувам, и кај него и кај друг доктор. Имам и една докторка вработена во аптека на која баш и верувам.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pepapa

    pepapa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    852
    Defendilot mi go preporacaa od Kozle, koga ja nosev na dezuren bidejki mn loso kaslase. Sega cekam da vidam nasiot maticen pedijatar sto ke ni preporaca da davam
     
  9. PUPICA

    PUPICA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    74.520
    Пол:
    Женски
    После икс ситуации по аптекиве, почнав да ги преиспитувам добронамерните совети на аптекарките.
    Генерално, нудат, препорачуваат „нивни“ производи.
    Исклучок се оние маалските кај кои редовно купувам.
     
    На M&M, Sexybaby86, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    8.647
    Допаѓања:
    106.222
    Што се има на залиха тоа се нуди, со кој се соработува...
    Исти се и лекарите, најголем дел. Тоа ни е здравството. Крш.
     
    На eli25, Sexybaby86, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.657
    Допаѓања:
    47.584
    Пол:
    Женски
    Баш така Пупи, во Зегин зависи кој ќе ти се падне на каса. Обично зимам магнезиум со лкарнитин за мускулна болка, денес во аптека другата аптекарка ми нареди, магнезиум, науробион, бедоксин, бруфен... се едно та исто, кога излезе сите тие препарати што ми ги нареди им биле на акција моментално. Чудно, магично баш тие препарати што им се на акција им се најдобри.
     
    На PUPICA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    17.879
    Син ми испи 2 дози од овие, со 2 месеци пауза меѓу нив, лето беше и сметав дека не е потребно. Случајно или не, и двата пати со самото завршување на дозата, се разболе. После првата доза за 2 дена настина, на почеток на Јули, кога не ни имаше практично кај да настине, почетој на Јули беше и топло беше времето, немаше деца да се меша со нив, сите беа на одмор, жив човек немаше овде. И го држеше 5/6 дена сигурно, што воопшто не е типично за него, обично веќе третиот ден е скроз здрав. Вториот пат исто 2 дена после завршување фати некоја настинка што го држеше цели 13 дена. Ќе качи температура, ќе симне. Ќе се наполни со мрсули па ќе се исчисти, станува сабајлето преполн пак.
    Ни на крај памет не ми падна дека до толку лошо може да му делуваат ампулите со матичен млеч. Мислам дека не само што не му го качија имунитетот, туку му го спуштија уште толку. Ова е мое лично искуство, не значи дека на твоето дете нема да делува добро, различни сме сите :)

    Сега пие сируп за железо, Омега 3 и витамин Д. Рано е сеуште да видам дали има подобрување.
     
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    12.306
    Допаѓања:
    58.894
    Пол:
    Женски
    Истово го зборувам секогаш на мајки кои сами на своја рака зимаат имуностимулатори и башка менуваат (не делувал еден по месец користење се разболувало детето и купуваат друг). Би било добро ако некое дете е ептен болежливо прво да се испита на имунологија се што треба, а имунолог да го препорача тој имуностимулатор. Ова лудило е со сирупи на своја рака. Јас освен мултивитамини и природни стимулатори што давам, инуностимулатор Сируп само еднаш синчето кога беше помал по препорака му дадоа.


    Инаку за спрејчево рековте дека е јако? (Тешко за поднесување)?
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 13 ноември 2019
    На Nisse, Lolipop23 и Annath им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.312
    Допаѓања:
    108.120
    Пол:
    Женски
    Мене тежок ми е, ме тера на повраќање. Не пече, ама одвратен е. Можеби е индивидуално. Со спрејот за нос немам мака.
     
    На duffi и mariz им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    8.647
    Допаѓања:
    106.222
    Земи го спрејчето за нос. Не се чувствува мирисот. Додека на грло е поинтензивно. А и онака ориганото не секој го сака.
    Ама пробај. Не е скапо, па и да не го сакаат.. Ќе го прежалиш.:D
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    12.306
    Допаѓања:
    58.894
    Пол:
    Женски
    Имам спрејчиња, едно за едното друго за другото :lol:

    Тоа за грло ако не го сакаат, јас ке морам да го сакам, а ке видиме може и да не морам :D
     
    На Coco31, kukla21, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.718
    Допаѓања:
    228.592
    Мене никогаш не ми препорачале имуностимулатори. Искрено не ни знам што е тоа. Само омега3 давам.
     
    На zuto, Coco31, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    1.892
    Допаѓања:
    11.956
    Пол:
    Женски
    20191112_153046.jpg
    Пред некое време зборевме за храната, па конечно ми текна да сликнам мени.
    Ќерка ми демек се од ова јаде.. а дома ако направам ништо не јаде.
    Само супа, макарони...
    Месо плука.
    Е сеа овошје си јаде.
     
    На slobodka, mariz, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.678
    Ова е нашето мени од градинка. Синко се јаде, па некогаш и репете бара (посебно од намазот со туна :D
    ) IMG-eb3d895f9ac01150187fb4319389dafb-V.jpg
    Околу имуностимулатори сум давала Дефендил, но немал некој кој знае каков ефект. Баш кога давав дефендил три месеци по ред беше често болен.
    Од септември почнав да му давам мед со матичен млеч од Бомед, капки вит. Ц а пред спиење Молерс. Обавезно пред градинка шприцам спреј од диво оригано и толку. Од медот сум презадоволна. Почна и доста салати да јаде. Овошје од секогаш јадел.
     
    На mariz, duffi, sofi2107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    12.306
    Допаѓања:
    58.894
    Пол:
    Женски
    Слично имаат како што гледам. Синко само моментално е на безглутенска исхрана, па носиме лебче од сабајле за доручек и ручек. Деновите кај што има ручек со макарони си го зимам пред јадење дома (па не ни спие таму), а сабајле ако имаат пица/проја носиме лебче и него му даваат путер, мармаладче нешто. Уназад знам што има за јадење и некако функционираме. Ужина ако има кифла него му даваат овошје. Запршки како што кажа мед.сестра нема во манџите... Се случувало некогаш во некоја да стават, но градинката е обавестена за нас и ке трга за него пред да ја стават запршката. Ова се две од 4 недели, имам уште 2 листа, 4 разни менија имаат за 4 недели. Малата јаде се. А синко забушава кога има зелка манџа :D

    Јас моментално давам на двајцата од ампулите на Marnys, со матичен млеч, прополис и 12 вит и плус Ацерола, како и д3 вигантол. Плус ги прскам со спрејот со оригано.

    Кој дава ацерола, на акција беа (незнам дали уште се), во Betty.. две кутии за една цена, рок океј до 2021.
     

    Прикачени фајлови:

    На duffi, kukla21 и Miss.Sweet им се допаѓа ова.