Имам другарка што работи со специјалисти од инфектологија. Епидемијата иако е намалена, дури и кога ќе нема ниеден случај, процедурата е да се вакцинираат на помала возраст неколку години после тоа. Значи и да нема сипаници, пак ќе бараат вакцина за градинка и ќе праќаат покани за вакцинирање на 6 месеца долг период. И јас бев изненадена, ама така таа ми објасни. Значи не очекувајте да ја простат вакцината во скоро време.
Кај нас на родителска ни кажаа, и за големиот кога одеше и за малата, нагласија за частење за роденден само спакувано со декларација, торти колачи без декларација не смеат да примаат. И за ова на секеја родителска се зборува, има многу деца што носат и не замолија да не се носи бидејќи настануваат кавги, преку 30 деца се во група можете да замислите што е, плус ако се изгубо нешто не можат да превземаат одговорност. Сосема се во право, имаат доволно играчки таму.
Кај нас ако внесе играчка, оставаат само дур да влезе детето во занимална, после воспитувачката јас носи во шкафчето од детето.
Играчка може да се изгуби или еве оштети, па има плачки расправање, не се должни учителките да внимаваат и на тоа, посебно со оглед што се 2 на толку деца.
Апсолутно се согласувам. Си имаат играчки во градинка, нема што да се носат од дома. Кај нас периодов, погоре мислам се изјаснив, е некоја мода секој од дома си носи, ама ги оставаат во шкафчињата пред занимална. Јас и тоа би го забранила. Ај, па и премногу ги толерираат. Малиов секој ден само мкне нешто
И јас сум за НЕ носење играчки. Пак ќе кажам, штета што сите родители не сме единствени под тоа прашање. Децата не ни се бебиња веќе за да неможеш да им објасниш дека тоа е недозволено. Не оти е некаков криминал, но мора да се научат на ред и дисциплина, па се почнува од најситни нешта, како што се ваквите мали ,,забрани,, На родителска слушам родители кои се жалаат дека детето им е приврзано со некое мече, па и за некоја храна.. Секое дете е за нешто ,,врзано,, И моето е, ама фино-лепо ќе објасниш дека пример мечето ќе те чека во кола зашто тоа несмее во градинка да оди. Од друга страна учителките укажуваат дека децата се тепаат за играчките донесени од дома.Секое сака да ја види, се тегнат, се удираат и се повредуваат.
Аман бе, играчка ако однесе ко крај на светот да е! Ако им е интересно во градинка, ќе баталат и играчка и се.
И кај нас не носат играчки од дома. Ќе си игра дома со нив, ми нема поента да оди таму, а пак со истото да се занимава. Плус колку деца има, кај имаат време толку расправии да решаваат или да бараат некоја ако се затури негде и да плаче детето. Сосема непотребна работа и мило ми е што не се практикува.
Се тепаат Кукле. Тоа што носи играчка не ја дава да си играат другите, почнуваат да се дрпаат и ете ти проблем. Еве, од лично искуство да ти кажам. Му Купиле зајче на батерии на детенце од градинката (рипа, скока, се превртува), и го однело во градинка (да се пофали, нели). И го скришило некое од децата, го згазнало, останало зајачето само на федери. Почнале плачки, урлања...јавувања кај мајката (да се оправдаат, дека детево ептен вознемирено), мајката уште по вознемирена се расправа со учителката (па и мајките секакви не има)... Има потреба од ова??
@kukla21 извини, ама мислам дека претеруваш, што се однесува до играчкиве. Речиси сите до една сме со истиот став, ти си иклучок. Ако не грешам, не гледаш ништо спорно во носење играчки од дома. Сепак, секој со своето. Да, интересно е во градинка, барем на мојов. Но, носење играчка не значи дека не им е интересно. Зборам во нашиот случај. Од мали нозе гледам како да се фалат, па дури и натпреваруваат, докажуваат кој што има, што апсолутно е непотребно и треба од старт да се запре. Мојов имал оригинал лего, друг имал фејк, трета имала оригинал барбика, четврта од пазар... Ќе ни се одбие од глава некој ден. Башка ситуации како што ги опиша Рефка и други членки. Пак ќе речам како и за се, на кој не му чини градинка, нека седи дома. Или, нека оди во приватна, доколку шемата таму е поинаква. Не знам и не ме интересира.
Mojte 2 idea od 9mes u gradinka... I nikad nemaa nisto noseno od doma, ama im se slucuva li da donesat od gradinka koa bea veke nakaj 2 godinki...i gi imav sednato i kaza o deka toa ne e ubavo i deka ke ja vratime nazad utre denta i ke se izvinime za zemenoto i ne se bunea a, i ne donesoa poveke igra ka od gradinka... A maleckoto sea mi e 2ipol godinki, i nigde ne ide bez toj negov spajdermen... Duri i perniceto si go nosi.. Imam sreka sto neide u gradinka Inace tesko mene Ama i za toa imame zasto go saka nego.. Ama e emotivno ne bi nataka...
Кај нас па една мајка донесе авион играчка, од тие што летаат ,да летало низ соба ќе им било интересно,како што го донесе така и се врати,и нормално се налути.
И кај нас нема играчки. Приватна градинка. Еднаш сакаше да го покаже новото мече, кажа дека останало мечето у шкафче. Има деца што нема да носат мече, туку нешто со ситни делчиња и ќе лапне некое делче. Плус има љубомора, он има, јас немам. Затоа, дома ќе си игра со играчки.
Дали учителките во вашите градинки прават приредба за деца и дали ве ангажираат како родители дома да шиете костуми за приредбата? Исправно ли е ова? Дали менаџментот (кој ја прави годишната воспитна програма) налага вакви видови на приредби или учителките сами си креираат програма за работа ? Мислам дека имаме овде воспитачки, па ако може да одговорат на прашањево .
Досега не барале од нас ништо за вакви приредби. А имало, не дека не. Ама веројатно сами ги изработуваат костимите за приредбата. За поголемиот мислам дека само за завршната приредба дадовме некоја симболична сума за костимите, за другите приредби не сме давале. А сме плаќале за претстави од уметнички друштва, актерски групи, театри, ама да шиеме сами костими, не.
Ме изнасмеа @PUPICA па ако сите исто мислите, не значи дека сте во право Мојава зема мече и за надвор. Не го пушта од рака. Е најде ли занимација, другарче, не го погледнува. За емотивниот момент ич муабет да не правам. Мали, оставени таму сами си бараат поткрепа во нешто познато. Кога ќе имаат поголема интеракција сигурно нема да и биде интересно да носи. Пс. Мојава носи "мечиња" од по 100 денари. Нема врска со докажување.