Плус минус, сите мајки сме/биле исти. И јас не слушав за икс работи, ама тоа е... Генерално, јас сум „строгата“, за во полиција, за канта во ѓубре и слично, но, од ден во ден горда сум си пред се на себеси што детето полека, но сигурно прераснува во културно, разбрано, нераспрдено, извинете на израз, детиште. Е, сега, тоа што е темперамент несташко, тоа е мајка природа. Да се скроти не може и немам намера. Забегавме малку...
@LiliBoz ако е во дек/јануари секогаш ќе е прцле во групата. Ако оди со другата група, па мали ќе му бидат. @PUPICA си го знам детето. Да е во ангажман нема да го мота играчето со неа. Трмпераментна е, ама не е проблематична. Туѓо враќа, не тепа, не прави проблеми. Мене тоа ми е битно. Мечето било или не.
Мн беше скромен прибран и се ко што треба. Немав за што не да му речам. Сеа у 2 саат навечер цртани ми бара и ако не добие тешко мене.. Враќам филм уназад каде ја згрешив..
Мене ме буните, кај нас прва мала и втора мала се иста возраст деца, само поделени во две групи оти ако се во една ќе има 50 деца во неа. Во вашите градинки различни се? Оти јасли им претходат на мала група.
Мене ме буни, оти јасли беа сите во една група. Сите деца годинава полнат три години. Во јасли беа 35 деца. Од септември се запишани нови деца на иста возраст, и овие од јасли ги поделија во две групи, и на тие додадоа од ново запишаните, па двете групи имаат по 25 деца што годинава полнат 3 години. Едната е прва мала, другата кај што оди син ми е втора мала група. А децата се сите на тригодишна возраст. Од муабетиве сфатив дека прва мала е од 3-4 години, втора мала од 4-5, и после се големи изгледа. Е тоа може кај вас. Кај нас двете групи се со деца родени во 2016, евентуално јануари 2017, помали деца нема.
И мене ме буни, ќерка ми е прва мала, од 2 до 3 години, сега сите пунат 2, освет тие родени по нова година.
Кај нас сите деца кои се родени 2017 се прва мала (од Септ), така кај малава сите имаат полни 2г или како мојава што ке полнат до Дек 2. Пред Септ беа во Јасли, па јас таман чекав да почне од Септ директ во Прва мала група.
Не е играчка крај на свет ама им прави проблем на воспитачките, непотребен реално, нас со убаво не замолија да не им даваме да носат, мислам дека е фер да им се почитува барањето. @referentka за големиот не ангажираа околу припрема на приредби, па и сме учествувале ние родителите, но без некои поголеми финансиски обврски, секој што може од дома да направи а ако требало сме собирале групно средства.
Препрочитав ислрено 2 пати и ај викам да не ти пишам на инста ќе те прашам тука. Озбилна си воспитачката го идирала по глава и го мкнела и све тоа што пиша? Сериозно? И ме интересира само дали ти ја акна од земја и ја пријави? Кафево ми застана во грло искрено! Па со тоа фацуле што го има синко твој зар е можно така некој да постапи со него? Лелеее жено да не сум ти била во кожа жими све! Јас уште 3ден кога ( нели ми дозволија да влезам зашто мојов беше хаотичен ) па кога чув како им се обраќа едната негователка со : коковче/кокошке и мајмунче/мајмуне, па ширум отворени прозори, врата отворена и под џогиран демек побргу да се исушел, а деца боси и разголени. Па као излагам на цигара и го слушам мојов зајдува и ниедна не се подава да го анимира и смири .... жими дете ти кажувам јас улетав како ураган, да не исплашам деца кажав дека поради таа причина ќе сум тивка и без гестикулации само ради деца! Сум ги терала од кај што излегле, јасна бев дека иако дете може незнае да ми каже ќе го приметам ако медај Боже нешто и дека на Ургентно ќе ги пратам па после никад веќе во градинка нема да работат со деца! Одма побарав педагогот и директор да дојдат со нив разговарав и предупредив дека слушнам ( дете како дете ќе повтори збор некој кажан ) мајмун/кокошка, кубење, изживување и лечење фристрации на деца дека кај градоначалник, општина и министерство одма пријавувам! Да видиш од тој ден до ден денес ( да не подречам ) како пеперутки леткаат и се медосани и негователки и воспитачка! Јас за вакво нешто како твоето би ја млатела ја по глава, ќе ја пријавам сегде и нема да застанам се дур не добие забрана за работа со деца! Не само за твој Д, туку за сите деца со кој таа работи и кој знае што све им прави! Се напнав жено, му ја замислив фацулката на Д во тие моменти душа убава сигурно бил преплашен! Едит: глеам букви сум утнувала каша попара, ама ај цел реферат да не го преправам се надевам се разбира во брзање пишувам.
Со видео снимено како покажува мали шо како се дешавало, им отидов на тие у стручна служба. Не се карам. Не се расправам. Има кој да провери. Не се ни тие господ. А дете се жалеше дека го боли глава.. Само не ми текна да прашам ич. И коа прашав... Коа ми покажа..
Искрено да, не сите сме ист карактер и со ист фитиљ. Ете ја сосема поразлично би изреагирала. Иди до крај со ситуацијава се дур таа не добие забрана да работи со деца, зашто реалноста е дека твоето нит е прво, а за жал нит последно дете со која таа ќе постапува така.
И јас реагирав ко тебе, ама знаејќи дека може само бетер да направам се контролиравме и јас и маш.. Реагиравме кажано јавено дадено изјава па ќе видиме.