@kukla21 комуникацијата станува се полесна, ама е инаетчика. Одбива јакна на земање од градинка. Не и ја облакам со сила (како на пример дома или на др место) да одбегнам седнување на земја или вриштење. Порано беше за топлинките, со нов дома да си оди. Помина тоа. Ама станува се поладно. За нешто можам со зборување за нешто не. Ама и до дете зависи колку му е допуштано. Пример, пред некое време бараше капа и и реков не ќе ти се расипе косата, и сега на секое мене тоа ми го кажива, ќе и се расипела косата
А двете недели претходно? Па кога нема да ја носиш тоа дете веќе не е таму. А и верувај нема шанси да ја заштитиш
За да ми е мирна душата. До пред недела дена поминаа трите недели на инкубација (од девојчето на братучед на мм кој беа дојдени на род кај ќерка ми) и не префати. Ми обеле косата. Сериозно!!!
Тоа и јас си викам двете недели претходно беа заедно така да можно е и други да се заразени веќе. Некои мајка одма реагираа како демек не го носам повеќе, па затоа реков да прашам како постапувате вие, ама најверојатно ќе го носам.
Син ми прележа на 2г и 3м, прелесно помина. Додека јас прележав на 25г, трудна и страшно поминав. Јас не би се плашела, би носела деца во градинка, ако фатат, фатат, боље порано да прележат и помали.
Ова со второто иде бонус Како беше вицот.. Трето дете ако ја изеде храната на мачката тоа е на мачката проблем. Не мој
Првото дете ти го бања патронажната сестра. Второто го бањате сами. Третото - ене го само се бања. За муабетот погоре.
Така некако Ама затоа второто е права самостојна итрица А може па и дека женско Трето ако раѓам, дома ќе биде. И онака на кивање ќе искочи
Првото ако му потече крв од нос, паничиш. Третото ако скршу нос го бркаш надвор да не го извалка килимот.
Тебе те цитирам ама важи з сите, варичела има преку цела година, нема од тоа спас. И поарно мало д прележи отколку на поголема возраст.
А зошто да ти белее косата? Ако фати фати ако не ќе фати друг пат. Нема да ја одмине варичелата. некогаш во животот ќе фати. И подобро сега додека е дете отколку постара како возрасен (поголеми компликации и потешка клиничка слика има кај повозрасните).
Не знам, ама многу ми е страв од сипаници, многу. Не сакам да фати. На крај памет нема да ми падне да ја носам кај болен за да фати намерно.
Никој не носи дете намерно кај некој болен за да фати сипаници, ама да не се социјализира дете (да не оди во градинка) заради тоа што се појавиле сипаници е малку претерано. Плус сипаниците имаат инкубација од три недели па кога ќе се појави првиот случај може сите да се заразиле. Поентата е нема начин да ја заштитиш од варичела. Од рубеола и морбили од прилика да со ММР вакцина.
Мајки дали и до која мера е нормално дете откако ќе дојде од градинка да е раздразливо плачливо ништо да не му се погаѓа, да сака по негово да е? Оди 2 месеци во градинка по 4 саати (не спие а и не сака да јаде таму). А ова повлекува да размислувам што понатака бидејќи за спиење и така и така ама за јадење не иде. Но тоа не ми е прашањето. 2 дена не оди одма е друг.затоа мислам дека од градинката е таков и затоа прашав до која мера е "нормално".
Не. Ми викаат воспитувачкиве ние ќе пробаме ама после ти ќе имаш проблем нема да сака во градинка да доаѓа. И стварно не знам како е паметно.