Јас не би и ќутела. Не може да ги малтретира децата. Па не е сама, секогаш има уште една со неа. Од тоа ќути си, си земаат сила.
Да бе па ние многу сакаме децата да ни седат таму од 7 до 15 ч.Гарант за дома да пиеме кафе раат,да си поспиеме.Не дека сите воспитувачки се за во ист кош,ама претежно вака реагираат.Моето најкасно во 07:15 е во градинка,а пред него има и други дечиња зошто има родители што почнуваат во 7 со работа.Мене па највеќе ме нервира кога после 2 ипол 3 ги ставаат сите во холот,седнати на клупи и гледаат цртани.Од тој хол ги земаат родителите вратата цело време отвори затвори и има промаја,и ладничко е.Ама ете па за тоа не се криви воспитувачките нема доволно и кога на двете смените им завршуваат порано мора да ги чуваат сосема други воспитувачки.
Здраво. Во градинка кај дете имаат активност да од дома се направат изработки на декорации од есенски плодови. Барав на форумов и не најдов ниедна слика. На гугле дали 2-3 најдов, на инста исто така не најдов. Па би сакала доколку некоја од вас спремале за во градинка или за дома некоја декорација од есенски плодови да сподели како за идеја. Мислев со листови и шишарки нешто, но од градинка нагласија да е од есенски плодови декорацијата. Идеја некоја искрено немам за жал освен изработка на гасеница ( на гугле како идеја многу ми се допадна ) од костени. Ќе имаат претстава куклена ( повод испраќање на есента мислам ) и ни предложија да учествуваме и родителите со овакви изработки.
Јас цртав на тиква. Ако ти даде инспирација еве Мене страшно ми смета работилница во 14:30, следна најверојатно нема да одам. Знам, не е до негователките, или бар не до поединци, ама за кратко ич никој нема да може да оди.
Можеш ланче од костени да направиш. Со лак за нокти обој ги костенчињата, нанижи ги и ете ти ланче. Друго, во Џамбо за 25 ден имаш кесенце со очиња.Едно такво ќе ти заврши работа.Во еден плетен сад стави јаболка, круша, киви, дуња, јапонска јаболка,мандарина,портокал и стави им очиња и нацртај им насмеана уста,на некои стави им цефче-сламка место раце и онаму каде би биле прсти,исечи го цефчето и напрај му како прстиња. Сите горни овошја можеш со чачкалица (или ако ти е мала, со дрвце за ражнич) прицврсти ги на една тиква па ќе изгледаат како сите весели да се качуваат на тиквата.
Фала ти најмногу за идеите. Ова со над тиквата да бидат ептен добра идеја . Па и проќељ ќе вметнам. @AngelOfArh фала ти. Ете ќе ја нацртам тиквата, а останатото од Референтка идејата ќе ја искористам. Фала ви
Оф , што ако има уште една со неа. Се штитат до бескрај. Ова од лично искуство ти го кажувам. Секогаш они ќе се монтираат да испаднат во право. Многу ме фрустрира тоа дека децава се многу мали и неможат да се изразат како треба, т.е. ќе го умотаат филмот дека не било баш така.
Мајки, како се справувате со односот градинка-работа? Посебно ако сте сами со сопругот, и нема апсолутно кој да го чува детето ако треба. Ве прашувам оние кои работите по приватни фирми, продавници, како го балансирате тоа, со оглед дека и сабота се работи некаде, кој ви чува дете? Кога дете е болно дали постои флексибилност на работното место, како се справувате кога некој празник шо градинката не го работи, а приватник нормално го работи? Ми е страв да почнам со работа, а морам. Дете освен со мене со никој не е навикнато да седи. Сопругот му е очув на детето, и бидејќи јас досега бев дома немаше можност така по цел ден да се вардат, а сега ќе мора. Некако успеав да најдам работа само прва смена, додека е малиот в градинка, но се друго ме загрижува. Некоја во слична ситуација, некој совет, паника ме фаќа. Фала
Ќе се примети по детето. Нема што да се кријат. Еднаш им кажувам нив, после со нив никаква дискусија не би отворала.
Едниот родител го чува детето додека другиот е на работа. Нема друго решение. На почеток ќе биде тешко. Претпоставувам сопругот знаел што го чека и иако е очув се грижи за детето исто како тебе. Ако е само Сабота проблем тогаш ти ќе им спремиш се што им треба барем на почеток, па потоа ќе се навикнат и сами да функционираат. Под спремање се подразбирам доручек/ручек/ужинки (или барем информација што да се даде за ужинка) и облека за денот (барем две комбинации). Кај нас барем така беше, иако ние имаме баби за помош од време на време, ама не ги користиме секој ден туку ептен ако има потреба. КОга е дете со тато во Сабота на почеток буквално се спремав, сега веќе не. Очекувај на почеток бунење од детето (може да биде поплачливо, понекооперативно и слично), а може и супер да прифати. Како и да е планирај дека месец дена ќе треба прилагодување на градинка, а во тој месец можеш и да ги подготвиш и сопругот и детето сами да се чуваат (на пример да го чува прво неколку саати во Сабота додека ти си излезена од дома и слично) за да може да се прилагодите на новата ситуација и детето да се прилагоди дека некој друг ќе го чува одредени денови. Со среќа.
Викендов на минус 1 јас шетав со децава низ шумите...си беа соодветно облечени. 6 стварно не е ладно.
Во нашата градинка ги изнеле надвор , свртеле круг околу градинка , ги учеле како се оди по тротоар и како се преминува улица. Во двор не ги пуштаат на ладново зшто има песок, љуљашки...
Како ладно Фанче, јас бебево секој ден го шетам по надвор минимум 2 часа. Синоќа до 21ч бевме надвор гледавме како врне снегот. Јас многу се нервирам што кај нас не ги вадат надвор, 8 часа во затворена просторија е многу, многу полошо отколку надвор на ладното. Е сега загадувањето кај вас е поголем проблем, јас не би поради тоа, а не поради ладното.
Леле Јас би на носела кога има снег барем има причина за што го "јаде" студот. Ќе си игра со снегот ќе се радува... Вака мокро на секаде нит да седне нит на лизгалки нит со лисја да си поигра ништо..