А во некоја соседна населба да аплицирате? Подобро да го возиш 10 минути до градинка, ама барем да знаеш дека ќе го примат, да не дојде денот и да не знаеш дали ќе има каде да го оставиш. И врски знаат да зафркнат. Него, само јас ли волку паничев за градинка, аплицирав одма од кога се роди бебето, и без врски ми ја примија. Уште кога поднесував ми рекоа дека нема проблем, сигурно ќе биде примена. Сепак аплицирав во април за следната година од март да почне. И после 1 месец ми се јавија дека е примена, ми дадоа некој документ и тоа е тоа. Февруари да им однесам дека примила вакцина и толку.
Ако ти дале потврда дека е примено, нема шанси да не го примат. Ако само си аплицирала, тогаш прават вакви проблеми. Јас исклучиво барав документ да ми дадат од која дата ќе влезе во градинка, и ги опоменав дека ќе правам проблем ако отпосле ми речат не може. Таа во администацијата ме уверуваше дека нема да има никаков проблем. Ќе видиме за некој месец. Иначе јас сум во Кисела Вода, може овде не е толку гужва дека има 4-5 градинки.
Моја другарка живее карши градинката во Хром, а детето го носи во клонот на Пролет во Влае. Прашај во Влае. Општина Карпош се прилично коректни за прием на деца во градинка. Единствено може да ти прават проблем што си од друга општина. Со среќа. @Cosmi и @TheSecret овој период барем не е загадено надвор. Може да излегуваат на воздух. Не знам што стана годинава со бунењево за воздухот ама кога врнеше отпад (тогаш кога да не спомнувам партии Дрисла ја пукаа на максимум и буквално во Скопје паѓаа парчиња отпад зимата 2014/2015 и наредната) никој не се бунеше. Сега нешто годинава сите се дигнаа да се бунат. А реално во Ноември ете не беше ич загадено. Плус тоа со загадувње на почва и слично секаде во свет е исто. Гледате дека планетета Земја сите ги дрма со глобално затоплување. Знаете ли дека облакот од загадување од Косово во Неделата стигнал до Атина. Друг ден стига до кај Виена (еве во моментов ветрот го носи загадување кон Црна Гора https://www.airvisual.com/earth). И нема правила каде ќе отиде облакот од загадување, тоа зависи од ветришта. Ако сте летале сега брзо со авион ќе бидите дека баш на Австрија има густ сообраќај каде што авиони испуштаат гориво горе директно (буквално секој авион остава зад себе црна огромна трага). Тоа некогаш ќе се изврне некаде и ќе загади почва. Ама каде ветрот ќе го однесе тоа никој не може да претпостави. Топката е Земјата и се врти и има и ветер кој менува правец. Затоа се прават глобални протоколи (кои за жал најголемите земји загадувачи не ги почитуваат како САД на пример). Исто на airvisual се гледа дека во моментво е загадена Северна Италија и дел од јужна Швајцарија и цела Холандија (каде деца се секој ден во градинки и каде сите возат точак). Плус знаете дека кога е надвор загадено внатре е уште позагадено. Никој од нас внатре не е херметички затворен. А за отрови и други работи децата изглегуваат надвор во дворот на градинката. Градинката е цела со ограда и има обезбедување. Во дворот нема ништо фрлено. Таму може да излегуваат без никаков проблем.
Здраво мајки..Ја примија малата во градинка,успеав да се изборам за место и целата бев среќна што решив барем еден проблем. Но таа тргна два дена,фати ларингитис со страшно кашлање и отсуствуваше две недели..И сега не сака да одитреба да ја влечам со сила а голема е 4 год разбира. На како не ти начин ја убедува,не бива...некој со слично искуство?
Очен вирус има низ градинките. Вчера и јас го земав со гурелчиња од градинка. Синоќа ставив Декса и Хлора капки. Утрово немаше ништо.
Јас моето го запишав после 40 дена, во Хром. И 100 врски за да тргне. Пробај во влае. Во хром имаше 490 деца пред нас на список што чекаа ред.
Кај нас кога е убаво времето ретко ги вадат не па сега, многу деца се и тешко им е да ги следат надвор, ама не се за обвинување, на толку деца. @Bibi30 а да пробаш да поразговараш со одговорниот на градинката, во секоја градинка има по некоја што се нешто префрла, посебно за земање порано или носење покасно. Не е во ред, не смеат така да прават. И мене не ми е по ќејф што на прво стапнување во канцеларија ми звони телефон па не им мрчам на тие што се јавуваат.
Девојки, дали уплатницата може да се уплати преку E-banking? Некоја да ми објасни кој ПП налог се одбира. Може и во лп. Благодарам
Сите уплатници ни одат без проблем преку е-банкинг, оваа за градинка никако не успеваме да ја плаќаме, не знам зошто. Ако има некој друг да сподели ако има начин како да се избегне плаќање на шалтер.
Мојата по секое отсуство е таква , а оди од 14 месеци Па што правам и кажувам дека мора да одиме оти мама оди на работа и нема кој да ја чува, а во грдинка ќе научи нови песни и ќе си игра со децата.Па и кажувам дека после градинка ќе се гушкаме многуу.Па и кажувам уште денес си на градинка и утре е викенд.Па почна после понеделник да вика мама викенд ли е? Дај и некоја играчка што си ја сака да си ја носи да не е тажна Ќе се навикне за некој месец сите низ исто минат
Има некаков начин. На маж ми во банка му сетирале на шалтер. Главниот проблем е што уплатницата гласи на име на детето, а плаќа родителот. Затоа треба да се креираат мислам две уплатници па да се плати. Прашај на шалтер во банка или на телефон на поддршка да ти објаснат како тоа да се направи.
Јас плаќам електронски градинка. Проблемот ви се јавува заради приходната шифра т.е. програмата. Обично тоа се пополнува нумерички, а на уплатницата има и алфабетски карактер. Внесете го со киричична поддршка
Зависи од електронското на банката. Се бира ПП50. Задолжително во повик ставете ја шифрата, а ембг бидејќи не можете да промените ставете го во повик на број. Јас цело време плаќам и не сум имала проблем до сега.
Ние со години плаќаме електронски, со наше име (на родител), во цел на дознака името на детето. Битно им е нив повикување на број полето (тоа е за тоа дете дека е), може било кој да ја уплати електронски таа уплатница на тоа дете и ке си биде сепак исплатена за тоа дете. Исто како @Ano уствари, со ПП50. Мислам пак не објаснив убаво.. Значи матичен не пишуваме, туку само кај полето повикување на број ја внесуваме шифрата која ја даваат од градинката, а на тоа поле наместо шифрата може и матичниот на детето да оди. Може или шифра или матичен. Во цел на дознака име и презиме на дете, горе родител. Не ни правеле проблем вака уплаќаме цело време.