1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Веќе пишував по темиве може и досадна станав, но тоа е кога имаш мака :)
    Мали почна во градинка (крај на септември), се адаптира да седи по 4 саати. Проблем кој никако да се надмине е јадењето. На почетокот јадеше леб по малку, но откако 1-2 пати пробаа "на сила" и тоа веќе не го јаде. Значи апсолутно ништо не јаде. Доби одбивност веројатно од самата помисла, начинот на кој пробале да му дадат (плукал, плачел и сл.) е сега тоа ок, но почна и дома да не јаде и да ги плука и омилените ствари што ги сакал до сега. Одбива да џвака (а убаво си јадеше), на храна од типот на кисело млеко е и смути... Ова е реакција од градинката знам и стварно почна да ме плаши до тој степен дури да размислувам да се откажам и да не го носам веќе. Дали е тоа решение или предлог што да направам?
    Од 19-20 месеци стана проблематичен за јадење ама пак јадеше, сега ништо. И постојано истото го повторува "неќам јадам манџа тетките нема дадат"... Ве молам доколку некој има совет или идеја како да постапам?
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    Како така на сила му давале? Во буквална смисла на зборот ли?
    Само со разговор ќе го решиш проблемот. Прво во градинка па после со детето. И на тетките стај им нешто со сила во уста и кажи им дека мислиш дека така требало. Ако не се саглам пробај да смениш градинка.
    Детето не го терај да јаде туку готви и разговарај и ќе пројаде.
     
    На ninja35 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    27.148
    Пол:
    Женски
    Има деца нејадачи. И мојот беше супер до кај 19/20 месеци, јадеше буквално се. Сега само пребира и количински малку јаде. Градинката нема некоја врска со тоа. Кај моево цела година ситуацијата со јадење со влошува, а прилагоден е на градинка одамна. Сака да готвиме заедно и готвиме заедно. Бира што ќе јаде и на крај пак не јаде. Живци немам веќе со тоа нејадење. Ама веројатно ќе се надмине и тоа. Во градинка викаат јаде покрај другите деца, дома само прави проблеми.
    Не ги терај во градинка на сила да го ранат зашто нема да ја сака градинката.
     
    На Girl-Rabbit, Lady*Bug и kikin им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    21.023
    Пол:
    Женски
    Малава почна со плачки да оди во градинка. После таму се смирува ко ништо да не било и цел ден е весела.
    Кога збориме навечер за градинка вика да ќе одам, ова облечам, она носам, вака правам, така правам.
    Исто не сака ни кај баба и и дедо и, иста реакција иста слика со страшно плачење.
    Мислам дека е исплашена, ја остаивме кај баба и дедо на кратко, прабабата паднала, па наводно од неа се уплашила. Дали дека не не видела нас не знам.
    Како да се справиме со оваа ситуација. Грев ми е како плаче, а и влијае и на ноќниот сон, кај што не спие, сега па и се штрека и само проверува дали сум тука.
    Од градинка сепак велат се е ок, нема промени, весела, јаде пие спие.. си игра, пее..
    Утешете ме дека е фаза која брзо ќе пројде.
    1
     
  5. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Не, не ги терам направив муабет веќе да не го нудат и тоа е тоа. Точно дека покрај тоа (не)јадење он не ја сака градинката, а супер ја прифати на почетокот, и сега седи без проблем 3.5/4 часа бар така ми викаат ама тоа може да се осети и по детето дали е во ред или не.
    Како мал јадеше но после година ипол се послабо и послабо. Тоа е, мислев прво да го откажам одењето во градинка но размислив убаво и сфатив дека така ниту него ниту мене ќе си помогнам, битно е рутината да ја има а со текот на времето (веројатно бавно) ама ќе го надминеме проблемот.
     
    На Girl-Rabbit и fana им се допаѓа ова.
  6. Ressana

    Ressana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Ист проблем и со ќерка ми, 2 години и 2 месеци, почна во градинка пред еден месец по 3.5 саати седи, добро ја прифати од почеток само што воопшто не јаде, сум пробала и гладна да ја носам но пак не јаде, плука, плаче кога и нудат...
    Фала Богу кога доаѓа дома си јаде нормално (но само со телефон, инаку уста не отвара).
    Се надевам со тек на времето гледајќи ги другите деца како јадат ќе почнат и овие нашите да јадат .
     
    На Girl-Rabbit и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Оф ... пробај со разговор прашај ја зошто не сака кај баба и дедо. Да не ја искарал некој. Или прашај ја што правела кај баба и дедо како си помина?
    Има нешто не е за џабе променава. Башка се манифестира и на градинката. Не знам што би те советувала друго. Еден период и ќерка ми за градинката плачеше на оставање само и веднаш внатре се смируваше. Помина тоа сега си е ок дури и викенд прашува дали ќе оди во градинка.
    Со лесно :hug:
     
    На Girl-Rabbit и Цвет88 им се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    21.023
    Пол:
    Женски
    Ја прашувам, вика ништо не се случило, односно дека не се упашила, не ја искарале или слично.
    А кога ја прашувам за градинка ќе одиш ли утре, вика да. Денес ок била, кажала песничка, добила 5ка..пред негователката речендека ќе оди утре.
    Ама за кај баба и дедо упорно вика не.
    Знам дека е нешто од таму, нема што друго. Некоја нивна реакција не и се допаднала сигурно.
    У принцип баба и многу работи на сила ја тера, сега дете видело паднала стара баба, овие и викнале, пошо сирота баба само им смета и и се дерат, кој знае како реагирале. Дете се уплашило, не сакало нешто да прави таа со сила ја терала за да не не викне нас, зошто е инат. И ете траума.
    Ама јас џабе зборам на секое гледање. Дете е карактер. Мора малце да ги гледа желбите на детето а не свои хирови да лечи.
     
    На M&M, duffi и fana им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    @Цвет88 а досега правела проблем за кај баба?
    Ова со бабата ми личи дека таа нема нерви да тинтри дете па тера на сила. Треба да ги залажеш да му зборуваш а не само ќе јадеш и точка. Тие не се војници |(
    Реагирај построго малку кај бабата, уплашено е детето 100% :(
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    @Lady*Bug а зошто не почнеш да го оставаш по повеќе. Он не јаде оти нема време да огладни. Јас ако чекав прво да почне да јаде уште ќе бевме на 2-3 часа. Јас си зголемував континуирано и веќе од 2рата недела си седеше по 6-7 часа, а почна да јаде дури по 1 месец. Гладен не се седи, ќе си пројаде кога ќе му закркори мешето.
     
    На Girl-Rabbit, kikin, Lady*Bug и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    17.141
    Пробај остави го да седи повеќе. Вака нема време многу да огладне. Познавам многу деца нејадачи што пројале во градинка. Нека си оди дете . На иста возраст ни се децата. Исто пред 2 месеци тргна мојава, од кои месец ипол си седи до 4. Сака , нејќе огладнува и си јаде.
     
    На Girl-Rabbit и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    21.023
    Пол:
    Женски
    Не правела проблем никогаш.
    Ја игра она, ама не дете што сака туку она.
    Ако дете сака у дневна таа со сила ја тера у спална пример.
    Вчера драма беше, и си собрав дете си отидов. Плаче она се лути ја вика со сила, види ова види она..
    Па се налути, плачеше и она.
    Ај да не зборам оф топик ќе сум
    Ама ми е криво за градинка, година дена оди, ич не правеше проблем.
    Негувателкиве ми праќаат клипови да ме уверат дека е златна таму.
    Еве сега сме на гости кај едни дадички, не прави никаков проблем.
     
    На Girl-Rabbit, duffi и fana им се допаѓа ова.
  13. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Женски
    Мислам дека може да и е некоја фаза на страв. Мојава раскажува по цели денови за црвенкапа и волкот. Навечер кога ќе си легне одеднаш почнува да плаче и да се тресе, дури заоѓа и вика дојде волкот. И се пика во мене. Божем да не раскажуваме тоа, да не се плаши, ама сама бара. Вчера и раскажував Грдото пајче, ми вика мама а волкот кај е?! :?:
    Може да се во некоја фаза, и оваа се буди ме проверува.
    Битно е да откриеш од што се плаши, за да работите на тоа. Се надевам брзо ќе мине.
     
    На Girl-Rabbit и Цвет88 им се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Цветче веројатно проблемот е до баба. Ама револтот го искажува и пред градинка. Ќе и помине сигурно.
    Зборувај и дека таму е убаво, нема зошто да плаче.

    А за кај баба веројатно ќе и треба повеќе време да се увери оти нема стално да паѓа бабата и истото да се дешава. Сигурно има врежано некоја лоша сцена во глава, а деца се помнат и детали.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    21.023
    Пол:
    Женски
    Фала ви, се трудам да откријам што е причина. Не ја форсирам да оди таму, па макар и се налутат. Ич не ми е гајле.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    Не се труди да откриеш што е причината. Сигурно е нешто небитно.
    Не сака, не мора да оди, нема потреба да оди.
    Па и кога ќе посака ама пред врата кај нив ќе се премисли ќе се вратите од пред врата.
    Ќе помине и овој период.
    Како и се во животот.
     
    На M.B. и Цвет88 им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    21.023
    Пол:
    Женски
    Ма со неа не се замарам, не одам и крај.
    Трауми да ми доживува дете. Она вика ништо посебно не се десило, ама чисто сумљам.
    Им реков доаѓајте вие еден период.
    Ама мразам правење скандали, ко јас да му реков на детево плачи.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    33.950
    Пол:
    Женски
    Тие нека скандалозуваат ти смирено терај си по свое.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    од старт се загреши работата. ама едно допринесе најмногу а тоа е: многу е тешко ако не ти се погодат воспитувачките.
     
  20. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Мајки да ве прашам, со оглед дека во сабота ќе работат градинките дали ќе ги носите дечињата или не?