https://makfax.com.mk/makedonija/в-сабота-ќе-работат-и-градинките/ Ова важи за територија на цела Македонија. Јас се мислам искрено незнам што да правам. Еве во група кај синко 10-12дечиња ( од 22деца ) кажаа дека нема да ги носат. Па се мислам дали да седи дома, мада затворен дома со мама и тато ( надвор загадено грозно ) верувам ќе му е досадно. Таму барем дружење ќе има и дечиња. Незнам! Па си викам да не бидеме само 5-6 мајки кој ќе ги носиме работава едвај чекаат да се ослободат од децава мајкиве па ги носат и сабота
^Кога читате портали, весници, гледате тв со еден збор медиуми, не секогаш се земајте здраво за готово. Од ним познати причини ја (дез)информираат јавноста. Во случајов, наједноставно и најточно ќе бидете информирани доколку отворите на официјалниот портал на влада. На кратко, се одработува за ланскиот 2 јануари, бидејќи беше прогласен за неработен ден за државен сектор. Имаше препорака истото да го спроведат ЕЛС, јавни претпријатија чијшто основач е Град Скопје и други. Познавам луѓе дел од тој систем, работеа на 2-ри и истите тие сега нема да чистат.
Да ми е неопходно т.е и јас и мм да сме на работа , да ќе ги носев. Но, бидејќи јас сум дома,ќе си ги чувам. Прво нека се одспијат подолго од сабајле. А второ и онака ми е малку времето поминато со нив преку недела, да се изгушкаме целодневна, да им зготвам оброци тазе без брзање и да се искараме и изнаиграме асално
Дај кажувајте како се справувате со плачки за градинка. Ова си зема замав, нит сака да се облече нит да излезе, плаче сакам дома или на работа сакала да оди. Пробувам со договор, ама плаче. Иначе ја зимам весела, ја прашувам убаво си помина, да. Што правевте, раскажува.. Дома кога збориме и се договараме без проблеми вика дека ќе оди утре во градинка. Денес стана во 5 насмеана, свежа, се галевме во кревет, се договаравме, што ќе облече и се беше супер до моментот кога почнавме да се облакаме. Верувам дека е фаза која мора да се надмине, посебно зошто навистина без мака одеше во градинка цела година. Мора упорност, да не попуштиме. Ама ми треба и совет како барем малце да ги ублажиме плачките, зошто од страна гледано луѓево ќе помислат кој знае што и правиме. Можно е да е исплашена од дедо мраз, зошто таму кога зборат за него реагирала, заплакувала. Многу ми е криво, само се надевам дека брзо ќе и помине.
@Цвет88 се измачи твое бебе со плачење кутрото (ако не сум те смешала со друга членка што пишуваше дека детето многу плаче навечер ) Пробај кажи и дека ја чекаат другарчињата, дека е срамота да плаче оти е голема девојка, а не бебе, дека дедо мраз ги сака сите деца и им дава подароци на оние што се умни и не плачат ... Леле не знам што друго може се глупости овие ама пробај. Период и е, нема дискусија, имаше и мојата таков период среќа беше краток Што побрзо да го надминете ова
Да, мојата плаче ноќе. Ја носев кај dr. Goodnight, ама има ред рано заспива и се се сведе на тоа дека е многу интелигентна, па преживува ноќе. Хмм... Абе се се супер кога и кажувам, ја учам, за се вика да... Освен кога ќе и кажам голема си веќе, она ми вика нееее мала сум. За дедо мраз и збориме, дома има голем, перничиња со деди мраз и ги сака, не се плаши, ама .... не знам. Еднаш и рековме да биде умна за да добие големо пакетче, ни одговори, јас мало сакам. Вешто се снаоѓа.... Само моментот буквално е проблем. Во четвртокот и кажав дека ќе одиме на лулашки ама да ги викнеме децата прво, да одиме заедно... таму им кажала што сум рекла. Не поминуваат лажги кај неа. Ептен ми е криво, стварно не дека ја фалам дека е моја, ама паметно дете е... Затоа ми е криво. Жал ми е, од нервоза знам и да викнам, ама не е еден ден. Секогаш кога плаче прво почнувам со муабет и договор, дека не треба да плаче, треба убаво да ми каже, ќе се смири, ќе ми каже, па пак у круг. Добро е бар ноќе намали со плачење. И тоа ми е криво, заспива супер, на време. Не знам од кај да барам помош и совет веќе. Каква ли е фазава... колку ли ќе и трае. Не е некое проблематично неразбрано дете. Ама еве во вакви ситуации изненадува. Се плашам да не и се создаде некоја траума. Или едноставно да затнам уши и да си оставам да плаче. Не знам...