Од нашата група 50% децата ќе одат нс планина, родителите си сврзуваат до 20.01, си земаат одмор. Останатите деца си доаѓаат редовно. Учителките се менуваат и си користат денови.И тие како и секој во работен однос имаат одмор.
Во градинка баш и нема така како на друго место одмори, они зимаат 1 годишно одмор поголем потоа оставаат некој ден за секој случај. И што ако сакаат да одморат, нивната работа е најтешка, јас капа им симнувам. Кај нас нема најави за спојување. Ако ми спојат ќе го носам пошто имам за учење. До 15ти дома не го чувам и секој ден ми е важен за учење.
Јас прашав бидејќи во еден муабет воспитувачкава ми вика - " од јануари како ги споија групиве детето нема шанси да влезе у градинка" како се одвикнал/исплашил/ не сакал веќе, па затоа прашав за искуства. За обврски сите имаме, а и деца се за у градинка
До 14ти им се води ко распуст. Лани од 3 групи беа вкупно 3 4 деца. Па фати епидемијата Кој не знае нека не шири дезинформации. И персоналот е намален
Од секогаш јануари е преполовен со бројка на дечиња. Вируси, одмор на родителите па идат на планина или дома си одморат, а поголемиот дел со постари брат/сестра кои се на распуст остануваат дома. Логично е спојување на групите. Јас не би пуштила тогаш дете на адаптација.
Тоа да, ама не е толку масовно ко летото. Ние ќе одиме во февруари, а дете мора некој да го чува. На сила ги тераат да не носат. Ќе им пуштат ваков муабет на родителите и сите по линија на помал отпор нема да носат и ќе викаат на одмор се. На одмор се кога таква атмосфера прават.
Секаде е јануари тој со пола неаработни денови. Тие што имаат деца над 6 години, мораат у јануари да одат на зимување, па затоа и децата од градинките тогаш одат. Кај нас има само најава дека на 31 само до 6 вечерта ќе работат. Другото стандард.
Каков распуст? Првпат слушам? Јас колку што знам, градинките немаат распуст и треба да си работат нормално.
Нас ни дадоа пакетче од Swisslion а и за 150 ден колку што плативме полничко е, утре ке ги распуштат сите во 12 часот градинките „Јасна Ристеска“ Охрид
A drugive denovi normalno si rabotat? Samo sreda e neraboten i posle pon i vtornik. Ne ni spomnaa nisto za raspust.
Во Охрид, нормално ќе си работат градинките, освен во неработните денови т.е Бадник и Божиќ. Воспитувачката ни кажа дека нема распуст нити користење од одмор. Тоа само на лето.
Токму така. Како за сите други, така и за градинките. Никакви распусти и сл. Проблемот е што они си земаат денови, одмори и сл, па си врзуваат заедно со неработниве и како што вика @kukla21 им прават филмови на родителите И кај нас гледам пишале на врата до крај на месецов прием и превземање на главна врата, со други зборови споени групи. Јас после Божиќ планирам да ја носам стандард и баш ќе видам со одговорната зошто спојуваат групи цел месец. Летоска вошки испофаќаа сите од што беа на куп Ептен сум им наострена.
Исто мислам како тебе. Ние си носиме дете од што немаме избор друг. Искрено дома ми е потерсене, во градинка кога е има ред и јаде и се, дома катастрофа. Уште трпиме од летово 1м што беше дома. Денови сите зимаме, не мора да е градинка, кај мене пола ги нема, зеле денови, ако има ќе земе нормално. Ама дека им е правило не е.