Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    ^Во нашата група денеска само 3 дечиња, од 43 запишани!
    70% се на "распуст" со постарите брат/сестра, останатите болни.
    Верувам вака е во сите градинки.
    Сосема нормално е групите да се спојуваат, а учителките да користат одмор.
    И тие се луѓе и имаат право на год.одмор, дури да не речам и приморани се да користат сега и на лето.

    На кој не му чини, нека носи дете во приватна градинка.
    Едно две, индиректно градинките вакви, такви...
    Навистина не ве разбирам:smirk:

    П.С.Ако некоја учителка директно каже "не носете дете, нема деца, 'распуст' е и сл", пријавете ја.
    Кај нас напротив, сабајлево искоментираа "што убаво, ќе си играме на раат, без гужви":D
     
    Последна измена: 2 јануари 2020
    На karak, green.eyes, mareane и 11 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Ова и после Божиќ е вака? Се сомневам :^) Цел месец спојување групи ми е ту мач, извини... Ќе ги соберат сите на купче и ајт.
    Овие муабети со приватна градинка и сл ми се :envy: муабетов ќути и трпи, има полошо...
    Они може да си користат одмори кога сакаат, ама не на сметка на децата. Може подобро да се организираат, ама зошто би се мачеле кога ко што реков ние сме научени ќути, трај, или безобразното "ако не ти чини, оди во приватна" Немој молим те!
     
    На ivanana3, Lady*Bug и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не е точно дека користат одмор кога сакаат, имаат право на избор периодов и во летните месеци.
    Исклучок се боледувања.
    Така барем е во нашата градинка, и во две други каде работат мои познанички.
    Еве не познавам и просветни работници кои земаат одмор кога сакаат.
    Нели, логично.

    И стојам на ставот, на кој не му чини, нека носи дете во приватна градинка!
    Де храната ваква, де не им давале играчки да носат, мајка да влегува при адаптација, не ги пресоблакале во пижами...

    Ајде малку да бидеме пореални, не е работава дојдена да креваме револуции зошто е ваква ситуацијата зиме/лете, работите треба/ше да се менуваат во корен.
    Зошто не се вработува поброен персонал, зошто не им се обезбедат подобри услови за работа, зошто наместо стотици глупави градби не се изградија десетици нови градинки, па од старт не би се соочиле со проблем при упис (да фатиш некој од горе).
    Да не редам.

    Читајќи ве, често се прашувам дал нам ни е посреќено со градинкава или некои мајки претеруваат?!

    Сто пати сум кажала и секогаш ќе кажувам дека сум им бескрајно благодарна на нашите учителки, воспитувачки.
    Детево со песна ми оди во градинка, пелените таму ги откачи, се осамостои за јадење, сам се пресоблака, мие раце и слично.
    Секој ден учат нешто нови, им организираат разни посети/прошетки.
    Еве веќе на моменти е тажен што од септември ќе оди на училиште.
    Тоа многу кажува за градинката...н.з. Сонце-Ново Лисиче.
     
    На M.B., karak, SexiLy и 18 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    А јас стојам на ставот дека ова е безобразно!
    Инаку, јас никаде не наведов дека сум незадоволна од градинката и од воспитувачките. Апсолутно не! Ама сум незадоволна од ваквото однесување на штета на децата. Треба подобра организација, а не стави ги сите на куп и завршена работа!!!
    И пак ќе повторам, се додека одиме со ставот “има и полошо”, “ќути трај” итн... вака ќе биде. Не смее да се дозволи никакви одмори, боледувања, спојувања и сл. да влијаат на квалитетот на времето поминато во градинка на нашите дечиња. А влијае!
    Не одам дотаму да изразувам благодарност до воспитувачки и негувателки затоа што си ја работеле работата за која се платени! Зошто би го правела тоа! Јас имам многу коректен однос со нив и сметам дека тоа е доволно, посебна благодарност не. Ко шо кажав, платени се за тоа што работат.
     
    На kukla21 и Marija_Magdalena им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Пупи, те ценам затоа што си посебно реална, ама се согласувам со @An-na на темава.
    Се некако по линија на помал отпор се оди. 2 жени за чување 20+ деца се малку. И не се тие 2 виновни, суштински е проблемот! Ама сите, ќути си, да не се светат на детеро. Кога едната ја нема или неговатечката е дежурна, па иде од 10 другава треба октопод да стане за да ги нарани. Ама сите си ќутиме, има и полошо, па ај во ред е сето ова. Е не е.
    И не е во ред сега ради одмори кој стигне деца да чува. Не е дека немаат право на одмор, туку ќе се организираат како што треба. Не да кажуваат било распуст, па филмови да прават на родителите. Тоа е веќе безобразно.

    Муабетот за приватна градинка во овој контекст е непотребен. Ама ако правиме споредба! Далеку повеќе се работи. Не е до бројот на деца, не е до парите. До идејите е. Отворете го сајтот на колорес на фб или било која друга градинка и ќе видите дека не е до парите. Ние очи ќе си извадиме пари за материјали да собереме, а види, колорес правеле новогодишна честитка која ги чинела 0 денари.
    Не се тие вработени во приватните супер воспитувачки со магично стапче, ама системот т.е. организацијата ги "тера" да бараат креативен начин да ги едуцираат децата. Фала богу, во 21 век на интернет се има. Е во другиве, има такви кои наследиле материјали од пензионирани воспитачки и со нив тераат со години.. па немало пари за материјали, тинтири, минтири. Е па организацијата ги прави инертни на промени. Никој не мери колку работат и што прават со децата. Мали се за надвор, ладно е за нокшир, а во јасли кај @wannaBeMomma седат на нокшир. Не може тоа да зависи од вољата на неговател или каков ти се погоди, со господ напред, има и полошо.
     
    На pepapa, ocicka2014, wannaBeMomma и 3 други им се допаѓа ова.
  6. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    После овој твој став, немам намера да дебатирам.
    А згора на се, квантитет не значи и квалитет, и тоа не само во овој случај...
     
    На NarCis@, Sexybaby86, slobodka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Сите воспитувачки беа кај син ми, само дека малку деца беа сите ги ставиле во занималната долу..
     
  8. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Ама не е до жените, прашајте ги и нив.
    Околностите така им налагаат.
    Треба да се реагира во Труд и социјала.
    Апсолутно се согласувам дека не е до парите, до идејата, желбата, инвентивноста на учителките е.
    Затоа и споменав, изгледа ние имаме голема среќа со нашиве, и од тие причини сум им благодарна.

    И која прави филм на родителите за распуст, нека се пријави.
    Трето нема.
     
    На Sexybaby86, ivi1987 и kukla21 им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.756
    Допаѓања:
    141.705
    Тие жени се учени да се со 40 деца наеднаш. Не им е проблем, а мора да имаат право на одмор. Одат тогаш кога има најмалку деца. И не можат да постигнат се оти немаат ни време ни пари. Едно е до 10 деца а друго со 40. И уште да не можат на одмор да одат.
     
    На JuLleE, mareane, kikin и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.897
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    Ако се 5 вработени, не може 3 да земат денови во исто време, без разлика за какво работно место се работи.
    Јас работам со 20 колеги, максимум 4ца може да спојат вака празници. Како може да се стават во ситуација да нема негувателка, а да треба да згрижат 30 деца?
    А да сум јас сама оставена да работам за тројца, и јас би правела финти за да си ја олеснам работата.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Слободно не дебатирај ;)
    Јас ќе си го кажам ставот, па сега...
    Правото на одмор треба да го искористат сите. Истото не треба да влијае на престојот на децата во градинка и квалитетот на истиот. Точка!!!
    Ако за тебе е квалитет 40 + деца збутани во една занимална цел ден, за мене ете не е. Различна перцепција на нештата имаме.
    Како и да е, не би сакала да прејудицирам, ама ако оваа најава што ја имаше во градинката се продолжи и по божиќните празници јас ќе реагирам и во општина ако треба. Не дека сум оптимист дека ќе сменам нешто (посебно што на повеќето родители ова самоволие им е нормално) туку затоа што сакам мојот глас да се чуе.
    Завршувам на темава, оти мислам дека го кажав тоа што имаше да го кажам. Се понатаму би било повторување.
     
    На kikin, Lizi и kukla21 им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.756
    Допаѓања:
    141.705
    2 жени чуваат 40 деца. Едната мора да оди на одмор 25 дена годишно. Исто и другата. Зстоа некогаш се спојуваат 2 групи и пак се 40 деца на 2 учителки. Не е ни страшно ни лошо. Се запозбаваат децата со други деца и после се се враќа на свое место.
     
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @PUPICA секоја чест за напишаното, капа ти симнувам.
    Реално, многу се плука по градинките, негувателките и воспитувачките. За храната па да не зборам, божем дома само со свежо овошје, месо и зеленчук ги раниме.
    Некогаш ние како родители треба да се запрашаме зошто само на нас не ни чини нешто и цело време наоѓаме маани. Можеби е до нас, а не до градинките и жените што работат таму.
    Вработените мора да користат годишен одмор, и го користат кога им следува или им треба.
    Кога има малку деца се спојуваат групите, не е ништо ново и невообичаено. И тоа се случува за време на зимски празници и летно време во ек на сезона и одмори.

    Треба да бидеме среќни кога има повеќе дечиња во градинка, се дружат, се забавуваат и во игра им поминува денот.
    Кога го носам и зимам од градинка среќен е, насмеан влегува и излегува. Кажува дека храната е убава, секој ден нови песнички ми пее. Кажува дека си игра со децата и дека ги сака тетките што го чуваат.
    Тоа ми е доволен показател дека детето ми е чувано во градинка и е среќно.
     
    На mareane, NarCis@, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.777
    Допаѓања:
    145.291
    Да, нека користат и учителките одмор, имаат право, ама нека се изнајде решение соодветно и за децата.
    За ништо не се бунам, ни храна, ни дали е облечено, соблечено, колку и што јадел. Битно ми е да е задоволен и наигран.
    Ама не се согласувам оти треба да не се молчи на ќути, има и полошо. Не се учителките криви, ама тие над нив, кои ги водат.

    Не може во општина и администрација да има за едно работно место 5 луѓе вработени, од кои тројца не работат ништо, а седат на исто биро, и се чукаат со лакти. А за во градинка да нема доволно персонал. Оти немало буџет.А за другите има, немој молим те.
    Да се минимум три учителки по група, и една да користи одмор, другите две ќе се снајдат тој период. Ама една со 20-30 деца не може, па ги спојуваат.
    Мене тоа ме иритира и вади од кожа. Ама за тоа учителките и немаат вина.
     
    На ocicka2014, kukla21, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Кај нас сега 2 недели децата седат дома. Ја затворија градинката, одмор имаат. И летоска е затворена 3 недели, одмор имаат. Колку што ме држи сеќавање и за велигден беше една недела, ама ај, празник.
    Колективен, сите заедно, клучот на врата.
    Не викам дека едното е добро а другото лошо или некаква утеха во стил има бетер....само споредба.
     
    На NarCis@, duffi, AngelOfArh и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    @duffi
    Немаат Дафи, а на нив им се истураат. Се знае, кога има таков проблем се оди кај раководители, директори, во министерство. Има начин, примаат на закажано.
    Од искуство знам дека примаат. Кога имавме голем проблем, сите родители баравме прием кај директор и не примија за да разговараме и најдеме соодветно решение за проблемот што настана.
    Колку пати родители на врата им се истураат на вработените без потреба. Во јајцето влакно бараат, урлаат на врата.
    Има начин, ама полесно е на форум да се пише него да се каже на право место.
     
    На NarCis@, kikin, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Реков јас не е до нив. Кога е сама воспитачката, а дежурна негувателката не знам како стига жената да нарани 20+ деца. И нивв не ги разбирам, нели се бунат, нели реагираат?!
    Апсолутно си во право! Се напикаа државни службеници насекаде, дел не одат на работа, ама таму каде најмногу требаше фали кадар!

    Има норматив колку деца треба да има на еден воспитувач. Треба да се следи тоа, а не има и полошо. Има и подобро. Зошто со тоа не се споредуваме.

    Вина имаат воспитачките, оние кои прават филм за да те дестимулираат детето да го носиш за да си олеснат. Системските проблеми не се нивна вина.

    @ivi1987 еурокрем не е храна за деца од неполни 2 години. Не знам како хранат други, ама ако може, јас не давам што не треба. И внимавам да јаде свежо месо, овошје и зеленчук. Не правам компромиси затоа што "има и полошо". На хартија менито и не е така лошо. Лошото е што не се спроведува. Е кога ќе чујам дека јала глупости се жалам каде треба т.е. во Општина. Не се помирувам со "има полошо".
     
    На An-na и duffi им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Не знам, во нашата градинка одат секогаш по мени, а менито е соодветно за нивна возраст. Маргарин, паштета, еурокрем немале никогаш.
    Исто и за чувањето, секогаш има доволно жени. Никогаш не ми рекле да одам да си го земам порано детето зошто немаат персонал. На 31.12 работеа нормално, секоја група со своја негувателка и во своја занимална, немаше никакви промени.
    А, доколку има проблем и самите си прават ред и даваат јадење што го нема во менито, родителите треба на соодветно место да реагираат.
     
    На duffi и kikin им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Во нашата градинка има две воспитачки кои ,,изобилуваат,, со итроштини.
    Незнам зошто им е толку тешко да имаат отворен и чесен пристап.
    Вака личат на лисици кои сакаат да те зезнат, а нема потреба од тоа.
    И несакам да генерализирам, затоа што останатиот персонал е коректен и си држи до својата професија без приговор.

    Знаеме сите каква е општата ситуација, дека немаат доволно кадар, не се примаат нови и се оптеретени и многу им доаѓа ако сабота е работна па мораат и тие.
    Ама што да сторат родителите кои немаат опција Б (баба) ?

    Последен случај:
    Прогласуваат ден за чистење ,,Не биди ѓубре,,
    Значи, во сабота мораме место на работа, на одредена локација со ракавици и кеси во раце да чистиме.Знаеме дека е формалност, ама...тоа е тоа.
    Во градинката се јавив да прашам дали ќе работи (т.е. да кажам дека ќе го донесам детето во сабота, морам на акција да се јавам), ама некако учителката ми звучеше како да несака да ми одговори на прашањето.
    ОК.
    Се јавив во Општина Карпош, ми соопштија дека изгласале и дека градинките МОРА да работат.
    НО...се јавува учителката и ми раскажува како и тие (персоналот од градинка) ке одат на чистење и дека нема да чуваат деца тој ден.
    :@
    И кажав за јавувањето кај Градоначалникот и за Советот (за нивната Одлука) и почна да д'тка дека така таа разбрала, можеби и по грешка.

    Ова е само еден пример, и тоа на поединец што ја криви сликата за целокупниот персонал во градинката.
     
    На ivi1987, Girl-Rabbit, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Што се случи на крај?