Ама и мене не ми е проблем спојувањето на групите доколку тоа би било во ист објект. Нашата градинка е мала, има само 2 групи, една голема и една мала. Секако секој ден до 8 часот (и после 15 часот) се сите заедно, се знаат децата, ги знаат и сите 4 воспитувачки. Меѓутоа сега 3 недели (и летото месец ипол) децата ги носиме во друг објект, на 3км оддалеченост, значи нов простор, нова средина, нови луѓе.... нивните воспитувачки се таму, ама пак на децата не им е сеедно. Ете мојот плачеше 2 дена на сабајле и сега не го носам.
Воспитачките се на работа до 13ч. Јас не знам некој што работи до 13. Во 5 секако не доаѓа! Држурствата ги покриваат негувателките. Голема работа ако остане подолго да покрие колешка. Ние во приватен сектор така се покриваме. Ако треба ќе седиш додека има работа, ама и тебе така ќе те покриваат. И јас мислам како @ocicka2014 градинките немаат штета ако имаат "екстра" воспитувач и негувател. Секако групите се големи и работа ќе има секогаш. Па и практиканти/волонтери да земат. Во сезона на вируси, нормално е некоја да се разболи. Па не е фер ни за таа што ќе остане со толку деца да е, а не е ни за децата. Кај нас ако не прашаш никој не ти кажува дека не се на работа.
Прво прифатете дека не е ова приватен сектор. Зошто, како, неа ѝ е работно време до 13ч. Сѐ над тоа не ѝ платено и не мора да остане, особено не за 21 000ден. За другото, пробајте изборете се за уште една негувателка во група и пишете тука како ќе заврши тоа. Инаку сите знаеме како треба и како е најубаво.
Не знам. Ваљда останатите 3 часа им се бројат како подготовки дома. Ова претпоставка со оглед на тоа дека работно време им е до 13ч.
Како да прифатам дека не е приватен сектор?! Него што е? Лежи лебу?! Па јас за 12 имам седено по 12+ часа на работа, а не за 21?! Не сум си одела дома од гружа дека имам работа, не па да су отидам деца да оставам. Нема напред со вакви размислувања. Не велам дека е нормално да се седи по 100ч на работа, ама кога има потреба, треба. Внука ми ја оставаа на обезбедување зошто на госпожа и е тешко да почека 10мин ако си заглавил на работа. А дошла на работа во 11. Прашај кога си оди воспитувачот. Негуватечките не. Тие секако 8ч седат.
Не е проблем ако бројката е на пример 20 тина дечиња од слична возраст, ама кога во една група се измешани сите возрасти и бројката е 40+, проблем е. Барем мене ми е. А и на децава не им е убаво. Летоска кога им беа споени групите (сите во една) повеќето дечиња со плачки одеа (вклучувајќи ја и ќерка ми) вошки испофаќаа. Мене да речеме не ми е проблем доколку ова спојување е краткотрајно, ден, два, за некој празник итн... ама цел месец?!
Ако мислиш дека воспитувачките се лежи лебу, не знам за што повеќе би дискутирале. Инаку изборот е твој дали ќе работиш 12 часа за 12 000ден. исто како и нивниот, избрале да работат за таа плата и тоа работно време. По закон.
Конкретно нашата воспитувачка, за секој час подготвува хамери, проекти, темите се различни, ама се гледа дека жената вложува време во тоа. Не може да ги прави за време на настава, значи ги подготвува дома.
Воспитувачките се од 6-13, негувателките се по 8 часа, доаѓаат покасно, накај 9-10 часот, за да може да останат до 18 часот. Така имам забележано кај нас во градинка, кај малите и големите групи, во јасли е поинаку распоредено, пошто секако во јасли се само негувателки.
Воспитачките како и секој друг работник ТРЕБА да си ги користат деновите кои им следуваат по Закон за работни односи. БЕЗ РАЗЛИКА дали некому му одговара или не Да не претеруваме. Разбирливо е дека секој од нас си плаќа услуга и ја очекува , ама разликувајте ПЛАЌАЊЕ УСЛУГА и ЈАВНО ДОБРО. Тешко ми е и мене лично кога нема градинка или кога има спојка на групи, ама тоа е тоа. Ако сметате дека нешто неправилно сториле има надлежни. ...ама дека постоечките учителки несмеат да користат ГО или сл.денови за љубов на нашите деца, во 5 групи да имало по 5 деца и сите тие (учителките) да се на број зашто децата сакале така а и родителите сметале така, малку е...незнам како а кажам. Нека проба некој вас од работа да не ве пушти кога имате потреба(а притоа по закон ви следи ден) па после зборете.
Ова стварно не го разбирам. Што е разликата? Јавното добро бесплатно е? Јас не видов никој тука да рече да не користат одмори, ама... треба поинаку да се организираат. И да, очекувам и за 5 деца да има група, не знам што е толку монструозно моето очекување? Ако одиме законски, предвидено е 10-15 деца во група, во реалноста ако има толку деца, веднаш спојуваат групи, оти малку им се гледа Абе ај!
Да. Јавното добро го плаќаме сите и на сите им е достапно аа користење,овде спаѓа образование, здравство, патишна инфраструктура и тн. Значи од народ за народ (просто кажано) што не е исто со услуга, како што е ручек во кафана на пример,па не ни се допаднал па можеме да им ја истуриме супата во скут или не ми ја испрал колата како треба па нема да му платам или ќе пере јас какое му кажам. Меѓу другото за градинка плаќаме партиципација од 1490 денари. Исто и за Задравство плаќаме % од плата. Затоа и јавното здравство е такво какво е. Плати си приватна клиника ако можеш па креирај си мени какво сакаш, а и фризер има Како да се организираат кога и бездруго се кнап? Или можеби треба за да удоволат на некоја мајка треба да не оди на одмор?! Епа баш хумано, нема што. Со тие услови во МТСП ќе се обратиш, ама не и кај учителките.
А кој кажа тоа? Е тоа е таа разлика приватно/државно. Јас имам однос кон работата, а во државното гледаме.. И затоа ќе стагнира општеството. Ти мислиш секое прекувремено е платено? Дома одат Не сите се од 6. Само дежурните. Другите идат покасно. И од 6-13 не се 8, не па покасно кога идат.
Јас ништо не кажувам. Ти во секој пост суптилно провлекуваш дека не работат доволно. Како и сега, ти имаш однос кон работата, а тие немаат, дека државно, нели. И да, мислам дека секое прекувремено е барем добро платено за да останеш. Ако не, пак е изборот твој да напуштиш и да не работиш тоа што сметаш дека не се вреднува доволно. Општеството стагнира од себичност, а тука по пишаново гледам сам еден круг, секој за себе. И фрустрации зошто некој има пократко работно време. Ко небаре само во Мк е така, па затоа назадуваме.
Не се осум часа од 6-13, секако воспитувачките не се осум часа дневно, негувателките се. Ако градинката работи од 6-18 часот, мора да има негувателки што идат подоцна. Секако попладне немаат активности, па негувателки ги чуваат, нема воспитувачки. Во групата на син ми сега, а и кај поголемиот кога беше во градинка, воспитувачката доаѓаше прва, од 6 часот, негувателката доаѓа подоцна, околу или после 9, и останува до 18 часот. Во јасли е поинаку, таму мислам и немаат активности и програма како поголемите групи.
Јас пак ќе речам, дејствувајте, пријавете, реагирајте во Општина. Има ефект. Впрочем, ако не се лажам, градинките не се затворени. Барем не видов, не прочитав нигде таков пример. Ако е проблемот што децата се измешани, тогаш, но комент. Морам @An-na да ја споменам, примерот погоре со вошките. Демек кога биле измешани фатиле вошки, во спротивно не ќе имале И не гледам логика и никаква друга оправданост за 7 деца да опстојува групата како во нормални услови и со двете учителки, негувателки.
Ама мислам и дека цел муабет се врти поради неколку учителки склони кон забушабање кои ја направиле сликата на градинката лоша. Тврдам дека не се сите такви и не е се така црно.
Баш така. И да збориме за конкретен пример, односно најавено и сторено (не носете деца, на распуст сме, нема да има група) ќе биде подруго. Ете каде е среда, ќе види/ме дали така ќе биде. Мислам се претерува. Ама ај, мое мислење...