1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    3.493
    Јас ставав тортица, лижавче и по едно балонче... Се утепале од дување:)
     
    На Mimmi39, Girl-Rabbit, kavadar4anka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.743
    Пол:
    Женски
    Јас преед неколку недели правев и не правам никогаш од тие класичноите торти туку им полнам украсни чашки со различни работи. Во секоја чашка ставав лижавче, крем бананче, по две мали чоколодца (од КАМ оние што беа со дедо мразовци, еленчиња и слично), кики бонбона и по еден балон. КОга дете носи од градинка парче од таа хартиената торта во неа обично има по две-три работи (крем банана, едно мало чоколадце и/или балон). Во тортите нема место за повеќе.
     
    На M&M и kavadar4anka им се допаѓа ова.
  3. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Јас порачав готова хартиена и тие си ги полнат. Парче чинам дека беше 30 денари а внатре имаше лижалк, крембананка и чокобисквит мал мислам. Ме мрзеше да се акам да купувам, да правам и вака порачав од тие страните по фб, хартиени торти. Си имаше по едно за секое детенце (додуша повеќе имаше зашто дента не биле неколку деца ама тетките си ги зедоја дома 10ина парчиња), :rofl:
     
    На Lolipop23, kavadar4anka и fana им се допаѓа ова.
  4. kavadar4anka

    kavadar4anka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    4.387
    Пол:
    Женски
    На pilenka, Lolipop23 и kikin им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.183
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    @FreeMind еве тука, да не ме караат и преместуваат :)
    Јас имаж баба сервис до март, после мора во градинка. Не знам колку поддршка ќе ти бидам, знаеш дека јас сум луда. Да пројде адаптација, и ја оставам, плачела или не, нека се снаоѓаат воспитачките. Не сум трошела многу енергија во размислување на темава.
     
    На TeddyGrey и FreeMind им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    :rofl:
    Баш ти ми требаш вака да ме охрабриш. Јас и немам некој избор мора да иде сакала или не нема друг кој да ја чува.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.183
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Јас бев во една градинка да прашам како им е редот, и таа ми вика не се секирајте може да влезе родителот со детето за адаптација. А јас и викам "а ако речам не влагам снајдете се, ќе ја примите ако вришти?" :D разбирам да се оди полека, еден ден пола саат, друг ден саат, ама 3 недели сигурно нема да седам таму пред врата. Да научи која е учителката и готово, нека се снаоѓаат после. Јас дома чувам ред цела година, поспремно дете нема да имаат никогаш, само треба да и зачуваат редот и топ ќе си биде, ич не се секирам.
    Освен од вируси и настинки, општо од сите мајки имам позитивни искуства од градинки, тоа човече сака другарчиња, најдобро да не е затворено со мама или баба дома цел ден.
     
    На Girl-Rabbit, Bibi30, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Блазе тебе :)
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.183
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Нормално е да се припремаш психички за некоја промена, ама не вреди предвреме да се нервираме. Ако помине добро, џабе сме се нервирале, ако оди потешко секако ќе се нервираме кога ќе дојде редот.
     
    На pepapa, Elenche87, Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    колку време треба да се адаптира 12 месечно бебе во јасли? ќе почнам наработа па ме фаќа трема:( уште цица како ќе издржи без млеко , што е дозволено да се носи од дома?
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.505
    Допаѓања:
    144.209
    Како се адаптира е сосем индивидуално.
    Мојот само првата недела одеше до 12. Првиот ден само седеше еден час.
    После од 8-12. Учителката инсистираше вака.
    Ако има проблем, секако ќе звоне да го земеме.

    Од дома носам АД. Кај нас дозволуваат. Во некои градинки не даваат ништо. Што има таму , тоа се јаде и нуди.
    Ќе се навикне побрзо отколку ти . Ќе гледа што прават другите деца, ќе повтара и он.
     
    На Girl-Rabbit, karak, derjus и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    Кај нас првиот ден 2 часа, па после 4 дена до 12ч. И од втората недела со спиење.
    Јас бев цела прашалници како ќе заспие без мене и цице, ама секоја чест за негувателките.
    Ако има некаков проблем одма ми звонат, на пр. температура, ако плаче без престан итн
     
    На Girl-Rabbit, derjus, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466
    Ова кај нас? Баш се чудев каков е периодот на адаптација. Колку денови по колку саати и сл.
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.505
    Допаѓања:
    144.209
    Да, кај нас.
    Вака оди адаптацијата скоро секаде како што читам тука.
     
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.848
    Пол:
    Женски
    Адаптацијата зависи од градинката, персоналот и самото дете.

    Искрено јас не ги прашував многу кога и колку да го оставам, туку си го следев детето.
    Првиот пат кога се адаптираше лани во Мај - веќе третата недела беше со спиење. Првиот ден 45 минути, вториот ден 1,5 час, потоа до спиење. Втората недела го носев од доручек до спиење и веќе после третата недела недела со спиење.

    Вториот пат во Ноември после 4,5 месеци пауза, веќе до крајот на првата недела го оставав со спиење. Кога им кажав дека ќе го оставам на спиење, таму ми изреагираа демек рано да не му е, ама ете се покажа кај него дека не беше рано.
    Ама моето дете не правеше многу проблем. Не дека не плачеше, ама брзо се навикна. Вториот пат не плачеше воопшто. Знаеше да прокенка наутро дека не сака да оди, ама таму си влегуваше без проблем. Еве и утрово дома ми вика “мама не сакам да одам го гадинка“, па тука се објаснуваме дека мама мора да оди на работа и дека оди да си поигра со другарчињата, па дека ќе го земе баба, а после дека ќе си дојдат и мама и тато да си играме. кога стигнуваме таму, му облекувам топлинки и го пуштам сам си влегува во занимална.

    На другарка малиот пак во друга градинка и после првиот месец уште беше од после доручек до спиење. Делумно заради неа, делумно заради персоналот што не се потруди.

    Е сега имам друг проблем, ако може така да се нарече, па ако некој има искуство да ме посоветува.
    Утрово учителката ми кажува дека не ја слушал секогаш. Ми вика не е страшно, ама демек знае да се инаети. Ме изиритира дека ми искоментира демек разбирала зошто бил дете чувано дома. И кажав само дека јас дома не му дозволувам да прави што сака, а саква да и кажам дека треба она да си направи ред со него, ама ова второто го преќутев.

    Е сега, дали да му зборувам дома дека треба да ги слуша во градинка или да оставам они сами да си постават ред со него? Не е он бељаџија, ама и дома знае некогаш да се заинаети понекогаш. Ама ова делумно и карактер е.
     
  16. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466
    Мене ми е проблем шо нема да можам јас да ја зимам. Во моментот ја чуваат бабите и ние би ја носеле а некоја од нив би ја зимала. Се надевам дека ќе се навикне брзо за да ги ослободиме бабите. Ама, искрено, не верувам дека за помалку 3-4 недели ќе навикне да преседува цел ден таму. Шо знам...
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.848
    Пол:
    Женски
    Кај мене го зимаат во 3 моите. Додека не се пожалат така планирам да тераме.
     
  18. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466
    Неам таква опција, ние сме до 4 на работа, а бабите штом ги распуштиме нема да доаѓаат кај нас (живееме во различни градови). Тоа и е целта со пуштањето во градинка, да не ми седат мајка ми или свекрва ми кај нас со недели.
     
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Ќе седи 9 часа во градинка. Како сите деца впрочем. Не те сфаќам за каков проблем станува збор тука?
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.710
    Допаѓања:
    72.607
    Пол:
    Женски
    Не кажувај 2 пати.. И двајцата доста тешко ми се адаптираа... особено синчето. Повраќаше обилно од многу плачење и напор, а беше дете кое оди кај секого, кое јаде се, кое спие кога и да го легнеш. Први 2 дена супер беше... И одеднаш шок, да вришти едвај од раце ми го зимаа. Па едно 2,3 недели повраќаше и ми се јавуваа да си го зимам. Плус со разболувањето е весело... Најголем проблем ми е тоа :sweat: И синчето беше нежно, 3 дена градинка.. 10 дена дома... еве и малава не е нешто поарна... И цела адаптација ни се пореметува. Сега седи веќе 20 дена дома зашто лежевме во Козле со бронхит и пнеумонија и кога ке ја вратам пак ке биде плачки...
    Синчето тек на 4г почна да издржува повеќе.. Да речеме еднаш во 2,3 месеци се разболува сега. И јас немам баба сервис и затоа сум дома. Кога ке почнам да работам до 4,5 ке мора да седат во градинка. Зависи и колку ке ми е мене работното време.. Ама на другите им е до 4,5 (маж, свекор и свекрва).
     
    На Girl-Rabbit, hello-kitty.90, TarantulaA и 5 други им се допаѓа ова.