На почеток додека трае прилагодувањето ќе ја земаат тие. Најмногу до месец дена е прилагодувањето. После тоа ќе си ја земате вие откако ќе завршите со работа. Не гледам ни јас проблем после прилагодувањето. Е сега за полесна адаптација спреми се ти психички дека таму ќе и биде супер и дека нема многу тебе да те ремети нејзиното плачење ако го има на почеток. Исто така зборувајте позитивно за градинката. Одете нека ја види претходно (само од надвор) зборувајте како ќе се дружи со дечиња, како ќе и биде забавно и слично.
Фала ти, тоа од прилика немам претстава колку трае адаптација, ама за седење цел ден. Пошо сите со кои зборам им ги зима некој децата. Инаку сум целосно за градинка, па ете да примиме мрп па од март некако почнуваме.
До детето е. Две ги имам дома скроз различно, едниот би си седел дома другава и цел ден би во градинка
Јас,ти и Спиди отвараме сезона заедно Мене педијатарот ме советуваше дека на една година е најдобро да се почне бидејќи не разбира сеуште ништо и полесно ќе се адаптира. Јас само знам дека прата недела идам по еден саат на прилагодување, па потоа ќе ми направат друг план во зависност како ќе прифати малата. Еден месец е фазата на прилагодување секоја недела се зголемува. И јас после месец дена ќе ја земам од 16 до 17ч. Се надевам искрено дека ќе се прилагоди и ќе и биде интересно и ќе мине без плачки. Јас сум оставена од јасли и навистина сум сакала да одам во градинка. И верувам дека за секое дете е најдобро таму да почне со образовниот процес. Сепак цел ден им е исполнет со игри и дружења.
Нека ни е со лесно и да имаме трпение и сила самo валда ќе поминеме без плачки (мислам на нас, не на децата )
Zdravo vi se ufrliv vo muabet ama da si prasam i jas sum vo k.voda imam 8 ipol meseci bebe i sakam da ja zapisam vo gradinka, dali znaete dali odma primaat ili kako odi toj proces?
Викате најдобро време за во градинка е од 1 година? Од оваа гледна точка ич не ми се носи од годинка, имам можност да го пуштам и покасно. Ама па, покасно може да е поголем проблем Или сепак е различно секое дете..
Повеќе од јасно е дека секое дете е приказна за себе. Па, и од градинка до градинка има разлика, од група до група, разлики помеѓу негувателки/учителки еден тон. Но, според мене, далеку полесна е адаптација на помало дете пр до 2 год, и на дете од 3+. Примери такви имам еден куп околу мене. Дури имам пријателка првото го пушти на речиси 10м, второто на нецели 9м, за него дури и врски фаќаше да го примат, дека нели од 9м примаат. До 1,5 год се разболуваа, се адаптираа доста лесно, појма немаа сиротите каде одат. Еве ги едното 4 год, другото 3 год, деца за мерак. На колешка малата 5, 5 год, 6 месеци се натегаа со адаптација и тоа во приватна, и на крај кренаа раце. Попуштија на манипулациите на малата. Којзнае како ли ќе биде ко ќе треба за некој месец во училиште да тргне. Познавам уште 3 речиси исти примери. Градинка=ред, рад, дисциплина, самостојност, билдање имунитет... Јас 1,5 год го пуштив и тоа при две здрави, прави баби. И не погрешив.
Не би можела да кажам кога е најдобро време да се прати во градинка. Познавам примери со бебиња со тешка адаптација, а познавам и постари (4 и 5 години) со тешка адаптација. Правило нема, зависи од детето ама исто и од персоналот. Мојата тргна на 1г и 10м, одлично се адаптира и многу сака да оди. Е сега кога станува збор за болести тоа е неминовно, за жал ќе се разболуваат многу, без разлика дали се бебиња или деца.
А бе пупи, ко во војска да одат децава Многу сериозно ја сфаќате градинкава. Па нас ако не не бендисува работата, аплицираме, бараме нова, не ни е погодена средината, ама децава мора да ја прифатат секоја средине без бунење. Ако негодуваат, не манипулираат. Може едноставно не им е погодено.
Мојот е од 10 месеци во градинка. Многу убави навики стекна таму и самостоен е од 2 години за облакање/соблакање , сам јаде од многу мал, не сака секогаш во градинка оти нема цртани не ради нешто друго. И дека не може да прави што сака. Мора да почитува ред. Сметам дека не манипулираат како сакаат ако им дозволиме.
За тука сум сум и јас. Мајками најверојатно почнува со работа во средината на февруари, мм планира да земи одмор и да го истераме фев па да го пуштиме синко барем во март, да се затопли малку, а и да биди убо стабилен со одењето. Да имаше кој да го чува можи ќе продолжевме градинка барем до мај ама немааа, да ви кажам право почнав и да сакам да оди во грдинка, нека се дружи со деца на негова возраст, мислам дека убаво ќе му биди, плачко е со непознати ама деца сака, ги гали, се милува за тешко знам дека ќе биди тешко, ќе плачи сигурна сум, но кое дете не плачело? Вака се тешам Кај нас можи во било кое време да се запиши, нема многу деца што одат во градинка, моментално во неговата група биле 6-7, а 2 се воспитувачки. Ќе се дружиме пак и овде @Spidy @FreeMind @SaNJaAaaAaa
Најлош период за адаптација велат е од 2 до 3 години. Или пред или после. Секако зависи многу и од воспитувачките. Има сеуште некои мисирки кои маваат шамарчиња. Е ако ти се погоди кај некоја таква нормално дека нема да сака. Другарка моја ја фати жива воспитувачката гледајќи ја преку прозор како и го влече буквално по под бебето од 1 година за уво. Отиде случајно да провери зошто бебето плаче за накај градинка. Ова е пред 6 години настан. Кога и влезе со полиција ја изнесоа. Воспитувачката доби отказ и по некој бокс, а другарка ми кривична. Малата никогаш повеќе не отиде во градинка. Да бидам искрена и јас да видам мое дете да влечат по под ќе ја влечам по улици за уво додека уво не и падне. Алергична сум на покажување сила кон послаби. @lackygirl каде јас без тебе @hello-kitty.90 зарем нема да не дружиш?
За уво? Ќе ја газам со нозе додека не биде до степен да ја иџнесат на количка полицајци. Не знан како си дозволуваат да се иживљаваат на мали немоќни деца. Леле да сум некој закон шо би направила...
Покултурно да се изразам иначе не знам дали ќе може да оди ако ја видам да прави такво нешто. Јас уште ги паметам шамарите од градинка и шамарите до средно. Не би сакала и детето мое да ги доживее. Верувам дека сега се е сменето од наше време. Јас сум секогаш да се бира професија за што те бива. На пример јас не можам со деца и не сум учител. Ако не те бива за воспитувачка иди сади кромид.