1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    Кукле не ти го разбирам баш муабетов:tmi:
    Ама ај ќе се обидам да ти реплицирам од она што мислам дека го разбрав.

    Велиш сериозно ја сфаќаме градинката, како војска.
    Па, да, да не се лажеме. Да не беше така, немаше толку дискусии да има овде, нели?
    Сепак, според мене, градинката е стартна позиција, основа за многу нешта.
    Од социјализација до секојдневни навики што ќе ги пратат низ животот.
    Градинката е сосема нормална, природна средина е за дете од 1 год па натаму.
    За мене нон сенс е дете да расте со баби, дедовци.
    Ко баби и дедовци што можат да ти „расипат“ дете, никој не може.
    Го осетив на своја кожа.
    Имаше 3-4 месеци кога малиов поради бронхопневмонија паузираше, а таман ја надминавме адаптацијата.
    Бабиве скроз го изреметија. Безредие со спиење, јадење, распрдено до бесвест, мораше да му се иде по газ.
    Еднава му држеше куре кога мочаше, оти господинов го мрзело сам да моча:@
    Другава со тањирот идеше по него, оти тој морал да се качува на лизгалка и слично:@
    Во супа му дробеа животинско царство, оти само така ја јадел:@
    Примери мал милион.
    А во градинка можеше и сам да мочка, и мирен да седи на маса и сам да јаде...
    Џабе и на двете им зборев, укажував. Нели, баба, па се му попушта.
    Бар моиве некако ко да не сакаа да ме разберат. Едвај чекав пак да фатиме ред, односно да се вратиме во градинка.

    Мене, бар од мое и од искуства од мои блиски, ми се докажало дека а негодува, детето манипулира.
    Чист пример деновиве.
    Детево од пред три дена протестира, наеднаш не сакал во градинка, било досадно, многу било гласно, уши го болеле, не сакал да јаде зелка...седнавме убаво разговаравме, се испостави дека не сакал да оди бидејќи го искарале и два дена по ред на секои пола саат го седнувале на маса, под казна.
    Џиткал играчки врз шкафовите.
    Така му треба, што сеел, нека жнее.
    Значи класична манипулација.

    Малку каша попара можеби ми е постов, ептен во лет пишувам.
    Верувам, се разбираме...
     
    На Girl-Rabbit, NarCis@, M.B. и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.220
    Допаѓања:
    124.248
    Само камери! Кај нас ќе се ставаат во брзо време. Не смее никиј мое дете да чепне. Јас не сум ја удрила, друг ќе ја тепа! Море....

    Иначе градинка мора дисциплина. Таков е животот
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Ццц срамота бе баш ми е жал што си имала такво искуство а и претпоставувам дома не си кажувала ти било страв дали ќе ти поверуваат... Не знам шо да кажам сано Господ да ни ги чува децата
     
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Пупи, се согласувам со ова напишаново. Му држеле куре да мочка :rofl: Јаки се! :rofl:

    Друго ми беше поентата. Не секое дете протестира или манипулира. Ете, твоето не сакало и се утврдело дека има причина за истото. Така и за другите, најчесто има нешто зошто не сакаат да одат. Некогаш таа причина може е и оправдана. Може го тепале, може го удриле, не секогаш е од пекмезење и не се согласувам со тоа дека нема попуштање.
    Нема попуштање во твојот пример. Ако го млати некој таму? Нек оди, нек се јача. Ќе учи ред.
    Треба да се најде изворот на проблемот и да се реши.
     
    На Girl-Rabbit и RainBow им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.691
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Мене синчето на 1 и 3м ми тргна (адаптација претешка) и тоа тргна без гајле за рака влезе внатре, насмеан и втор ден исто, дека тие два дена по малку го оставав... е кога почнав повеќе почна и хоророт... маки беше додека се навикне, па разболувања многу и цела година одеше, не одеше. После поради раѓање на сестричката паузирав малку и го пуштив (ни донесе страшен вирус на 4м и од тогаш престанав да го носам скроз), па и здравствени проблеми.. паузираше 1ипол год. Тргна пак на 4г без никаков проблем, малку беше како исплашен првиот месец, изгубен да речам, неопуштен.. ама после немаше гајле. Се вклопи скроз, односно се опушти. Еве сега месец скоро се дома и двајцата (планирам он да тргне од Феб) и ми вика дома му било поубаво, не сакам да одам (facepalm) А малата таман беше веќе адаптирана, тешко одеше и кај неа.. Тргна на 1г и 10м во Септ и до Дек сеуште си плачеше... имаа и претстава и само таа ја исплака цела престава, сега после пауза од месец којзнае како ке биде :x на ново пак..
     
    На Sexybaby86, mal.ecka и kukla21 им се допаѓа ова.
  6. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    @kukla21 мене ова што зборите тепање, млатење, удирање ми е некако неверно:|
    Многу лесно може да се открие, докаже...
    Да беше тоа толку честа појава, да не речам вистина, секојдневно ќе читавме, слушавме за вакви ситуации.
    Не паметам кога се случило такво нешто.
    А, сигурно ќе беше забележано во јавноста.

    Да бидеме искрени, ама малку повеќе претеруваме.
    Икс мајки не дозволуваат, се бунат доколку се подвикне на детето, искара со прст, доколку го казнат на одреден начин (стоење во ќош, седење на клупа/маса дури останатите слободно си играат).

    Пред некој ден бев сведок на доставување цел ферман на поплаки до градинката од страна на еден татко.

    „Зошто го терале детето да спие, кога он не спиел ни дома никогаш. Не било во ред да лежи и да гледа во таван. Требало да го остават да си игра, црта, дури другите спиеле.
    Требало учителките да му ги облакаат патиките, а не само да му асистираат.
    Да внимавале повеќе на детето кога јаде, бидејќи дома се враќал исфлекан.“

    Мислаааам, мене би ми било срам за вакво нешто да реагирам.
    Башка, нема простор за реакција.
    Малку ми фалеше да му кажам, добро бе дечко дал си ти нормален:fubar:

    Генерално, темава е повеќе од неисцрпна.
    Може да збориме и дебатираме со денови...
     
    На slobodka, Girl-Rabbit, NarCis@ и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    81.993
    Пол:
    Женски
    Нема најдобро време,индивидуално е.
    Има деца кои ќе тргнат од 5 па ја прифаќаат градинката ,а има од година одат ,па до крај не ја прифаќаат.
    Доколку немаш потреба носи го тогаш кога ќе има потреба од друштво.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.691
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Верувам дека и ке кажат. Синчето кажува на пример се неубаво што му се случува (со децата), некое го удрило, некое го бутнало, некое не му давало да седне до него, му земало играчка од раце... Па како и друго дете закачало друго дете... Па ако го удрат негувателката и воспитувачката сиг ке ми каже.. :?:

    Сега дека и не смее доста работи да јаде, знаат таму што смее и му даваат тоа и ми кажува: мене денес ***** ми даде да јадам крем банана, смеам тоа нели? :D
     
    На karak и PUPICA им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    За ова апсолутно се согласувам, како може да немаат решение за децата што не спијат? Да лежи и да гледа во таван.:drunk: И јас не сакам да лежам и да гледам во таван, не па дете со неисцрпна енергија. Треба и повеќето родители да реагираат за ова и да се најде решение. Ама децата мора да прифатат се во градинка и за ништо да не се бунат и крај.

    Мојата супер си прифати да оди, ама и такво си е детето, дружељубиво е. Сепак, друго е уште кога е бебе зашто секако не може ни да каже ништо, ни да се буни, може да плаче, па ќе преплаче и адаптирано е после, супер.

    Ќерка ми ако не сака да оди во градинка знам дека нешто се случило, па разговараме, или разговарам со воспитувачката и она ќе ми каже што се случило, па го надминуваме проблемот. Ама да, кога не сака да оди има причина. Некои деца можеби и се поповлечени и не им прија да се во толкава група. Не се согласувам дека манипулирале, едноставно не сакаат да одат, а уште немаат капацитет да го разберат морањето.
     
    На eli25, LiliBoz и kukla21 им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.691
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    И мојов знае да не спие... И така си лежи. Дека го зимам во 2 пред ужината и ми кажуваат не спиеше, си лежи :?: И и кажав баш зашто не ги стануваат тие што не спијат или да не ги ни легнуваат... Зашто има секогаш по 2,3 така што лежат само... И вика така нема никое после да сака спие :D
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    И покрај сите муабети, сеуште не верувам дека тепаат деца во градинка. Затоа потполно се согласувам со @PUPICA и тие родители што мислат дека нивното дете е центар на светот, треба да сфатат дека уште 20 има во групата, кои исто така се нечиј центар во светот.
    Нејсе, убаво е децата да увидат дека не секогаш ќе биде по нивно. Дома е секогаш главно детето, победува во се, ама во градинка е борба, со уште 20 ќе научи да се бори да биде прв.
    И во јадењето. Дома 300 моленици. Во градинка е натпревар, кој прв... Итн. Милион примери зошто ја почитувам градинката можам да набројам. Еве синко е дома скоро еден месец поради сипаници, не знае што со себе. Научен е на другарите, на игра, социјализација. Едвај чекам да почне пак...
    А камери во градинка.... Сметам дека е претерано тоа. Мислам, глупости. Еве јас не сакам секој да го гледа моето дете како јаде, мочка, спие итн. Педофили еден тон. Зошто толку недоверба имате па и камери би ставиле не разбирам?

    Јас конкретно, повторно ќе кажам, презадоволна сум. Детето ми оди од 11 месеци во градинка и супер е адаптиран. И милион пати е поубаво отколку со баби дома или со мама која има и бебе и мора и со него да се занимава..
     
    На Girl-Rabbit, karak, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  12. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно.
     
    На Spidy и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    За се имаат одговор.
    Си има за се решение, само кај нас е најлесно по линија на најмал отпор, па дете ќе лежи саат ипол и ќе буља во таван.

    Се согласувам само дека ако не можат родителите да го чуваат детето најдобро е во градинка, подобро е секако од баба и дедо. Според мене тие стари генерации не можат да ги воспитаат новите, а и не треба, они си го завршиле своето. Освен ако нема здравствена причина, па да се мора.
     
    На eli25, kikin и kukla21 им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    @PUPICA јас па ви се чудам како се прифаќате дека е нормално, па и тогаш кога не е.
    Дете од 5 год нема потреба од дневен сон. Зошто да спие? Зошто "така треба"?
    И јас се жалев за флекањето. И ќе се жалам. Затоа што ги мрзи лигавче да им стават? Нека ги научат сами да стават еве. Дома става.
    И се жалам што не ги седат на нокшир. Ај да прифатам дека е нормално да не седат, па до 5 со пелени нека се.
    Раце миење е задолжително.
     
    На eli25 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Не знам која градинка е тоа каде не мијат раце, не седат на нокшир... Изгледа по различна програма работат... Стварно не ми е верно сето тоа.
    Колку што знам со @PUPICA во иста градинка ни се децата. Изгледа нашава специјална е штом сме олку задоволни :rofl:
     
    На M&M, PUPICA и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Јас во Југославија одев во градинка каде беше скроз нормално да те натепаат. А дома ако кажеш одговорот беше секогаш ист: си заслужила. Така со тек на време се помируваш со системот дека може да ти мава шамари.

    За подоцна да почне да се менува свеста и општеството да еволуира дека образованието не значи метод ќотек. Така во изминативе 20 години стана неприфатливо дете да биде удрено од наставник.

    Дека сеуште постојат воспитувачки кои маваат или корнат за коса постојат. Како што постојат негувателки кои ви ги тепаат децата за пари. Се додека никој не гледа се може да се случи. Само со казни и закани ќе се изретчат до поднослив степен.

    Инаку за ред во градинка и мора да спие и јас се согласувам. Ако не му се спие нека гледа во таван. Си има препораки децата до 6 години колку треба да спијат и градинките мора да се држат до тој систем. Покрај толку игри на детскиот организам му треба пауза, детето станува кемкаво и досадно и системот одлучил дека е време за спиење. Сабота и недела оставете ги нека си играат. И да, сите ќе спијат или никое.
     
    На Girl-Rabbit, NarCis@, M&M и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Како така со таков војнички став? Не се децата по калап правени, па за сите исто да биде. Ќерка ми спие од седум до седум обично, сосема е наспана и е во склоп со препораките за сон, како може на сила да спие уште?
    И да им треба одмор нека ги седнат тие што не сакаат да спијат и нека им читаат приказна, и така ќе се одморат. Ама немаат време, немаат персонал, немаат услови... Се немаат, па затоа е лесно да се остави детето да лежи и да ќути.
     
    На eli25 и kukla21 им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Ги мешаш работите. Градинка е дел од образовен систем, не е од слободни активности. Го носиш муабетот на објаснување лични потреби на единец во колектив. Утре може твоето нема да сака да учи географија па ќе бараш хипотетички да не учи според “невојничкиот” принцип на сфаќање систем.
    Јас ве разбирам дека вашите не спијат може и моето нема да спие, но треба да разберете дека времето од 12 до 14 е за спиење. За читање книги е да речеме од 15-17. Веројатно секоја градинка си има план. И во тој период ќе спијат сите. Ако твоето и на кукла добијат читање книга и моето ќе се јави дека не сака да спие и настанува рушење на систем. Затоа ќе спијат симпл.
     
    На slobodka, NarCis@, M.B. и 5 други им се допаѓа ова.
  19. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    @kikin (highfive)(highfive)(highfive) изгледа ние на Бинго сме добиле:?::D


    Да бидам искрена, на моменти не чувствувам за потребно да споделувам искуства, мислења, совети, што да е во темава...

    Јас разбирам дека на секого своето му е најмило, најубаво, најпаметно, највакво, најтакво, па макар и да не било така, ама дека некои мајки претеруваат, повеќе од јасно е.
    Мое мислење.
     
    На NarCis@, M.B., m.i.g и 7 други им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.791
    Допаѓања:
    65.499
    Пол:
    Женски
    Градинката во тој период е повеќе згрижувачки центар, отколку образовен систем. Кај нас нема и разлика, се во едно е.
    И не зборуваме за учење, зборуваме за нешто што е природа, а се форсира на децата. После дремката само ужина имаат и чекаат родителите да дојдат да ги земат. Ако се сака се може да се организира, ама не се сака. Во многу градинки во светот има опција дали сакаат да спијат или не. Само кај нас мајките што сакаме некаква опција ептен бараме преку леб погача. Не само за ова, туку за се.
     
    На eli25, kukla21 и supergirlmb им се допаѓа ова.