1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.728
    Пол:
    Женски
    внука ми одеше во градинка од седум и пол месеци па се до школо. престана да спие преку ден од две год. седеше со негувателките.
    и мојов некад не спие и седи со негувателка. тоа е тоа.
    флекан е редовно и преоблечен. скоро секој втор ден носам облека резерва ради тоа и во ред ми е , битно е јаден.
     
    На mariz и kikin им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.526
    Допаѓања:
    82.436
    Пол:
    Женски
    Се работи за дневен одмор, а не за задолжително спиење,не мора да спие,ке лежи ,ке одмори.
    Одмарањето е преку ден е секако потребно и спаѓа во формирањето на здрави животни навики.
    На потребата за спиење имаат влијание многу фактори,активноста,темпераментот,количината и квалитетот на ноќното спиење.
    Потребата за одмор во актуелниот момент го проценува негувателот,а не родителот.
    И во големи групи има многу деца кои спијат и планот во градинките е прилагоден на потребите на децата за одмор.
    Секако меѓу 3-5 год.е потребно 10-13 часа сон.Има деца кои и на 6 имаат потреба од спиење .
     
    Последна измена: 24 јануари 2020
    На Girl-Rabbit, NarCis@, Konfetka и 8 други им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.856
    Допаѓања:
    72.972
    Пол:
    Женски
    @kukla21 џабе лигавчето. Мојов секаде освен кај што стои лигавче бил исфлекан :D И ишкртан со фломастери, темперни и сл... мене не ми сметаат флеките.
     
    На Girl-Rabbit, Coco31, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    И мене не ми сметаат флеки од ништо, ама ми сметаа флеки на пижами. Јадат во нив и директ на спиење, цела недела во исто. (Кај ќерка, кај син ми не јадат во пижами) Незамисливо ми е мокра од манџа да спие 2ч и таложено.
    Разговарав со негователката, понудив лигавче гумено, рече имаат кецели со лигавче ја враќаме назад во бебиња. Целосно самостојна е, освен за газ бришење тоа :)
    Еве од тогаш мн ретко да има и тоа мала флека, ништо страшно.
    Кога пишав у групната на вибер да ги прашам дали и кај нив е така, поголемиот број не вратија. Една се согласи, а останатите ми го извртеа скроз муабетот, како биле топ учителките, мн деца, битно ги чувале бла бла. Далеку од мојот муабет. Лудило.
     
    На snegulkata, eli25, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.700
    Допаѓања:
    322.333
    Не ми сметаат флеки воопшто.
    Нека е сита и нека учи сама да се храни и мене ќе ми биде од помош тоа.

    Во нашата градинка, кога некое несака да спие, го тераат да лежи и да ќути.
    И тоа не ми пречи зашто мора да се учи на колективен живот, не е само таа на овој свет, постојат и други деца.Мора да се има ред.
     
    На Girl-Rabbit, NarCis@, M.B. и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.271
    Допаѓања:
    124.943
    Како може некој да се лути за покапано дете??? Па дете е тоа, мора да се покапе! Мора да научи дека ако ја држи вака лажицата ќе се покапе, ако не ја држи, нема да се покапе! Лигавче никогаш! Мора да знае за последици од движењето. И што ако е покапано? Машината не ми е за украс, па и да има флека која не се пере, дома ќе си ја носи. Имам траума од една мајка што го тепаше детето оти со сокчето си покапа јакна.

    А за спиење, ако не им се спие, имаат една занимална кај што си играат. Има градински низ светот каде воопштоне спијат децата за да може веќер рано да заспијат, за родителите да имаат време за нив.
    И јас кога бев дете, ако не ти се спие тој ден, иди у занимална.
     
    На Girl-Rabbit, m.i.g, Elenche87 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    20.932
    @FreeMind моето ќе си поседи уште малку дома,со мама :D
    Нели,оставив работа,па да не ми е џабе :D
    Планирам од септември,ако е се како што треба. Некако ептен сме поврзани,па не знам како би ни било прилагодувањето. Поради многу причини не сум да расте со бабите и се согласувам дека многу убави навики се стекнуваат во градинката, бабите ептен претеруваат,баш како на @PUPICA примерите. Свекрва ми така ги порасна останатите внуци,а и мајка ми гледам се по газот му оди.

    Да избегнам и нервози,и да не бидам јас лошата,сакам детето да биде воспитано,а не распекмезено,па затоа бирам градинка. Е сега,ако од здравствена или било која др причина не може да оди,а јас појдам на работа :x.

    Како и да е,се надевам дека од есен ќе се дружиме,а не се знае може и порано. Инаку кај нас,МОРА врски за да се запише во градинка,ако не,се чека и чека и секогаш ќе има некој пред тебе и твоето дете (waiting) :emo:

    Има ли некој што пуштил дете да оди во градинка во лето? Дали е препорачливо,демек ги спојувале во една група? Да не би почнувале со градинка во ек на вируси,дали може пр.од август да почнеме?
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.856
    Допаѓања:
    72.972
    Пол:
    Женски
    Кај нас ако одат доста деца не ги спојуваат. До сега не биле споени кај синко, само што немаат програма. Црткаат, играат како и да е, не е дека без никаква активност се. Јас го пуштив синчето од Март Април некаде минатата год, а од сред лето Јули мислам почна со спиење... :)
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Еве лажам. Бог да чува! Што причина имам да лажам?!
    И на другарка и е погодена групата. Во иста градинка. Ама сосема поинаков однос има персоналот. И се чудам кога слушам @wannaBeMomma кога кажува дека во јасли ги седеле.
    Пак прашав денес. Нокшир на пролет.

    Мене ми пречат флеки ако морам за секој ден задолжително да имам по 3 пара тренерки. Тоа се 15 неделно. Вие или имате екстра гардероба или не ви го флекаат вака?
     
    На mal.ecka, eli25, ocicka2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.848
    Пол:
    Женски
    Какви топлинчиња носат вашите малечки во градинка? Јас и имав земено на гезер од локо кроко, денес негователката ми се јави да ми каже дека веќе и се мали и да сум купела со висока гума и високо назад кај петицата, па реков да ве прашам какви носат вашите.
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас за ич пари и зедов од Лидл. Не сум помислила да не и се мали.
    Да си прашам во понеделник :)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.271
    Допаѓања:
    124.943
    Зошто 3 пара на ден? И секако се пере секој ден, не мора да се чека сабота или недела. На пример, мојата носи на неа една облека, една во ранче. Дома трета. Ако не се извалка денеска, таа од ранче останува чиста за утре. Дома има стари тренерчиња, блузички... сигурно има 15 горни алишта, ама цело време се пере. Секоја вечер у 10 пуштаме машина, па или јас ноќта спружувам или маж ми сабајлето.

    А и 2 пати исто алиште не облекувам и да не е валкано.

    Дете кај мене е летно време цел ден у двор, у кал, у земја, песок... боса е надвор и кога се прибира е како циганче. Чиста ќе биде кога ќе биде мома, сега е дете, сака торти од кал, сака да јаде праски од дворот на комшијата и цреши да лапа...
     
    На slobodka, Girl-Rabbit, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    И јас така. Еднаш носи и се пере. После доручек и после ручек, плус од сабајле тоа што сум и облекла = 3 пара.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Памтам и сестра ми само носеше алишта во градинка додека одеше внука ми, мислев она дека се валка многу, ама еве секаде е така, како што читам :| А зошто толку често ги преоблекуваат? Ако не се извалка сабајлето и за време на ручек, пак ги пресоблекуваат или во истите алишта се?
    Овде пресоблекуваат ептен ретко. Ако некој ептен се измокри, или ептен се испоти. Инаку за некоја капка од супата што капнало на него, тоа нема шанси да се пресоблече.
    Син ми престана да спие на година и пол. Едноставно почна да одбива, премногу плачеше кога пробувавме да го успиеме денски за викенд, и во градинка се лутел кога ќе го прателе да спие. После сфативме дека подобро е да не пробуваме да го тераме да спие. Конкретно во градинката имаше деца што спијат и деца што не спијат. Одвоени беа на различен спрат и не си пречеа едни на други. Никогаш немаше реакции од типот тој не спие и јас нема да спијам. Оставено беше на детето да спие ако сака, ако не си имаше доволно активности за децата што не спијат. Ама затоа за се’ друго немаше мрдање, многу строго ги држеа, ептен ги научија на ред :)
     
    На Sexybaby86, dunika, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Јас вакви и ставам. Презадоволна сум
     

    Прикачени фајлови:

    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.009
    Допаѓања:
    279.858
    Кај мене од 1.5 год. отприлика не спие големата и не ја тераат. Еден бил дежурен и имал некоја активност со децата кои не спијат.
    Другата градинка е за деца од 2г и не ни имаат креветчиња.
    Се водат по принципот ако се умори ќе прилегне во некој ќоше или на едни душеци на земја ставени. Имам кажано, еднаш во песокта спиеше детето. Играло, се уморило, топличко.. заспала и не ја мрднале.
    Не па пижами или такви работи

    Летно време на гаќи или купаќи цел ден се прскаат со вода во двор, еве сега е минус секој ден испаѓаат и играат во двор, внатре бојат, лепат...секогаш се со флеки.

    Нечисто не менуваат. Само влажно.
    Ни беше кажано да однесеме стари алишта за преслека оти немаат намера да ги спречуваат децата во играта само за да не се ошлакаат.
    Инаку градинката е најдоброто нешто што ни се случило. И децата и јас ја обожаваме.
     
    На NarCis@, M.B., Sexybaby86 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.848
    Пол:
    Женски
    Ова да го видам не одговарам за постапките. Сигурно на вести би не имало :|
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.374
    Допаѓања:
    5.319
    ако не ти е погодено слободно сигурно во секоја градинка имаа соодветна група побарајте си преместување не гледам зашто ако има незадоволство би седело детето таму. Се надевам тој персонал би ви бил подобар
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас да го преместувам детето?! Системот треба да се менува, не пасивно да го прифаќаме, туку да реагираме да се поправи.
    Јас си реагирам каде треба.
    Разочарувачки е што воспитувач има вакво мислење. Мислам дека имаш пишано дека работиш тоа.
     
    На ocicka2014 и eli25 им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Уживаат децата во песок :) јас позитивно ја сфатив Дани.
     
    На Sandrin4 му/ѝ се допаѓа ова.