1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.135
    Пол:
    Женски
    11 часа вкупно се малку сон за деца под 3 год.,а 13 часа активности,јас тоа само ке кажам.
    Дома имате рутина,преку ден во градинка немаат.
    Но,не би се мешала, вие си знаете најубаво.
    Ама не мора да спијат,нема веке присилно спиење ко во поранешни времиња со прекривање преку лице, и јас имав трауми од тоа:worried: ама сега јас немам видено дека некој тоа прави.
    Им се читаат приказни,некои заспиваат некои не,но одмараат.
    Доколку постои можнос барајте градинка со мозаик група каде не спијат.
    Не знам што друго да кажам.
    Јас сум надвор од мојата екс професија,моите се големи ама и денес после школо знаат да преспијат.
    Така да немам интерес да ве убедувам.
    Само сакам да кажам дека добар и количински доволен сон е потребен на дете,и ако спијат во градинка тоа не е минус.
     
    На Mimmi39, Sexybaby86, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.336
    @Cosmi Не се 13 часа активности, тоа се обидувам да ти го кажам. Нема активно играње цел ден во градинка, како што нема и дома. Имаат и период кога едноставно си одмараат без да мора да спијат. Едно дете сака во 12 да се повлече, друго во 13, трето во 14.00. Некое само, некое бара близина од воспитачка...Едно на подот, друго во ќоше, трето во сензорна соба...

    Овој модел е прифатен и поддржан од стручните лица тука. Не е само дека јас така си знам/сакам, па терам по мое.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Што сте се фатиле за алиштата? Нормално е дека треба да имаат резерва алишта. Ако треба и по два пара. И не е само до валкањето. Се случува да се измочкаат, да се намократ. Нема сигурно детето да биде оставено со мокра блуза. Помалиот син многу се поти летно време. По два пати го пресоблакаат. Ако оставам само една маичка, ќе треба испотен да го остават.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    135.465
    Пол:
    Женски
    На два цитати одеднаш ќе одговорам дека на истото горе долу се однесува. Цка колку што знам зборуваш ти за приватна градинка. Сигурно имаат и треба да имаат просторија за тие што не сакаат да спијат, верувам дека и во други земји е така. Ама верувам дека и повеќето знаат каква е ситуација во државните градинки, посебно во општина Аеродром, луѓе по 45 деца се во група од кои активно на дневно ниво се преку 35. Едвај ги местат за спиење а не па соба за тие што не спијат да најдат. Значи прво да се реши проблемот со прекубројност па да дојде вакво нешто на дневен ред, мининум 2, 3 објекти треба да се отворат кај нас да се растерети малку, секојдневно се пуптаат нови згради во употреба и се се млади парови со деца.
    И син ми никогаш не заспиваше во градинка, не го тераа со сила фала богу ама си лежеше, да се жалеше дека му е досадно тие саат и пол, ама барем малку се одмараше. Не е на одмет и да полежат малку, со сила секако неможе некој да заспие. Малава уште не ја оставам, здравје кога ќе се решам, ионака немаат кај да ги легнат сите деца.
    За флекањето смешно е да се пишува, зарем дома не ви се флекаат децата?
    2 деца во иста градинка кај различни воспитувачки, презадоволна сум, посебно со оглед на тоа во какви услови работат и капа им симнувам. Не ми се пожалило дете од учителка, од други деца закачање, рчкање да ама од учителки никогаш. Ете може и мене ми се посреќило или сум од оние што не бараат влакно во јајце.
     
    На slobodka, NarCis@, kikin и 6 други им се допаѓа ова.
  5. MariRi

    MariRi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Во Колорес Аеродром ќе ставаат камери?
     
  6. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Се ќе разберам и флеки и се ама со сила да тераш дете да спие неможам да сфатам ете можи дека моето не преспива па ми е чудно. Да го тераш да лежи два сати да гледа во таван зошто тогаш било време за спиење ми е незамисливо. Ете моето од 2 и пол не преспива денски. Сега е 3 и пол и си спие навечер добри 12-13 часа и мислам е сосема доволно. Можи да го фати дремка ама веќе е касно кај 5-6 да преспива па си играме и поминува, ама не го фаќа па и секогаш дремка. Ако преспие макар и еден сат после имаме проблем за вечерно спиење вака до 9 најдоцна е заспан и спие многу убаво воопшто не се разбудува. Сепак е до детето, неможе да се генерализира тука.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Гледам ептен се изврте дисусијата, па да си кажам за последен пат мислење. Не планирам веќе да пишувам на темава.

    Прво и основно. Со здравје и хигиена не правам компромис. Ова важи за приватна/државна градинка. Ако за вас е во ред детето да ви го враќаат усмрдено, со зацрвеното газе/дунде и не дај боже да фати некоја инфекција затоа што "многу деца се", за мене не е во ред. Од истава причина е битно да научат децата да користат нокшир/шоља порано. За пари за пелени гајле ми е.

    Муабетот, многу деца, малку персонал не е никаков изговор за ништо. Може персоналот не може ништо да направи за тоа, ама можат родителите. Место да прифаќате просечна "услуга", сите да реагираат во мтсп и општина за бројот на вработени, ќе има промени. Вака сите со наведната глава, ќути, има полошо и ќутенката се си стои како пред 30+ години. Па на толку партиски вработувања, бар да вработеа каде реално има потреба.

    Градинката не е воена зона. Ред и поредок децата ќе следат цел живот. Градинката е место каде треба да уживаат, да си играат. Сепак, поминуваат доста часови таму. Еднаш се деца без обврски. Цел живот ги чека да се покоруваат на правила. Тоа не значи да се невоспитани и непослушни. Темпераментни, да. Ако дома не сме ги воспитале или некои работи не ги научиме, не очекувам од 2 жени да ми ја сработат мојата работа.

    Ако за вас е во ред на 2+ год да јадат децата блендирана храна, ќутете си. Тоа е тоа, многу деца се.

    И ако убаво прочитате, никогаш не сум се пожалила на програмата која ја следат децата. Се гледа дека се ангажирани децата во текот на денот. Имаат теми за обработка. Сте се запрашале со каква инфраструктура располага градинката? Еден принтер нема градинката обезбедено, па жениве се снаоѓаат на свој трошок. И сите ќутат и за ова. "Како сите, така и ние". Битно материјали купивме на почеток на година. А од каде мечето што го боеше детето на белиот лист кој го однесовте тоа не ве интересира?

    Се бунам што нема воспитувач попладне! Зошто да ангажирам некој да ми го зема детето после спиење, кога може да седи и да е активно дур ЈАС стигнам да го земам. Не е природно јас да го земам?! Ама не е крив персоналот за тоа, па ни градинката. Цел систем е таков. Секаде е исто. Останало од времето кога нашите работеа до 3, па природно идеше да се земе детето после спиење. Се сменија времињата, ама правилникот на мтсп е истиот. Си оди воспитувач и децата што мора да останат ќе се шуткаат.

    Пишував и за ова, некој ако е отсутен, не дај боже да има замена. Системов функционира на принцип 365 дена - 20 одмор, персоналот е на работа. Нема ништо да ја кошта градинката да има бар еден екстра воспитувач/негувател. Ама "како за сите, така и за моето", ни за ова никој не реагира. Не е виновен персобалот за ова, системски е така. Никој не се жали. Јас не знам како може еден човек да догледа 20+ деца. Па и да ги нарани, пресоблече. Не е хумано. Ама, како и за другото, како за сите, така и за неа.

    Така да пред да мрчите во иднина дали мене ми е погодено или не, запрашајте се што вие правите да ја смените сегашната состојба на системот. Јас реагирам каде треба. На ваша среќа, ЕУ препознала потреба да поддржи проект со кој ќе се зголеми опфатноста на децата во градинките, ќе се зголеми капацитетот на градинките и ќе се градат нови. Вие чекајте пасивно да се сменат работите и задовочувајте се со трошки.
    Јас ќе си се бунам каде треба.
     
    На ivanana3, victoria, Mantub и 29 други им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    20.834
    Пол:
    Женски
    Во право си за се.
    Општо македончето е така навикнато за се, само да се преживеј, да се помини некако денот, така така. Никој никаде не се буни, никој не си бара права.
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Без трошка иронија ме интересира во кој закон пишува дека штом дете се врати во градинка после отсуство од болест, МОРА да донесе потврда од лекар дека е здраво?
     
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.440
    Пол:
    Женски
    Остави што треба да се однесе него што матичната таа потврда ми ја наплаќа 300 ден.?!
     
    На Feminka22 и fana им се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.078
    Допаѓања:
    20.834
    Пол:
    Женски
    :o не се салам значи :!:
     
    На Feminka22 и simona_baby им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Нас не ни бараат, ниту пак има нешто истакнато. Само пишува во кој случај да не се носи.
    Не ме ни прашуваат зошто не била.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Кај нас само после сипаници бараат потврда.
    Нашата матична не ја наплаќа.
    Ваљда во сите градинки различна пракса.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Да си ја смениш матичната. Кај секаков матичен лекар (општ, стоматолог или гинеколог) прегледи и потврди се бесплатни. И да ја пријавиш што ти земала пари.
     
    На karak, simona_baby и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  15. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    300 денари?, што матична е таа, прв пат слушам дека некој ја наплаќа потврдата.
     
    На Feminka22, karak и simona_baby им се допаѓа ова.
  16. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.592
    Пол:
    Женски
    Мајки ако не се двајцата родители вработени примаат ли дете во градинка ?
    Сакаме малата да ја запишиме сега , за од септември да почне , но познаничка ми кажа дека при упис требало да се пополнат и документи дека сме вработени и двајцата , па одпосле следува чекање за одговор и следува примано е ( и да се достават останати документи за вакцини и сл) или ќе добиеме *нема моментално место на список (а во моја близина има 3 градинки каде што би можела да оде и што со гаранција не се преполни сите ) , во краен случај може да бидат и дрски да не вратат дека едниот е невработен.
    Деновиве ќе одиме во централната градинка овде за упис и би сакала да знам како да реагирам и однесувам .
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.509
    Допаѓања:
    144.213
    Кај нас не бараат ништо вакво. Нема врска дали се вработени или не.И јас не работев кога почна малиот.
     
    На karak и Poppins им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Само ако фатиш јаки врски. Предност даваат на оние деца на кои барем едниот родител им работи.
     
    На fana и Poppins им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Ми бараа потврда дека двајцата работиме.
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Кај нас не бараа ништо такво. Само да пишеш работиш не работиш. А тука може и да излажеш ако треба
     
    На Poppins и duffi им се допаѓа ова.