Прати ја по пижами во градинка, алиштата во торба, па таму нека ја пресоблечат кога ќе сака. Јас така би направила. Сама ќе сфати дека сите деца се во тренерки, а не пижами, и ќе дозволи таму да ја пресоблечат.
Има ли некоја од вас искуство со одење 2 недели во градинка, 2 недели дома? Од септември сакам да ја пуштам малата да оди, би ја пуштила и порано но ради тоа што сеуште цица, решив да поседи уште малку дома. Ама пошто одам на работа во смени, се менувам неделно 08-14:30 14:30-21:00 , незамисливо ми е она да е од сабајле до 3 во градинка а јас до 9 на работа и да не се гледаме по цели денови..цела недела. Не знам дали вооошто би се адаптирала ако ваков распоред има.
Мислам дека многу лошо е вака. Нема зошто да не ја праќаш ако си втора. И јас одам во смени. Ама си оди редовно, без разлика која смена сум. Да, не ми е се исто оти таа недела кога сум втора само го заспивам. Ама па тоа е што е. Не ми паѓа ни на кај памет, да носам една недела, една дома. Ќе се порамети целосно детето.
Многу се секирам. Плачам по цела ноќ што од нервоза што од страв да не и бидне нешто од толку плачење. Во моја околина ниедно дете не плачело толку. Еден период се облакаше врз пижамите, така ја носев... Абе мене ми е дека зима. Ама пелената е проблем. Ако не е полна ја оставам, нагласувам во градинка. Ама ако е полна ќе и пропушти до таму. Ме смирува само дека таму е послушна и мирна, а и свесна е дека само дома се драмите, сама си кажува какк само дома плаче.
@Цвет88 ама ич да не се секираш. Угоди и, нека оди со таа пелена иако е полна и во пижами. Не верувам дека некој би замерил, дете е тоа.
Да ви кажам право за тоа, алал да им е во градинкава. Со се знаат да се справат и не прават проблем. Ете ја боса отиде денес, ранецот им го спуштив на земја, она гледаше само како дете да смири, вика остај го после ќе го кренам. Абе капа им симнувам.
@Цвет88 ја ги облекувам дур спијат. После будам, големиот мочка, на чешма и низ врата. Ако ги разбудам, па облекувам до 9 нема од дома да излеземе @Chanell* и јас одам на смени. Деца редовно одат во градинка. Не бива оди,па не оди. И ги гледам тие денови после 9 само. Некогаш менувам смена, само ради тоа,да не се фатат многу денови едно по друго попладне
@Цвет88 немој да се нервираш. Како што вели @wannaBeMomma утре ќе плаче зошто си и облекла розеви чорапи место плави. И мојата е иста. Инает. Не сакам фатена коса, сакам пуштена. Не ова блузе, она го сакам. Оди разберисе дека е ставено во машина за перење. Не сакам оваа панделка, сакам таа. Немој на вакви работи да си трошиш енергија и нерви. Оставија. Како сака така. Јас сега скоро од дома ја извадив по фустанот со елза( зошто зградата ја крена да го носи тој фустан) па тренерки под него и чизми и вентијага. А еднаш па цел ден го преседе во вреќата за спиење затоа што тоа не било вреќа, било фустан, а таа принцеза Оставија сама да бира алишта, да проба сама да се облеква (може ќе и се види и интересно па ќе сака да се облечи) или некако низ игра понудии две комбинации па речи и ајде одбери.
Мојот ваков период на необлекување имаше летово и траеше со месеци. Сакаше да е гол постојано, ни гаќи не даваше да му облечеме, гол беше 90% од времето, гол во двор излегуваше, гол спиеше! Тантруми страшни имаше кога се обидувавме насила да го облечеме, се трескаше од земја и на крај пак ќе се соблечеше. Му помина само од себе.
А јас пред 2 години се жалев дека носи сукња со 5 слоја тул врз тренерки, чорапи, и пластични розови детски "штикли" Стварно е мака твоево
Хаха јас едно време толку отрпнав што не го ни молев веќе. Само ќе го прашав - Дај да те облечам, ако речеше не, толку, го оставав така. Џабе беа и преговарања и карања и ветувања... На другите нормално повеќе им сметаше отколку на мене.
Она и се сама прави, не се осмелувам да ја чепнам. За чудо у градинка дозволува се. Јакна и чизми неќе.. Денес со ќебе завиткана ја носев. Ама мора да оди и точка. Да гола ќе седи без проблем... Исто приметив дека се тантрумите за тоа. Меѓу другото, не дава да ја бањаш и сечеш нокти... Да им кажам и тоа во градинка да ми завршат работа хахах... Не знам како е можно тоа... Абе сите на спрат кај неа ја знаат како мирна и послушна.
Мојот и ден денес она што не му е по ќеф не го облекува ни под разно. Кошула, панталони, трегери... такво нешто да му протнеш нема шанси... секаде сме по тренерки, мое дете дотерано нема да видиш. За роденденот едвај успеавме со многуууу молби и ветувања да го облечеме, ама цело време ко ќе му текнеше ја тегнеше кошулата и викаше - Нејќам кошулааа! На сабајле за во градинка од 5 дена дали 2 пати ќе ми даде јакна да му облечам, ја носиме во рака, а тој се тресе од студ, ама јакна не облекува... Од страна луѓето ми фрлаат прекорни погледи... како демек види ја оваа го оставила детето без јакна. За ова гол кога сакаше сум се нервирала и јас на почеток, ама потоа отрпнав и почнав да не се замарам оти така си го поштедував и детето од тантруми и нервози. Среќа кај нас се погоди периодот, лето беше, не одеше уште во градинка, па не беше толку голем проблем. Инаку добив поплака од комшивка, дека срамота било синко гол да излегува по надвор, да не го гледале нејзините внуки... ( и тоа на сред собир, пред сите...). И викам добро вие и на плажа ли не одите, таму има еден куп голи деца...??? После кажувам дома и свекор ми вели - па нејзиниот син до 1во одделение гол истрчуваше на улица... Ама тоа е... брзо се заборава своето, се гледа да се исплука туѓото.
Кај мене комшиите се преправаат дека не слушаат кога плаче. Имаме напредок. Ја фатив на финта. Сама да соблече мочана пелена и да облече друга, онаа како гаќички. Неколку пати успеа со убаво, неколку со плачки... Денес е дома.. Касно заспа, плачеше многу, тажно некако.. Дали осеќа и јас дека не бев ок.. Ради мачорот кој го испративме.. Душа моја...многу е емотивна.
@Цвет88 имаше период кога големава ја легнував навечер во тренерки и чорапи, комплет, сабајле само ја кревав и носев во градинка. Од тие трескања за облекување душа немав. Колку ми беа модри бутините од што ме клоцаше додека ја облекував само да знаеш. Помина, еве сега сама си бира сама се облекува, пред мене станува. Пробај што да ти кажам друго. Нека спие во хеланки и блузиче, па така однеси ја. А малава ми е плачка голема, она цел ден за се плаче, сабајле рикаше од Влае до Козле зошто и падна јајцето на земја. Не се секирај, се ќе помине.
Ве читам за облекувањето и ме изнасмеавте. Мојов од земја се треска ако му помогнам кога се облака ама буквално од земја се џитка и рика ко магаре