И мојата имаше вакви фази...Еден период несакаше друга обувка сем едни шарени Скечерс патики.Цел форум знаеше за ова мислам Апсолутно секаде идеше само во нив па секако и на свадба ги носеше Па летово беше хаос.На секои 15 мин нов фустан облакаше.И на се црташе ѕвезди.Ако немаше тоа на облеката се акаше од земја Па гола седење..и таа фаза ја имавме.По цел ден по цела ноќ она гола си дремаше по дома
А ние имаме гардероба со Спајдермен. Во градинка мора тоа да се носи. Еднаш сакаше во пижами да отиде.
Ах да имавме и фаза кај шо запнуваше да ја сече облеката Сакаше да си крои она сама се по нејзина мерка
Недава да го пипнеш Јас сум гоем не сум бебе А ти вриеш,врзан си за време ти иде да експлодираш ко бомба
Мојава бараше се’ да и’ е со Мини, за одеднаш да почне да се треска ако види Мини било каде на облека Дури и за мои пижами со Мини се трескаше зошто сум ги облекла, ме тегнеше да се соблечам Инаку, сега е исто во фаза кога нејќе да се облекува, гола сака да седи. Ни пелена не дава да и’ се смени, шутира со цела сила. Со облекувањево, секое сабајле се плачки, а и навечер исто, не дава пижами да и’ се облечат
Да се пријавам, само Спајдермен и Халк ги признава на облека/пижами/whatever. Знае да рика пред градинка ако не му облечам блуза со Спајдермен. Има три, една му е омилена, да го оставам таа ќе ја носи 24/7. Со големиот немав вакви проблеми, со него сега имам мака да го дотерам за некаде, фармерки и кошули не сака, тренерка е маст хев.
Мојов е сега во фаза страшно да биде тоа што се носи. И само блузи со диносауруси и чудовишта поминуваат. Евентуално спајдермен и хулк може (лани тие му беа омилени). Се друго од облека стои необлечено. Кошули и џемпери нема шанси да облече.
Здраво на сите јас сум нова членка иако ве следам постојано сега решив да се зачленам бидејки ме интересира мислење од вас мајките. вака отидов да прашам за упис на дете се работи за 3 годишна возраст ми рекоа да однесам документи све однесов ми рекоа детето е запишано ме прашаа дали има проблем реков дека е во ред носиме памперс не збори и ми рекоа да дојдам со детето итредента да поразговарам со психолог даго види детето и од тој ден треба да тргне, утре дента отидов кај психологот о почна да ме распрашува за детето јас пак истото го кажав носи памперс покрај сите напори неможам да го одвикнам не сака да се храни саам јас го хранам не збори само мама тато баба дедо тоа кажува иако разбира све, мми вика проблем е што носи памперс тешко ке. И било на воспитачките да го пресоблакат било проблем па и не зборувало и ми рекоа демек ке разговарале со воспитачките па ке ми кажат што мислите вие за ова?
Мислам дека не е само моментот со памперс туку и незборувањето на таа возраст причината за разговор со лице кое можеби би извршило општа, груба проценка на развојот. Не е ниту срамно нема ниту што да се навредуваш. Обично дечиња кои не зборуваат на 3 веќе имаат зад себе посета и разговор со логопед или дефектолог.
По некое правило на градинките во Мк, деца над три години примаат исклучиво ако не носи памперс :/ Деца кои се претходно запишани во јасли, таму се одвикнуваат па преминуваат во наредна група т.н. мала група ја викаат. Знам од свое искуство. Двете ги запишав после 3 кога имавме тргнато памперс, а најмалото си одеше во јасли па продолжи во групата. Сум пуштала памперс во ранчето, се случувало да згреши или да се измоча во спиење, но памперсот строго не му го ставаа,, на таа група памперси не дозволувале и сл. Така да, верувај, памперсот е проблем. А околу зборувањето, во групата на син ми кој лани беше таа возраст до скоро имаше дечиња кои слабо зборуваат,ќе си зазборува. Вежбајте да го тргните памперсот, тука навистина е проблем тоа
Не смее да биде проблем. Има деца и на 3,5 носат уште памперс. Говорот и тоа не е проблем за во градинка. Ништо од ова не смее да биде проблем. Во градинките има законски вклученост на деца со проблеми,посебни потреби,аутизам ,пречки во развој. А не детенце што носело памперс и не зборувало многу ,да биде дискриминирано. Немаат никакво право да не го примат. Инаку кога работев во градинка имав дете ,здраво право кое беше примено во градинка на 4,5 год и уште носеше памперс(стрес,имаше смрт на родител)
А детето не ли тргнато? Јас како што сфатив примено е и после разговорот со психологот, кој веќе поминал, може да си почне. Ти рекоа дека не важи првичното што кажале или?