Оди кај директорот.И закани се дека ке пријавиш во МТСП. Можат да го преместат во друга група ,помала, но не смеат ради пелени да не го примат.
Побарај го истото на писмено, заедно со извештајот од психологит, со причината, и жали се. Немаат право.
Јас прв пат се соочувам со овакво нешто и се чудам како е можно ова? Што и е работа на воспитачката? зошто тогаш е вработена? Зошто дискриминација?..... Во нашава чудесна земја уште со што нема да се соочаминаку во план сум да посетам директор но мислам дека ќе е безуспешно тие едни со друѓи се све поврзани
Која слобода си зима една воспитачка за вакви работи. Не биде песимист за разговорот со директорот, не гледам причина да не го примат. Не знам, нема ли казни за воспитачки вакви работи што си дозволуваат?
Ма тоа ти се со врски запослено тие едни со други се поврзани партиски и затоа си дават слобода и со врски примат деца тоа ти е кога без љубов гледаш деца све ке ти е тешко да правиш јас да сум директор вакви воспитачки одма ке летат од работа
Мислам дека мора панперс да тргнат до 3 години, оти децата гледаат дека им даваат на други и тие што се откажани пак сакаат памперси. Мислам дека ги оставаат во мала група додека не ги одвикнат. За зборувањето мислам дека не е проблем. Сепак има некои рокови во кои децата треба да напредуваат до одредено ниво меѓу кои е и памперсот до 3 години. Ако не контролира урина до тогаш, се проверува што е. Детето ќе го примат, но прво во мала група, ќе го одвикнат од пелени па ке го преместат во големата.
Со Хулк тешко се наоѓа. А сега на мојов баш тој му станува поголем хит од сите други. Имам една маичка со кратки и една со долги со сите хеори на Марвел и така проаѓам (овие ми се купени лани во C&A). Само Хулк не сум нашла. Сега за сега полесно ми е диносауруси да му облекувам почесто ги има.
@Macedoniangirl1 јас не сфатив. Што ти рекоа после разговорот? Дека не може да почне во градинка? Мислам дали ти го потврдија тоа или можеби бараат соодветна група во меѓувреме?
Ако го примиле не може да ти кажат пу,пу не важи. Плус со сите закони за инклузија треба да примаат секакви деца без разлика на нивните карактеристики. Така што слободно оди и жали се. Е сега не е лошо да нпаравиш една проценка општа на детето кај психолог чисто заради неговиот развој. Ако сеуште не зборува и носи памперс а има веќе 3 години може да има некое мало проблемче што ги предизвикува двете појави. Може и да е неклоја случка или слично, не мора да е страшно, ама требаат совети како тие работи да се решат.
Ајде полека, не тргнувај одма со напад кон жените. Кој бил со врски и од која партија не ти е дел од проблемот. Убаво ти викаат , разговарај со директорката. Не може да не го примат. И моето ги остави пелените на скоро три години. И тоа само благодарение на упорноста на воспитувачките, јас не успеав. Ако е исклучен физички проблем кај детето, тогаш ќе научи многу брзо. Да , градинката си има правило, но мора да постојат и одстапки. И кај нас така беше, значи кога требаше да ги префрлат во поголемата група доле каде што се веќе 3 годишни ( не знам како се вика) на родителски ни кажаа дека од сега ќе се учат да ги остават пелените, зошто кога ќе се симнат долу, пелени веќе нема. И заедно секој ден ги седнуваат и учеа. Далеку од тоа дека тие што не научија беа вратени. Кај син ми имаат детенце кое има поминато повеќе операции до 3 години, и плус едно од помалечките е. Тоа детенце со сигурност знам дека уште тераше со пелени. Така да, отиди разговарај , без карање и пробај најдете заедничко решение. А може и да имаат премногу деца, па ова да им е само изговор. И за тоа си има како да постапиш.
ми рекоа дека треба да разговара со воспитачките дали може да го прима зошто носи памперс па ќе ме побарале но знам дека тоа е само изговор
Убаво те посоветуваа, врати се утре назад земи документ зошто не може и право во Министерство за Труд и Социјала. Решен проблем.
Не гледам зошто да не го примат ако носи пелени. Ќе го стават во помала група каде се одвикнуваат сите и после ќе го преместат. Ако ти речат дека не го примаат да ја правиш голема работава. А за зборењето јас би зборела со логопед. Не е ништо страшно да побараш совет, најверојатно не е ништо, ама за тоа постојат тие специјалисти, не мора да чекаме до прво одделение за да се консултираме за вакви ситуации.