Лее ве читам колку се адаприрате, знам дека се децата чудо и ќе изненадат, ама не очекував месец дена да трае адаптација. Ме фаќа паника мене, немам опција б, во никој случај. Уствари, имам, приватна градинка, од ново адаптација.
Има и други случаи. За помалце од 2 недели остана со спиење. Понеделник и вторник по 1ч одеше од 9 до 10. Среда и четврток од 8 до 10 Петок од 8 до 11 Понеделник и вторник од 8 до 11 и пол. Средата ми рекоа остави ја со спиење ама дојди во 2 да ја земеш. Четвртокот и петокот остана до 4. Следната недела си продолжи од 15 до 8 до 4. Биди спремна за вирусите и бактериите, тие кај мене барем беа многу поголем проблем што немав план Б. Повеќе бев на боледување него на работа.
Знам. Јас тука редовно читам, сите се тресат за адаптација, јас од вирусите. Па какви не фаќаат, се по 7 дена траат минимум.
Го запишавме и ние синко во градинка, од септември здравје. И јас многу повеќе се плашам од вирусите отколку од адаптацијата. На работа не се баш флексибилни по прашање отсуство ради болни деца, на колешките неколку пати им имаат преречено газдиве. А немам опција б, освен јас и мм да се ослободуваме. Туку, да ве прашам друго нешто. Скоро сите во моја околина ги земаат децата во 14/14:30ч. Бабите и дедовците ги земаат де. Ние немаме таква помош. Што ќе прави синко до 16/16:15 додека го земе татко му? Кога им е ручекот најкасно во градинка? Кога си идат дома, ручаат ли пак дечињата?
Има многу деца што остануваат до кај 16/16:30 барем во нашата градинка. Некако како пола/пола да се поделени. Пола од децата одат или пред спиење или веднаш после, а пола си остануваат до покасно. Ручекот им е кај 12 најкасно, па спијат до кај 14 часот и потоа добиваат ужинка. Кај нас во градинка е најчесто кифличка и слично. До 15 часто некаде се во нивната занимална потоа се селат сите во сала и таму продолжуваат да играат (некогаш гледаат и цртани зависи од негователките). Мојот јаде и кога ќе дојде дома (количината варира зависно колку е најаден од претходно, односно дали му се погодила или не втората ужинка).
Не треба да се лекува,детеро е носиѕел на бактеријата и нема никаква клиничка слика . Сепак консултирај се со педијатар ма да исто ќе ти каже. Градинка може да посетува Антибиотици нема да помогнат само џабе ќе ги пие
Сменивме градинка. Првата не ни се погоди од ниеден аспект, дури и трауми доби дете. Оди веќе 3-4 дена, супер ја прифати новава, оди со мерак, на влез ја фаќа учителката за рака и ми вика чао мама, сака да оди, мирен е таму, комуникативен е ми викаат, значи се е ок, НО никако не сака да јаде ( им викал јас дома јадам) а ако не јаде не може повеќе од 2-3 саати да седи, што во случајов не ми одговара. Флексибилни се за договор околу проблемов ама навистина мислам како да нема излез и дека нема да пројаде. Има ли некој идеја како да постапам и уопште ваква ситуација слушнато?
Да ти кажам и јас и маж ми сме до 16 00 ама среќа свекрва ми и свекор ми ја земаат малата во 15,а во 16 20 кога поминувам покрај градинката има катанец на вратата дека е затворена и се чудам нели треба до покасно да работат има луѓе шо се и до 17-часот на работа ама тоа е.
Во однос на вирусиве,дали е подобро дете да тргне во градинка во мај/јуни или септември? Дали ако тргне во период кога по нема вируси има шанса да е поимуно после кога ќе дојде зима или секако "мора" да ги одлежи сите?
Ве читав погоре за одвикнувањето од пелени. Зарем стварно е можно да се одвикне дете од годинаипол од пелени? Јас мислам дека синко секако ќе носи пелени летово. Е не знам само дали само летно време се одвикнуваат или може и зимата да пробам, пред да наполни 2 години?
Не планирам јас на годинаипол, т.е. летово, да го одвикнувам. Сметам дека е уште многу мал. Ама ги читав друшкиве погоре, а тука некаде ни се децата па затоа прашав.
Јас не би да го форсирам со ништо. Сметам дека после 2 год им се развива центарот за мочкање. И тогаш планирам да пробам. Нит нокшир имам уште купено, нит па му имам покажано. Освен што со мене доаѓа во веце и е подршка. Се во свое време, секако нема да остане со пелени.