Денес трета ден и останавме до 11i15 на наместо до 10:30-часот, јадела палента и к.млеко, преспала си играла со дечињата имало роденден.. Ми рекоа како за трета ден супер била најмирна денес се надевам ќе продолжи така...
Трет ден сосе ручек и спиење, па и лошо се разбравме, не ми се јавија кога станала, па и ужинка јадела, и на крај мајка ми во 3ипол ја зема. Од 8 сабајле беше таму. Дури и јас што бев со план да има адаптација една недела доста е, се изненадив. На третиот ден адаптирана. И играла и јадела и спиела. Рикала на пресоблакање, ама тоа и дома го прави. За многу работи сум рекла дека ми се погоди детево, ама за ова како на лото да сум добила.
Одличен пет Спиди од почеток до крај, браво! Четврти ден седам надвор половина час и утре исто. Нема никаков проблем си игра и не ме бара. Понеделник нема да иде не сме дома, од вторник за појадок да иде од 8.30 до ручек. Јес! Тука ќе појадува Втората недела од појадок со ручек и толку останува уште спиењето, тоа нема да биде проблем на овој умор овде. И трета недела ќе ја земам после спиење.
Трпение душо ќе се навикне.. Нас ни рекоа во 12да ја земам и да ручала им била интересна дека јаде без проблем.. Заплакува кога влеваме ама и подава рачиња на воспитачката кога ја вика А од колку ја носиш? Ние од 8и15отприлика сме таму, два дена беше до 10:30-часот, вчера до 11i15 а денес до 12 за ручек да биде таму
Еве ги роговите, се јавија знае дека учителката ќе ја земе, и одма и се развика на врата. Дури ја качи по скалите, прекина. Ама битно да си каже дека нешто не и е по кејф Учителките рекоа дека цел ден нема никаков проблем, за заспивање само и подале раче и заспала за 2 минути, си јадела добро, мајка ми рече дека и не сакала да јаде дури кога ја земала попладнето. @FreeMind така им е редот, цела недела по пола саат, или ти така сакаш? Ако се е во ред, не сфаќам зошто толку дена по толку кратко време. И во Мк така прават во државните градинки, ама секогаш сум мислела дека изведуваат нешто учителките, си ги редуцираат децата колку можат.
Од 9.30 после појадок. Таков им е редот. Полека постепено иако може и повеќе не сакаат да форсираат. Ете еден ден порано искочив надвор требаше од денес да почнеме почнавме од вчера. Денес наголемивме половина час и утре. Следна недела постепено за да дојде до 4 саати сама без нас. Велат секое дете различно, плус ако си веќе на работа и немаш време сигурно ќе ти го убрзаат процесот. Јас имам цел месец планирано и кај мене нема потреба. Мене да ме прашуваш не знам ни оти седам внатре али ете они гледаат некое значење. На ѕид во понеделникот во градинката висеше добро дојде Емили Многу се такви внимателни.
Денес 4та ден успешно помината... Појадила, преспала, си играла, ручала и еве дома..заспа. И утре така па од пон. и да спие ќе пробаме е сеа и поплакала
Ќе им давате подароци на воспитувачките за 8 март? прва година ни е во градинка и не знам како де овие работи Утре или понеделник, бидејќи е во недела?
сега неможам да го пуштам а уште не е навикнат таман реков да се навикне малце знаев дека ке се разболи ама не толку бргу а почнав наработа како ке биде незнам...
Ако има Т нема да го пушташ. Ама само со растечено носе може да оди. Сите се стално со мрсоли до колена.