Јас знам дека намалуваат за неодење минимум пет дена во континуитет. Независно дали е почеток или средина на неделата. За неодење повеќе од пола месец сметката ја намалуваат за ококу 500 ден.
Точно е, препрочитај има погоре објаснето. До 6 дена не намалуваат, по 6тиот почнуваат со намалување. Син ми не одеше 3 недели во континуитет. Дали 200 денари имаа намалено
Денес со плачки, среќа не бев јас. На оставање се расплакала и потоа требаше еден саат да седи, но издржала само половина чс. Потоа 20 минути нес престан плачење две воспитувачки не успеа да ја смират, го викнале од ходник да ја земе и да ја носи. Утре требаше од појадок да ја носиме али пак не вратија еден ден назад утре повторно од 9.30 еден саат да доседи.
Сега видов. Ќе ги затворат сите не може да се предвиди колку заразени лица има во моментов само се знае дека се многу.
Дечки, заседвала Комисијата за заразни болести и донеле заклучоци. Ама сето тоа оди на Влада која носи одлука.
Eве ги заклучоците. Малово требаше од понеделник да почне, ама ќе се одложи изгледа. Не знам за вакцина дали да му ставам или да почекам...Ауф периодов многу стресен.
ако се затвараат градинкиве за мајки дали ке има одлука да седиме дома кој ке ни ги чува , и јас сакав од утре пак адаптација оздрсвивме ама ке видиме шо ке одлучат
Ете во тек била седницата. Немам можност да следам, а ке имало и прес после седница. Кој што може да гледа ТВ, ако има ншто ново, нека пише.
Во 14 ч ќе има прес на Филипче се очекува да се слушне од прва рака дека следи затворање на се бидејќи имало и лица кои се вратиле од Италија и си молчеле бе Луѓе. Едит: само што добив информација со сигурност ќе се затвори се на две недели бројката на заразени е голема. Оние кои имате хронично болни веднаш изолирајте ги од контакт со лица.
Епа, државава потфрли. Тие од Италија како дојдоа тука? Преку граница? Зошто не ги ставија во карантин? Тие може да ќутат колку сакаат, државата е таа која што треба да реагира и да го заштите населението од вакви несовесни граѓани. Ама потфрливме. И не само ние (ако е за утеха) и другиве држави не се поарни. Секаде си се движат без проблем.
Никаде граница не се затвори освен Израел. Не е можно херметички да ја затвориш Италија, плус италијаните налик балканците покрај јавна забрана шетале цело време. Министерство добро се бореше до сега но свесноста на граѓаните е на ниско ниво. Една глупачка што направи. За седум дена мајка еба на цела Македонија. Се бара кривична до три години затвор. Мора да сме сите одговорни каде и да сме. Одговорни! Али бидејќи тоа е мисловна именка се дешава ова што се дешава. Децата се безбедни, вие редовна хигиена никаков контакт со луѓе.
да веќе стигнува порака од градинки дека нема да има наредни 14 дена , а кој ке ни ги чува децата незнам... а таа безобрсзна до крај кузнајт колку пари зела за да шири ...
Не би ја да навлагам во муабети од светски заговори да се исчисти гоцевата раса Жената е глупа и неодговорна. И не е само она. Толку.
Работам во приватна фирма и ако не ми дадат да бидам дома ќе пријавам без размислување, јас така нема кој да ја чува едвај по некој саат се нафаќаат а не цело време