Јас сум во приватна фирма и дозволија 7 дена мајката 7 таткото. И маж ми е во приватна фирма и кај него дозволија.
Мене ме интересира овие приватниве градинки,дали треба да се наплатат по редовна цена,иако од утре нема да работат две недели,скоро до крај на март. Има некаков закон во врска со оваа работа? Значи ние сме принудени да не ги носиме
Ете ќе ти плати државата 14 дена , ќе дадеш за градинка. Само со потврда во кое школо е или градинка за детето ќе се добие ослободување и платено... Така пишува.
И јас истото го прашав, ми рекоа согласно договорот ќе се одреди колку ќе се плаќа. Мислам дека ќе си платиме, пошо не верувам дека во некој договор е опфатена ваква ситуација.
Дали во Колорес Аеродром рефундираат дел средства за следен месец, за овие 2 недели што нема да одат децата?
Дали има некоја мајка со дете во градинка *Распеана младост* во Карпош 1? Ме интересира потврда кога ќе може да се земе.
Со тоа што имате потврда за работа и сте платени додека сте ослободени, градинката се плаќа во целост.
Во Аеродром се скроз затвотени. Но заради потврдите, ми рекоа правникот ќе одел на работа деновиве. Ќе не известат кога ќе бидат готови потврдите за да си ги подигнеме.
Во Битола не известија дека потврди ќе се даваат по завршување на заштитните мерки, значи после две недели
E ako ne odelo deteto podolgo vreme vo gradinka, a e zapisano i plakame smetki?ke dobieme li potvrdA?
Не би требало да ви следува ако не оди а држи место. Ако не оделе подолго заради болест како на пример што имаше деца што сега не одеа скоро две три недели тоа е друго. А првото е злоупотреба на систем.