Мојата е запишана ама уште не е официјално тргната, не стигнавме. Потврда добив. Штом сте во систем ќе добиете.
И мене тоа ме чуди, ништо не спомнуваат дали ќе продолжи мерката за еден родител дома за дете до 10години, оваа мерка важи до 24ти
Дали добивате активности од градинка и дали ги работите со детето? Покрај цела ситуација и милион обврски, сакам да ги работиме. Ама баш тешко иде
Штотуку ми стигна известување за градинката на син ми дека за месец март треба цела сум да ја платиме. Син ми ради настинка одеше само првите 5 дена, потоа дома, потоа се затворија. Зошто да плаќам цела сум не ми е јасно? И што ќе биде со Април?
Ставаат активности за работа на нивната страна. Нешто користам од тоа, нешто сама си смислувам, познавајќи ги интересите на моите деца. Во главно еднаш дневно се седнати на маса двајцата. Моите се двајца на различна возраст, па мора да биде прилагодено за двајцата, плус двајцата си сакаат внимание за себе, но балансиран.
Се тоа во ред, ама за февруари јас платив во февруари. Никогаш не сум плаќала кога ќе мине месецот за претходниот.
Комуницирате ли со учителките? Ви даваат ли задачи, дали ги извршувате и дали ги споделувате со останатите? Ние имаме група на месенџер и ни праќаат теми за обработка, песнички, ни даваат домашни задачки и ни велат да го споделиме сработеното. Јас гледам да ја исполниме секоја задачка, не мора континуирано ден за ден туку кога имам слободно време. Е сега само 3-4 мајки споделуваме, останатите никакви ги нема, искрено веќе глупаво ми стана, знам дека не треба да се замарам, чисто ме интересира како е во другите групи, има ли заинтересираност, оти баш и син ми многу се радува кога ќе му покажам сликички од другаричињата и што сработиле, ама некако ептен слаба активност.
Секој ден добиваме задачи од учителката преку фб групата на градинката. Обично некоја од мајките ја споделува и во вибер групата што ја имаме. Во групата знам да пратам што сме сработиле, а на фб не споделувам зошто е отворена група. Не сме сработиле се, зошто јас и работам од дома па и не баш имам време оваа недела да посветам, ама ги чувам сите и црпам идеи за занимација. Во принцип ми се допаѓаат активностите што ни ги праќаат и се надевам дека вака им се одвива и еден ден во градинка. Најинтересно до сега беше кога ни прати песничка испеана од неа. Му викам на мали ајде мама сега ќе учиме песничка од учителката и му ја пуштам, а тој почнува да си ја пее. Јас мислам ништо не научил зошто не сака да споделува ништо што прават во градинка, кога тој мангуп се си научил