Колку само нема да ги пуштите ако утре отворат Со 1000 активни случаи не би пуштила деца во градинка, а и незнам кој би пуштил. Децата како и да е доста се разболуваат во градинка од разни вируси, бактерии... Па знаете каква паника ке биде на првото разболување? Ке трча секој втор да поверува корона да не е. Нема шанса со толку заболени да ги отворат, нема шанса на толку мали деца да им се објасни за дистанца, а во јасли па ич. Ке чекаат да стивне колку толку...
Јас мислам ќе ги пуштат од 1ви јуни. Ако си се вратат фирмите во нормала и сите почнат со работа кој ќе ги чува тие деца. Ама сигурно ќе нема многу деца. Еве јас не би го пуштила сега моето во градинка, ама затоа што има кој да го чува. Тие што немаат помош за чување ќе мора да одат.
Во Австралија се пуштени градинките и пред влез се мери температура на детето, се гледа целокупната хигиена се мијат раце пред да влезат во занималните. Вака треба и кај нас да прават.
Еве нас ни рекоа веќе од понеделник сите да одиме редовно (како порано) на работа. Досега се менувавме за да не се прави гужва по канцелариите. Едни работеа на работното место, другите од дома и така се ротиравме цело време. Колку и да не сакаме да пуштаме деца во градинка, ќе мораме ние што немаме опција кој да ги чува. Јас мислам дека и ако не ги отворат во скоро време градинките, а попуштат со рестриктивниве мерки, ќе почнам да размислувам и за отказ (а штотуку се вработив).
Ама сеуште важи тоа дека родител на мало дете седи дома зошто градинките се затворени. Дури и да попуштат рестрикциите, додека не отворат градинките пак можеш ти или сопругот да седите дома со детето. Муабетот мене ми беше дека при намалување на рестрикциите нема да ги отворат градинките, туку ќе се олабави полициски час, може и кафичи и молови да отворат, ама градинки не очекувам зошто на мали деца не можеш да им речеш може да идете во градинка ама да седите на 2м оддалеченост. Не е реално тоа. По таа логика, градинките ќе бидат отворено кога речиси сите рестрикции ќе се повлечат, а во меѓувреме има кој да ги чува. Многу би се изненадила ако решат да отворат градинки додека уште има полициски час, или додека уште се затворени границите, бидејќи тие мерки уште не беа воспоставени кога ги затворија.
Јас тешко дека можам мерката да ја користам, цело време сум на договор од три месеци, работата ми е сѐ уште нова и на "стаклени нозе". Затоа реков отказот е многу веројатен кај мене. Разбирам и како е и како би требало да биде. Јас зборував за мојата реална состојба. Иако не би сакала, ќе морам да пратам деца во градинка ако ги отворат наскоро.
Па ако секако планираш да напушташ, подобро барај да седиш дома, барем додека трае договорот мора да ја почитуваат. Знам дека реално не е баш вака за многу работници, ама кога се работи за здравје немаме многу избор.
Ич не сакам да напуштам. Ама или ќе морам, или они ќе ме напуштат. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
Јас некако сум позитивна дека ова лудило ќе заврши не брзај со отказ. Мојата не оди во градинка јас имав планови за од пролет ама ете, ама сега ради полицискиот час бабата не ми е на располагање, па ротираме со маж, вчера ја оставив на брат ми морав да тркнам 2-3 саати на работа, а она се искакала меѓу време па кога се вратив жива вода беше човекот сменил прва пелена. Маж ти нели може да земе одмор? Во многу фирми и покрај мерките ги враќаат на работа, стварно е тешко ова.
Секако дека не брзам со отказ, ќе играм на карта боледување, одмор, работа од дома...сѐ што може да се искористи. И се надевам дека сѐ ќе излезе добро на крај. Секако дека ќе заврши ситуацијава, само кога и како е прашањето. Маж ми не работи класична работа и сега поради меркиве е дома и тој ги чува цело време, затоа јас можам да одам на работа. Ама кога ќе попуштат мерките тој ќе мора да почне да работи, а тоа значи дека со денови, па и недели, може да не е дома.
И ќерками и не е заинтересирана за активностите од воспитувачките, дечињата научија штрк да цртаат, а мојава освен нејзина рака да ја црта друго ништо не ја интересира..незнам шо ке се прави
Па не ги интересира сите дечиња уметност. Давај и други вежби, трчкање, одење по линија, сензорни игри..
Во литл ми, 12 илјади, ама само една недела идеше и после ја затворија. Вака генерално беше океј, ама не можам некое посебно искуство да ти кажам.
Со оглед на тоа дека летно време не примаат за адаптација, а ни се одложи со ситуацијава, дали ќе примаат сега? Па и многу дечиња ќе се адаптираат од почеток. Некое инфо?
Јави се и прашај. Мене денес ме контактираа дали ако ги отворат градинките ние би тргнале, правеле списоци за колку деца отприлика би иделе, да направат план ваљда.
И нас вчера ни пуштија анкета.. Ама мене ми е тоа глупо, секако дека сите што одат на работа ќе мора да одат ако се укинат мерките и се отворат градинки. Така да оние што и предходно морале да одат мораат и сега. Не прашаа дали двајцата родители се вработени.. Еве јас не сум момемтално ама очекувам да почнам,шо да кажам? Нас не пишаа како 2 вработени ако што гледам на вибер сите ќе си одат во градинка. Само замислете што ќе биде онаму кај што се по 30 деца... А кај нас активно одат 16, од 24 Сепак мора да се следи ситуацијата до крај...2 месеци си ги чувал дома и одеднаш да ги стаиш во толкава група. А не верувам дека ќе можат деца од градинка да држат дистанца од 2 м...значи невозможно е.. Ќе видиме.. секако мора да се отворат некогаш, луѓе мора да одат на работа.... Само пред јуни не знам дали би пуштила дете.
Mene mi se javija od gradinkata da me prasaat dali bi go nosela podle zavrsuvanjeto na vondrednata i dali ima koj da go cuva. Jas sekako bi sakala da odi, ama i mi e strav. Kako ke bide neznam. Mislam deka ke odat samo onie so dvajca vraboteni roditeli, so potvrda od rabota.