И мене ми пишаа и плус дали има потреба веднаш да почнат ( да не ни праат притисок од раб или за др нешто). не не прашаа дал сме вработени (а двајцата сме).
Не се криви градинките, мора така јасно ми е... Ама стварно е нелогички да им бараат тоа... Ете земи ме мене пример... шо да праам, сега испаѓа лажам, зошто немам потврда од работа, а ако се јават мора да сум спремна одма да почнам.
Денес ни се јавија од градинка за да прашаат дали ќе оди, не прашаа дали двајцата одиме на работа бидејќи предност имаат деца каде што се двајцата родители се на работа. Јас сум дома заради бебе така да ќе си седи дома ќе оди кога целосно ќе ги тргнат меркиве.
Само шо доколку сакате веднаш да почни детето во градинка, ќе мора со маска да седат додека престојуваат таму. Такво е правилото. Лошо некако... Кое дете ќе седи со маска толку саати незнам
Сега врз основа на податоците што ке ги добие Министерството за тоа на колку деца двајцата родители им работат, ке одлучуваат дали ке се отвараат или не градинките и како ќе се организира работата иако сметам дека малите дечиња се најчуствителна група. Ако не работа школитње зошто да работат градинките.Ми се јавија и на мене а со оглед дека сопругот и јас работиме, ќерка ми ќе оди во градинка иако ми е премногу страв да ја пуштам.
А кои се тие фамилии кај што не работат двајцата родители? Една во 20 мајки не работи, евентуално ако е на породилно со друго дете, иначе кој функционира само со една плата. Ако по тоа одлучуваат, ќе ги отворат одма градинките.
Kako ќе јадат и спијат со маски?! Па тоа е напор за срцето, надвор со маски ќе трчаат?! Многу лошо Како на дете од 3 год ќе му кажеш да не се гушне со учителката ако падне? Како ќе си играат на 2метра? 40 деца у група на 2 метра?! Не можам ни да замислам
Не знам кој нормален очекува предшколски деца да носат маска цел ден, ама ај. Кој ги дал препоракиве треба да си ја чукне главата.
И требало потврда од матичен дека детето е здраво. Што значи треба на преглед во амбуланта да го носам. Нас анкета ни пратија, ама незнам кој ја направи. Прашањата се многу глупо и двосмислени напишани.
Јас сум невработена. Работам како фреленсер од дома, ама тоа не се важи. Небитно, и така нема да оди во градинка бидејќи од септември ќе биде прваче. И така првичниот план ни беше до јуни да оди, секако за малку не ја пуштам. Чекам да ми дадат пресметка дали должиме за градинка и ја отпишувам.
Епа твојот пример сигурно е почест отколку да има еден невработен родител. Многу работат од дома, или на црно, или по договор. Ама ретки се тие кај што само едниот родител работи.
Кај нас работи само маж ми. Функционираме со една плата, и не голема. Помагаат од секаде по малку. Се можи и со една плата. Иако нашата 80%е во кредити. Ама се можи. Јас таман требаше да почнам еве сега градинките никако да почнат, така да пак неможам
Ете сепак си планирала да почнеш. Не дека не се може и со една плата, ама сакам да кажам дека е тешко и повеќето не се во таква ситуација, и да се еве како тебе гледаат да го променат тоа. И затоа ако според вработеноста на родителите се гледа, сите деца би требало да се вратат во градинките.
Ни поголемите нема да носат, нема шанси да издржат, а мојата нема да сака ни да ја стави. Нас ни рекоа дека со приоритет ќе бидат родители кои работат во мвр, војска, болници..
Нели последните препораки на СЗО беа здрави лица да не носат маска? Аман само менуваат. Децата се и најмалку погодени од вирусот. Ако покаже некој симптом секако дома ќе се чува. ( не мора корона симптом ) Градинките мислам сега имаат една задача, да дигнат свест малце со хигиената. Ако свртиме позитивно, може и после ова така ќе тераат
Ниту едно дете нема да носи маска, баш тоа и потенцираа зошто не е возможно ем не е здраво. Рекоа ќе ги делат групите за да може креветчињата да бидат на дистанца и ќе се практикувало повеќе децата да бидат надвор.
Моето требаше да почне крај на март.Двајцата родители сме вработени.Јас моментално не одам на работа ,меѓутоа од 18ти се враќам на работа.Работам во здравствена установа.Секако мора да тргне во градинка затоа што немаме ниту една друга опција за чување.Мене никој не ме контактирал од градинката па затоа утре јас ќе ги контактирам