Верувај дека има такви. Си седат дома, а децата во градинка. Не се признава работењето од дома. И на мене ми се јавија. Нема да го пуштам во градинка затоа што не ми се исплати за 2 месеца да оди. Од Септември ќе биде прваче.
Ке видиме како ке биде, и одмор ми земаа од работа и се... Последна опција ми е да дадам отказ и по 3-4месеци пак да аплицирам пошто кај нас у фирма нема неплатен одмор
Каква глупост е ова! Имам познати кои работат од дома со години. На добар дел им се намали работата кога почна короништево, ама сега пак се турбо. Не може да се бројат како невработени, кога работат. Дефиниција за вработен - пријавен во агенција. Боже државава! За даноци кога треба да плаќаат луѓево ги брои, а вака не работат.
Иста ситуација. Јас на работа, маж фриленсер, јас немам право да чувам дете оти не е пријавен преку агенција, а неговата работа е на норма. Ама како и се ќе издржиме. Дење чува ноќе работи За градинка не знам како, у приварна не верувам дека ќе речат не може. Да бевме државна ќе мораше дома.
Иста ситуација сме и ние. Маж ми не е пријавен, работата му е претежно сезонска и во странство...и најчесто е подолг период отсутен од дома (со денови и недели). А сега го пријавував големиот прваче и кога видов дека за да го запишам детето со целодневен престој бараат М1 М2 од двајцата родители, ми се стемни. Сѐ е средено во државава, ни сива економија, ни работа на црно па за вакви услови да има.
Кај ги најдоа тие 4 денари. Ние треба 830 секој различно во групата гледам ќе плаќаат. Гледале според тоа колку време иделе. Туку како ќе биде сега за мај.
И во нашата секој плаќа различно. Од 521 ( ) до 1050. За мај и јас не знам како ќе биде. Вероватно вака, рандом
На списокот што ни го пратија на виб пишуваше за март ама на уплатницата да напишеме за Април. За март стандарт си плативме
За месец март е фиксна за сите деца 521. Мојата пример не одеше и пред да прогласат вонредна состојба, март нема одено ни еден ден. Сумата за сите е иста. За април уште немаме пресметка.
Ние почнавме на неполни 7 одма се навикна и спиење и јадење ама се траеше 2ипол недели се до коронава сега е 10м како ќе не биде и кога ќе почни незнам
Јас, ќерка ми тргна на 9 месеци, супер се адаптира брзо, ја обожава градинката,сега има 5 години,последна година завршуваме и многу ми е криво искрено,ние имаме прекрасни спомени од градинката, детево таму ми порасна. Најмалите реално најбрзо се адаптираат
Нас перд неклку дена ни стигна порака од градинка сами да се изјасниме дали ни треба веднаш детето да почне во градинка или кога ќе се укине задолжителното седење дома за еден родител. Исто имаше и информација дали е еден или двајца вработени родители. Од она што го пишуваа луѓето многу малку ќе ги пуштат веднаш децата во градинка дури иако се отворат. Сите ќе се снаоѓаат некако. И ние сме во таа група, двајца вработени ама ќе се снаоѓаме дур не видиме дали ќе иам пораст на случаи откако ќе се отворат градинки и како чувањето на децата таму ќе изгледа. Можеме да издржиме да не поцркаме од премор (со последни атоми на силите) па ете нека има простор за тие на кои што навистина им треба веднаш опција одење во градинка. Инаку за Април е 521 денар по дете.
Во кое школо ова? Лелееееее... ццццц Врски ли да барам за целодневна бре!? Ти кажаа мора двајца да се вработени или?