Инаку вчера прашував за упис на мали во градинка, им најавиле отварање од 1 јуни. Така што најверојатно сите мерки ќе ги симнат до тогаш.
Може сто пати е пишувано , но ке можеш на кратко да ми пишеше кои документи се потребни и до која вакцина да ја имаат примено... Јас уште мрп не сум ја дала со ситуацијава нели после годинка ја пишуваат во картонот и во август уште една мислам ревакцина е... ако не ти е тешко пиши ми
У приватна кога ќе тргне, ќе ви побараат картонче за МРП, потврда од доктор (ќе ви дадат они што треба да пополни) прашалник за детето како спие, како јаде, колку се дружи, алергии, специфики...
Ќе ти побараат кога ќе почне. Ама истото го бараат како државна, вакцинален картон, потврда за здраво дете, само откако ќе почне ти даваат време да се организираш. Во државна мора се да ти е спремно за еден месец пред да тргне. @Happyinlove ќе го побарам списокот со документи, го имав сликано лани, и ќе ти пратам.
Се додека еден родител може да седи дома со детето не а кога ќе ги вратат на работа морам бема кој да ја чува
Кога прашуваа од градинка се изјаснив дека немам потреба одма да го пуштам туку откако ќе се укине одредбата за еден родител дома.
Мојава е 2г, поголемото сега 5 наполни и двајцата се со мене дома. Кога ке почнат градинките, ке мора и они одма... бидејки сум вработена во градинка и ке мора одма да почнам и јас. Освен ако не успееме некоја комбинација, па да поседат уште малку дома.. Ама тешко зашто сите само 1ва смена ми работат..
Прв ден денес на втора среќа прилагодување. Пола саат во двор си играа и не сакаше да си иде дома. Кога стасавме дома плачеше да се вратиме назад и тропаше по влезна врата. Во градинка се влечеше по оградата да се вратиме. Исто како и првиот пат први пет дена сака потоа плаче за дома Среќа само три дена ќе иде во градинка од пон до среда и веројатно полесно ќе се прилагоди.
Само што ми стигна известување дека општината (Гази Баба) одлучила родителите да не плаќаат за градинка воопшто додека трае кризава. Тоа е олеснување, со оглед дека децата не одат воопшто во градинка. Се надевам истата одлука ќе ја донесат и останатите општини низ цела држава.